Среда, 04 Јануари 2023    Печати
САВО КОСТАДИНОВСКИ : АЦО КАРАМАНОВ

1Savo САВО КОСТАДИНОВСКИ : АЦО КАРАМАНОВ

Колку подлабоко тонам

во историјата на Македонија

толку поблиску сум

до срцето на татковината

и толку повеќе ја разбирам

љубовта на народот

која се римува

со неспокојното време на Ацо Караманов

небаре  и јас кога би бил со неговата душа

со огнен копнеж злокобно би пекал по слободата

Историјата нема непрочитани времиња

а и тие најмрачните

кои од поет до поет се прелевале

со мислите за слобода

и во злодоба на непоетско време

нивните стихови

воинствено плетеле револтни дела

безрезервно да раскажуваат за безумието

штом поетите со песните повечни се и од вековите.