|
||||
| Татунчо |
|
На Бана Не ме колни, не ме жали! Не ми нижи низа клетви! Камен тежок живот ми е а по тежок одзив пусти по народни думи свети! Ако куќа не направив со високи шимшир порти, куќа цел свет братски ми е братски срце што отвора, срце - порта наjвисока, срце - куќа наjширока. Ако жена не донесов ѓул - трендафил во одаjа верна, добра млада љуба – не ме колни, не ме жали: во борбата другарката сонце cjae, сонце трепти! Ако млади си години по друмишта, по патишта в младост горка распосеjав – погледни ми право в очи: ти ли беше што пееше "Аjдутин мајкa не рани... " И ако не умрам дома туку кaj што стии пиштат в борба искри кaj што л'штат – блазе, речи на душата има зошто душа да е! |












