Среда, 24 Јуни 2020    Печати
И ЈАС СУМ ИСТОРИЈА

1SavoСаво Костадиновски

И ЈАС СУМ ИСТОРИЈА

Историја е мојата комитска лоза

а јас нивни потомок „борец” со перо в рака,

така е штом гените спотнуваат гордост

да бидам горд како срцето што сака.

Перото ми е пушка огнобојка

штом зборот грми најсилен е екот,

секоја песна е моја војвотка смела

таа ја множи вистината на векот.

И јас сум историја на моите претци

илинденци, комити и АВНОЈ - ци славни,

тоа ми сведочи на мојот борбен дух

сѐ возможен да постојам со моите зборови јавно.

Но кога мислата ме разнесува ко 'рскот на бомба

и кога би крвавел од смелоста на стихот,

нема да престанам тоа што сум

во светлина пак ќе гледам, а не во мракот.

Соборец ќе бидам, ќе македонствувам

пред светот ќе ја кажувам вистината,

завети ќе оставам и на потомци идни

како и тие да ја негуваат македонштината.