Среда, 27 Февруари 2019    Печати
Многу барате од мене

lenceЛенче Клекачкоска

Многу  барате од мене

Барате од мене име да не спомнам                                                  

на родна земја моја на мајка моја

на моите браќа и сестри на моите песни.

Историја да не барам на мојот јазик да не

зборувам, се што е мое да бришам и со ново

име се да пишам

Ох!!! леле ми се стемна многу барате од мене

неможам од вас да дишам нема ништо никогаш

да бришам почнав да се гушам од ова ново име

и нова песна ова судбина моја вопшто не е лесна

полудувам ме фаќа бес од ова глупава вест

нема да плачам и ако ова болка е тешка како планина

Земај душман душа земај ама име мое  на татковината

 и јазик убав Македонски  тие се на  децата

Македонски иднината нема да ги делам за

вас од татковината таа ми е најмила најсакана

нема  само заради вас да биди расплакана

 Многу барате од мене

Господ да ве земе, ветар во океани да ве носи а

 Македонски песни од радост да ечат

кога вас ќе ве снема, Македонски Јазик  да грми

камбани силно да бијат Македонски херои нема

никогаш да спијат а јас мојава љубов  за земјата своја

нема да ја кријам и од јазик Македонски,

 Историја, црква никогаш нема да се делам.

Многу барате од мене...