|
||||
Денес |
Денес, над градот Крушево кај Мечкин камен на овој ден знамен крај овој споменик вечен песна ечи се тресе комитска гора од разиграни ора. Денес, разгорени искри ко жар светат над потоци бистри приказните за Илинден цветат. Илинден е, со пламнато срце пред споменикот стојам а таму од сјајот блеска ѕвездата твоја. Денес, развиорени знамиња раскрилува радост песна силно ечи во нашите срца нова младост земја се треси закрилена во сончев зрак. Илинден е, наш најсветол знак. Денес, со светнато чело чекориме гордо и смело по ѕвездени патеки Илиндену, ти ги створи трепка денот од шепот во срцата пламен гори Илиндену наш светлоносец низ куршуми светнат сјае за твоите витлени чуда секој човек знае. Денес, чекор по чекор стапка по стапка со илинденскиот од чекори гордо македонскиот род по ливади зелени по меѓи разделени по разгласени реки по езера бистри по полиња чисти република закована со крв од овој Илинден прв. Денес, вековна желба во срца се скрила да нема делби Македонија мила да биде цела на овој празничен ден народ борбени песни пее од гроб јунакот да стане слободно сонце да згрее над светите, Гоце, Даме, Карев и Јане. Денес е Илинден, таму на Мечкин камен високо се виори алово знаме, соколови крилја блескаат на светлоносниот ден ко сонце над татковината мила. Горнан Јовановски Брамтон, Канада |