Среда, 06 Декември 2017    Печати
ВО ИМЕТО НА МОЈАТА КОМИТСКА ЛОЗА

Саво Костадиноски

komiti

До каде сонцето светот го грее,
и мило се чувствува светлината,
се гордеам на мојата комитска лоза -
на чистата љубов кон татковината.

До каде го гледам личното цветје,
кое цути насекаде по природата,
се гордеам на мојата комитска лоза,
која храбро се борела за слободата.

До каде што децата ги слушам,
на свој начин, гласно распеани,
знам: без мирот и сонцето не е сонце,
со зраците од него огреани.

Се гордеам на мојата комитска лоза,
со жилав корен во татковината мила;
опстанала храбро низ времиња тешки -
живот одржала со непобедлива сила.