Среда, 18 Октомври 2017    Печати
Ехото од Татковината

Може да бидеш занемен,
да снемаш гласни струни,
а пак Татковината да ти ѕуни!

Може да бидеш оглувен,
но, тоа да не те збуни,
пак Татковината ќе ти ѕуни!

Можеш да бидеш заслепен,
од дождовите во јуни,
а пак Татковината да ти ѕуни!

Можеш да бидеш далечен,
како што е Месечината,
а пак да го слушаш повикот,
и ехото од Татковината!

SavoKostadinovski
Саво Костадиноски