Среда, 11 Октомври 2017    Печати
Македонија

Срце чувам земја една да се
љуби знај е вредна таа земја
љубов дава , љубов прима
име и е"Македонија" од бога
е благословена неа сонце вечно
да ја огрева а славеј песна да и дарува
Таа земја моја во срцето на балканот
вечно била знајте сите како мајка ми е
таква љубов не се крие .Јас сум многу
среќна што ја имам во неа се родив
таму пораснав таму ми е куќата
таму ми се корените и гнездото дедово
кој умре за Македонија на колено.
Па од мака јас решив од господа
совет да барам не сакам со никој
да се карам само сакам да знам
што да правам
Ох! боже мој кажи ми кое оро
да го играм дали тешкото
или куцаното?
која песна да ја запеам дали
"Горда Македонија" или
Жална Македонија?
Која вода да ја пијам? Дали: " Пелистерка"
или бистра изворска која мома
да ја насликам дали Биљана платно белеше или
Лихнида кајче веслаше
Кој јунак да го прославам дали
Питу. Даме, Гоце
или Ченто кој крал да го поштовам
дали цар Самоил или Филип
Ох! боже мој кажи ми
лагите и непријателите како да ги скратам
не сакам моите браќа и сестри да бидаат нивни робови
недај боже и од маки сами да си копаат гробови
сакaм мир сакам слобода сакам сите деца да
живеаат во рај и на оваа проклета борба
за секогаш да и дојде крај.

lence
Ленче Клекачкоска