|
Нема ли живот, нема ли љубов за живот голема љубов за живот човечна у виа гради аргатски?
Нема ли срце, нема ли срце – на срца срцето, срце – ширини широко срце – длбини длбоко – цел свет да збере, па да е за виа гради малечко?
Нема ли бел ден, нема ли ден да е над деновите, ден да е на аргатите – ден слнце вишен високо ден – море ширен широко, слнце да запре, да стои и времето зачудено:
срцето пука обрачи и плиска знаме алово, срцето што се отвора и шири ширно широко – целиот свет да загрне!
Бели мугри, Загреб, Самобор, 1939.
|