Време од судбата бега, таму горе на неботo каде зората зарудува, каде сила и верба изнудува.
Време бега од судбата, таму покрај гробиштата каде коските се грчат и чемерна болка вијат. Време од судбата бега, каде оган жари во душата, каде солзи исти се леат, каде маки исти се делат.
Mајка со ѕвезда и месечина, друга мајка со крст и кандило, стрела огнена ги пробила, чеда мајкини им одзела.
Бела пепел ги сториле. Една мајка единец жали, друга мајка солзи рони.... Стрела луто колнат!
И двете не знаат чија пепел жалат. Зарем важно ли е кога иста болка делат.
Виолета Сековска
|