Среда, 09 Април 2014    PDF Печати Е-пошта
Александар Христов

aleksandar-hristovАлександар Стоев Христов (14. II. 1929 – 20. Х. 2005) е македонски национален деец, публицист и поет. Како „неблагонадежен“, го праќаат на превоспитување во рудник за ураниум, од каде што успева да избега и нелегално преку Грција и Бразил оди во Франција. По завршувањето на Факултетот за новинарство и социологија во Париз во 1968 година, работи во Радиото ББЦ во Лондон. Со група Македонци во Сиднеј (Австралија) го основаат весникот „Народна волја“ (1. Х. 1980) и станува прв негов главен редактор. Објавува пет стихозбирки во Париз, Лондон и Софија (на француски и бугарски јазик) од кои провејува македонскиот дух.

Александар Стоев Христов е роден 14 февруари 1929 година во село Јаново, Благоевградско, Пиринскиот дел на Македонија. Со основно образование се стекнува во соседното село Перово, а потоа учи гимназија во Свети Врач (денес Сандански). По шестиот клас гимназија се запишал на Педагошкото училиште во Скопје (Народна Република Македонија). Резолуцијата на инфорбирото во јуни 1948 година и изолацијата на Југославија, го затекнува Александар во Бугарија, кој по затварањето на границата го продолжува своето образование во Благоевград.

Меѓутоа, властите во Бугарија не му дозволуваат да го продолжи своето образование. Како „неблагонадежен“, Александар го земаат војник („трудовак“) и го праќаат на работа во рудник за ураниум во селото Блатешница, крај Софија. Во рудникот работи заедно со други „неблагонадежни граѓани“ во крајно тешки услови по што се одлучува за бегство. Иако е свесен за опасностите и последиците на таквиот чин, во јуни 1951 година, Александар успева да избега од рудникот и нелегално се префрла во Грција. Оттаму неговиот пат води во Бразил, каде поминува неколку месеци, а потоа патува за Франција.

По низата непријатни доживувања за време на неговото патешествие и по доаѓањето во Франција, Александар Христов се запишува на Факултетот за новинарство и социологија во Париз, кој го завршува во 1965 година. Во текот на неговиот престој во Франција тој се дружи со бројните бегалци од Пиринскиот дел на Македонија, а таму ја запознава и сопругата Лидија Терек со која подоцна има две деца Мајкл и Хелен.

Во 1968 година Александар Христов се сели во Англија каде работи во Радиото ББЦ Лондон. Во програмата на бугарски јазик на Радиото ББЦ Лондон, тој ќе остане да работи дваесет години, но во него ќе го сочува македонски дух.

Александар Христов одржува врски со неговиот постар соселанец Крсто Енчев (1912 - 1999) од Јанево, кој исто така, во 1950 година емигрирал преку Грција во Австралија, каде се вклучил во активностите на македонската дијаспора. Во 1980 година, Александар го посетува Крсто Енчев во Сиднеј, со кого преземаат активности за основање на печатен медиум наменет за Македонците кои живеат во Пиринскиот дел на Македонија, но и во целиот свет. Александар Христов и Крсто Енчев, заедно со Ангеле Вретовски, Георги Чочков, Митре Мојсовски и други Македонци ги поставуваат основите на весникот „Народна волја“.

Александара Христов станува прв главен уредник на весникот „Народна волја“ кој за првпат излегува на 1 октомври 1980 година во Сиднеј, Австралија. По неговото враќање во Англија, се сели и седиштето на редакцијата, а весникот од март 1981 година излегува во Лондон. По падот на тоталитаризмот во Бугарија и со демократизацијата на бугарското општество, редакцијата на весникот се преселува во Благоевград и од април 1992 година целокупната грижа за весникот ја превзема неговиот брат Георги Христов (псевдоним Јан Пирински). Од своето појавување до денес весникот опфаќа теми од историјата и културата на Македонија и Македонците, но и се спротивставува на лагите и клеветите на бугарската пропаганда и нејзините мегаломански аспирации. Весникот станува трн во очите на бугарските шовинисти.

По излегувањето на првиот број на „Народна волја“ во април 1992 година во Благоевград, бугарските весници пишуваат дека весникот бил антидржавен, антибугарски, антинароден и му лепеа разни етикети кои не му одговараа. Бидејќи бугарските политичари и историчари немаат сила и докази за да се спротивстават на вистината која ја објавува весникот за посоењето на македонска нација, народ, култура и историја, тие се обидуваат да го згаснат весникот со закани. Тие вршат притисок врз Александар Христов и му праќаат опомена во која се вели: 'Нека Христов знае дека во Бугарија има брат Ѓорѓи, кој ќе има проблеми со весникот'.

Меѓутоа и покрај заканите браќата не потклекнуваат на заканите, а весникот продолжил да ги брани интересите на македонскиот народ. Александар до крајот на својот живот останува посветен на македонската кауза.

Во текот на животот Александар Христов покрај со новинарската професија се занимавал и со пишување на поезија. Објавува пет стихозбирки во Париз, Лондон и Софија (на француски и бугарски јазик) од кои провејува македонскиот дух.

Александар Христов почина на 20 октомври 2005 година во Лондон, Англија. Негова желба била да почива во родната земја. Таа му се исполнува на 20 декември 2005 година кога неговите посмртни остатоци биле погребани во неговото родно село Јаново, Пиринскиот дел на Македонија.
 

На прво место

News image

Македонија до 2020 ќе влезе во Православна Европа

Македонија до 2020 ќе влезе во Православна Европа

Историја

News image

Во есента на 1943 година се формира Иницијативен одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ

Воените и политичките успеси во 1943 година го забрзаа развитокот на органите на народната власт, та...

Иселеници

News image

НОВ ПАТ КОН АФИРМАЦИЈА НА МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА

“МОЈАТА ОМИЛЕНА ПРИКАЗНА” И ОД “БУКВА ДО БУКВА АЗБУКА” Н...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (20)

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (20) МОЛИТВЕНИ ТЕКСТОВИ – МОЛИТВА КОН СВЕТА...

Фељтон

News image

Александар Македонски (61)

Александар Македонски (61) КОВАНИТЕ ПАРИ НА АЛЕКСАНДАР ВО АНТИЧКАТА МАКЕДОНСКА ИМПЕ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.