Среда, 01 Мај 2013    PDF Печати Е-пошта
Крум Томовски

krum-tomovskiКрум Томовски (1924 - 2010) е македонски архитект, конзерватор, професор и академик. Тој е еден од првата повоена генерација дипломирани македонски архитекти кој работи не само на создавање на нови кадри, туку и на дефинирање на основните вредности на македонската архитектонска историграфија. Истражувајќи го континуитетот на традиционалната архитектура во Македонија, тој во своите трудови ги открива и афирмира вредностите на народното градителство, специфични за македонскиот национален идентитет.

Крум Томовски е роден на 21 декември 1924 година во Скопје. Основно и гимназиско образование стекнува во родниот град, а потоа се запишал на Архитектонскиот факултет при Техничката висока школа во Белград. По дипломирањето во 1952 година, Томовски бил избран за асистент на Техничкиот факултет во Скопје. Во 1958 година е избран за доцент по предметот развој на архитектурата, а од 1963 до 1965 година Крум Томовски бил основач и прв директор на Заводот за заштита на спомениците на културата во Скопје.

Во меѓувреме, Томовски се вклучил во обновата на средновековните градби. Од 1953 година работел на конзервација и реставрација на црквата Св. Софиј, Св. Богородица Заумска, како и на други сакрални објекти во Охрид. Во овој период соработува со својот белградски професор  Ѓорѓе Бошковиќ и во 1961 година по повод тогашниот Византиски конгрес ќе објават заеднички труд под наслов „Средновековната архитектура на Охрид“.

Во 1965 година Крум Томовски бил избран за вонреден професор, а од 1970 година го раководи Архитектонскиот оддел. Наредната 1971 година тој бил избран за редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје. Во 1977 и 1978 година Томовски бил декан на Архитектонскиот факултетот, а од 1978 до 1982 година бил проректор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Од 1986 до 1991 година Томовски бил претседател на Собранието на Републичката заедница за култура, а бил и претседател на Архитектонската академија на Македонија од нејзиното основање во 1997, па се` до 2000 година.

Напоредно со формирањето на стручни кадри преку работата на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет, а подоцна и Архитектонски факултет, Томовски се впуштил во дефинирање на основните вредности на архитектонската историографија. Со своите трудови тој е еден од основоположниците на интересот за архитектонските традиции, како и за афирмација на вредностите на народното градителство.

Неговата научно-истражувачката работа била забележана, па на 26 декември 1974 година Томовски бил избран за дописен член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), а за редовен член бил избран на 14 мај 1979 година. Томовски бил секретар на Академијата и тоа во периодите од 1984- 1987, 1988 – 1991 и 2004 – 2007 година, а бил избран и за член на Претседателството на академијата од 2000 до 2003 година. Тој раководел со повеќе проекти на МАНУ, давајќи свој придонес кон градење на архитектонскиот континуитет во Македонија.

Работејќи на конзерваторско-реставраторската проблематика, во текот на својата богата професионална кариера, Томовски реализирал бројни проекти и ги надградувал своите научно-истражувачки искуства. Пристапувајќи студиозно кон истражувањата на архитектонските споменици од разните историски или стилски периоди, Томовски ја истакнува традиционалната архитектура во Македонија и афирмативно ги претставува пред домашната и странската научна и стручна јавност.

Томовски се посветил на истражување на архитектурата од разните историски периоди, вклучувајќи ги тука античкиот период, средновековната и исламската, како и народната архитектура во Македонија. Така тој работел и на обновата на „Куршумли – ан“, на Лесновскиот манастир, на Кратовските кули, на зачувување на безистените во Штип и Битола, прв започнал да го заштитува Чифте-амам во Скопје, а бил и автор на проекти за обнова на Северната базилика и на термите во Стоби.

Томовски ги проучувал македонските мајстори градители и нивниот придонес во развојот на архитектурата во текот на XIX и XX век. Ја истражувал и архитектурата на другите балкански народи, задржувајќи се притоа на градбите на македонските мајстори. Тој прв го истражил делото на Андреј Дамјанов и тоа е еден од позначајните објавени трудови во 1966 година. Во овој труд се дадени вредностите и спецификите на македонското преродбенско градителство од XIX век и оваа труд, како и други негови студии, претставува појдовна точка за истражување на македонскиот национален идентитет.

Огромен е опусот на студии и статии на Крум Томовски (повеќе од 200 единици). Од големиот број трудови објавени во земјата и странство како позначајни се издвојуваат: „Средновековна архитектура во Охрид“ (1961), „Мајстор Андреја Дамјанов 1813 – 1878“ (1966), „Велешките мајстори и зографи од 19 и почетокот на 20 век“, „Протомајсторот Ѓорѓи Новаков Џонгар - животот и делото“. Потоа, тука се и трудовите: „Руско-македонските врски во областа на етнографијата во 19 и 20 век“, „Македонските мајстори градители во 19 век“, „Христијанската сакрална архитектура во Македонија во 19 век“, како и други.

Томовски учествувал во редакции на повеќе публикации, а бил член и одговорен уредник на Годишниот зборник на Техничкиот, односно подоцна на Архитектонско-градежниот факултет, потоа член на редакцијата на публикациите на Заводот за студии и проектирање, на списанието „Културно наследство“, како и на др. Притоа Томовски имал огромно влијание кон своите студенти и соработници на кои им ја всадил љубовта кон историјата на архитектурата, како и кон заштитата и ревитализацијата на архитектонското наследство.

Во последните деценија од својот живот, како експерт работел на реконструкција на црквата Рождество на Св. Богородица во Скопје, потоа на возобновување на Светиклиментовата црква и Светиклиментовиот универзитет на Плаошник, во обновата на куќата „Уранија“ во Охрид, а бил член на комисии и одбори за подигање на споменици и нови културни објекти кои се дел од Скопје 2014. Сепак не дочекал да ја види нивната реализацијата на голем дел од овие проекти. Починал во Скопје на 8 јули 2010 година.

За својата работа Крум Томовски е одликуван со Орден на трудот со златен венец и добитник е на наградата „11 Октомври“, „Климент Охридски“, а во 1989 година прв ја добива наградата „Андреј Дамјанов“.

 

На прво место

News image

Никаде во Европа, ниту во светот е забележано полициски сили да опседнуваат седиште на опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Политичкиот прогон врз Груевски се користи и за хајка и притисок против ВМРО-ДПМНЕ...

Историја

News image

Германски историчар објаснува како е фалсификувана грчката историја

Германскиот историчар вели дека историјата е сосема поразлична од онаа што сме ја учеле во училиште,...

Иселеници

News image

Нашинец во Америка ја бојосал фасадата од куќата во боите на македонското знаме

Нашинец во Америка ја бојосал фасадата од куќата во ...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (16)

Со вие  зборови   за   гревот  човечки,   на   арх...

Фељтон

News image

Александар Македонски (57)

Околу мај неговите дипломатски претставници се вратија од оазата во Сивах и извест...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.