Среда, 06 Јуни 2012    PDF Печати Е-пошта
Тодор Чопов

todor-donev-copovТодор Донев Чопов (1892 - 1923) е Mакедонски револуционер, анархист, просветен, театарски и литературен деец. Семејно задоен со патриотски и револуционерен дух (внук од сестра на Гоце Делчев), уште како гимназијалец се вклучува во тајните социјалистички и толстоистички кружоци. Со крајно леви и анархистички убедувања учествува во Mакедонското ослободително движење.

Тодор Чопов е роден во февруари, 1892 година во Кукуш. Тој е син на фурнаџијата Доне и мајката Руша, сестра на Гоце Делчев. Со неговите тројца браќа и три сестри:  Владимир (Мирчо), Туше, Ристо, Велика (Лика), Ленка и Магда, Тодор расте во револуционо семејство, целосно посветено на Македонската револуционерна борба.

По завршувањето на третиот прогимназиален клас во Кукуш, образованието го продолжува во Солунската машка гимназија. Задоен со патриотски и револуционерен дух, внукот на Гоце уште како гимназијалец се вклучува и станува еден од водачите на Тајниот Македонски Кружок.

Во летото 1908 година, Тодор го поминува распустот во своето родно место. По завршувањето на Младотурската револуција во која учествува и МРО, постариот брат Владимир се враќа од четата и му раскажува на младиот Тодор за животот и жртвите на Македонските револуционери дадени во борбата за ослободување на Македонскиот народ. Восхитен од тоа што го слуша, помалиот брат се заколнува дека ќе ги следи делата на славниот вујко и другите Македонски дејци и дека ќе се бори за ослободување на Македонија.

Во септември истата година, како ученик во петтиот клас, Тодор Чопов учествува во бунтот против егзархиската управа на Солунската машка гимнзаија. Тој е еден од организаторите на учениците кои јавно манифестираат низ градот, а кога вооружаниот стражар се обидел да го спречи влегувањето на учениците во интернатот, внукот на Гоце покажува храброст и му го одзема пиштолот. По бунтот, како еден од водачите, заедно со неколку соученици бил исклучен од Солунската машка гимназија.

По препорака на Јане Сандански, Тодор бил назначен за учител во пиринското село Оштава. Таму ги учел децата и возрасните да читаат и пишуваат, како и за историјата на Македонското револуционерно дело. Тој им читал книги и весници во кои се опишувале ликовите на познатите револуционери и истакнати Македонски дејци како Делчев, Груев, Сандански и др.

По контрареволуционерниот преврат во Цариград во 1909 година, Тодор Чопов се обидува да се приклучи на Македонските доброволци кои ги поддржуваат Младотурците. Меѓутоа, тргнал пеш и успеал да стигне само до Серес.

По започнување на Првата балканска војна во октомври 1912 година, верувајќи дека конечно дојде времето за ослободување на Македонија, насекаде во земјата се формираат доброволни одреди. Доброволен одред се формира и во Кукуш, а во него влегуваат преостанатите членови од Делчевото семејство. Прв се пријавил братот на Гоце, Христо Николов Делчев, па Тодор со брат му Туше и мајка им Руша. Сите заминуваат на фронтот каде се наоѓа и постариот брат Владимир (Мирчо) Чопов и активно учествуваат во Првата балканска војна. Но, наместо да се борат во Македонија, биваат испратени на Одринскиот фронт.

На почетокот на Втората балканска војна, Тодор Чопов одново се пријавува како доброволец во одредот на Васил Чакаларов кој се бори на страната на бугарската армија. Како и другите Македонски револуционери, повторно верувајќи дека се борат за конечно ослободување и обединување на Македонија, Тодор учествува во битките кои одредот ги води против српската и грчката армија. Во војната, градот Кукуш бил целосно изгорен, а неговото семејство кое по пожарот останува без основни средства за егзистенција пребегнува во Софија каде се соочува со беда и сиромаштија.

По Втората балканска војна, Тодор Чопов оди во Софија и се соочува со тешките премрежја кои ги поминува неговото семејство. Со помош на бугарскиот поет и Македонски револуционер Пеју Јаворов, близок пријател на семејството Делчеви, Тодор се вработува со Централната пошта во Софија. Подоцна настаните ќе ги опише во расказите „Бегалци“ и „Војна“.

По започнувањето на Првата светска војна, семејството на Доне и Руша Чопови се преселува во Горна Џумаја (Благоевград), во март 1915 година. Таму Тодор работи како телеграфист и тутунар, а заради школување во Софија останува само неговата сестра Лика и неговиот брат Владимир (Мирче) кој бил бугарски војник. Подоцна браќата Туше и Мирче биле испратени на фронтот, каде што Мирче загинува.

Во периодот од 1916 – 1917 година, Тодор формира театарска група и бил главен иницијатор за обновување на некогашното читалиште „Согласие“. Со дозвола од надлежното министерство, под раководство на Тодор, младите Македонски ентузијасти ја адаптирале полуразрушената џамија во центарот на градот во дом на културата со читалиште, а тој бил избран за претседател. Во рамките на читалиштето била формирана библиотека, а тој за потребите на групата забрзано пишувал раскази и драмски текстови за Војната и настаните. Тодор истовремено бил претседател, актер и режисер.

Набрзо станува омилен во сите средини во градот. Се зближува со Ромите, го учи нивниот јазик и работи на нивно едуцирање како основа за надминување на нивната маргинализација. За таа цел подготвувал ромска граматика со азбука што сам ја составил.

По завршувањето на Првата светска војна, Тодор Чопов се приклучува на Привременото преставништво на поранешната ВМРО и станува член на Управата за Горна Џумаја, кои во 1919 година објавуваат „Повик до Македонците“. Младиот интелектуалец се залага за спроведување на идеите и акциите за создавање „Автономна Македонија како обединителна алка на идната Балканска федереција“.

По расцепот меѓу раководителите на Привременото претставништво, доаѓа до распаѓање на широкото движење на Македонците во Бугарија. Во немирните години на внатрешни пресметки кои следуваат, Тодор Чопов преживува неколку атентати. Во 1922 година, тој се приклучува на групата кој ја предводи серскиот окружен војвода Алексо Василев. Во учебната 1922/23 година, станува договорен учител во Дреново, што му овозможува, покрај револуционерната да има и време за литературна творечка дејност.

По решението за востание под раководство на БКП, во Горна Џумаја се формира Револуционерен комитет и Чопов станува командир на одделение во востаничкиот одред. Веднаш по започнување на востанието на 23 септември, 1923 година, горноџумајскиот одред предводен од Коста Сандев и Тодор Чопов се упатуваат кон Дупница. Одредот бил запрен од заседа пред Дупница, а по веста дека востанието во градот било угушено дел од одредот се враќа кон Горна Џумаја. Сите тие ќе доживеат трагична судбина. Како делегиран преговарач со околискиот војвода Коларов, на 27 септември, 1923 година, тој е уапсен и стрелан со други левичарски активисти во полите на Рила Планина. Остава скромно, но значајно објавено и необјавено литературно наследство: 15 раскази, две повести, драма, песна во проза и стихови.
 

На прво место

Историја

News image

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПС...

Култура и туризам

News image

ВРЕМЕ Е

Чедомир Б.Шопкиќ

Фељтон

News image

Александар Македонски (62)

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.