Среда, 11 Јануари 2012    PDF Печати Е-пошта
Никола Јонков Вапцаров

VapcarovНикола Јонков Вапцаров (Банско, Пиринскиот дел на Македонија, 24. XI 1909 – Софија, 23. VII 1942) – е македонски поет и револуционер. Релативно млад започнува да се пројавува како литерат. Во 1938 година, заедно со Антон Попов и Михаил Сматракалев (Ангел Жаров) во Софија го основаат Македонскиот литературен кружок. Пишувал главно поезија, на бугарски јазик. Се вклучил во антифашистичкиот отпор и како учесник во илегална организација за диверзии против профашистичкиот режим на царот Борис III, во 1942 година е затворен, осуден на смрт и стрелан во Софија. Автор e на две поетски збирки: „Моторни песни“ (Софија, 1940) и посмртно објавената „Антологија“ (Софија, 1946). По Втората светска војна, Вапцаров  како дводомен автор, бугарски и македонски, чии стихови и други творби, покрај високите уметнички дострели, имаат посебно значење за Македонија, доживува литературна слава. По нарушувањето на односите за време на Инфорбирото, Бугарија започнува вистинска хајка против т.н. „македонско присвојување“ на Вапцаровото книжевно дело, која кулминира во 1979 година со бојкот на Струшките вечери на поезијата. Односот кон делото на Вапцаров се менува по 2000 година, а тоа одново станува сврзник меѓу две блиски литератури.

Никола Јонков Вапцаров е роден на 24 ноември 1909 година во Банско, Пиринскиот дел на Македонија, во протестантско семејство кое било посветено на македонското ослободително движење. За време на турското владеење, неговите родители активно се вклучуваат во борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава. Таткото Јонко бил комита, а мајката Елена (род. Везјова) учителка која се школувала во американскиот колеџ во Самоков. Израснат во патриотско семејство, кај Никола се развива љубовта кон татковината, македонскиот народ и книгата.

Никола се стекнал со основно образование и шести клас гимназија во родното место и Разлог, а потоа се запишал на Воено-морнаричкото училиште во Варна. Во бугарскиот пристаништен град, тој за првпат се сретнал со комунистичкото движење и станал член на марксистичко –ленинистички кружок. Во Варна го публикувал и своето прво поетско дело, стихотворбата  „Кон светлите идеали“. По завршувањето на Военото-морнаричко училиште во 1932 година, Никола како машински техничар плови со брод за Северна Африка.

Меѓутоа, поморската кариера која е поврзана со долги отсуствувања од копното и партиските другари не го привлекува и тој се вработува како машинист во фабрика за хартија и мукава во селото Кочериново. Таму ја сретнал својата идна сопруга Бојка Димитрова, дете на доселени Македонци од Егејскиот дел на Македонија и пред женидбата преминал во православие.

Продолжувајќи со своите партиски активности, Никола ја пропагирал идејата за класен преврат, со што го привлекува вниманието на бугарските власти. Во 1933 година, поради неговата политичка дејност, повеќе пати бил тепан, притворен и распрашуван. Набргу потоа, на враќање од Горна Џумаја за Кочериново бил извршен неуспешен обид за негова ликвидација. Валканата работа, власта му ја наложила на Ванчо Михајлов и неговите соработници, па Никола со писмо му се обратил, прашувајќи го зошто сакаат да го убијат. Подоцна овие случувања ќе го инспирираат да ја напише стихотворбата „Песна“.

Во 1935 година, економската криза ја затвори фабриката во која работел Никола. Успеал со работниците да издејствува фабриката да продолжи со работа, но тој бил непожелен. Во периодот 1936 -1937 година неговото семејство поминува низ тешки искушенија. Никола бил без работа, болен, детето му починало, а семејството го зафаќа тешка немаштија. Но, и покрај сите тешкотии, Никола не се предава. Заедно со другарите кои го помагаат и поддржуваат, Никола се бори да ја надмине кризата.

По долго време, Никола добил работа како машинист во мелница во Софија. Работел во тешки услови, по 12 часови дневно. Сепак, и покрај уморот, тој не се откажал од пишувањето, а неговите стихови биле објавувани во тогашните прогресивни весници. Иритирани од неговата дејност, бугарските власта му вршеле опструкции, а Никола неможел да најде постојана работа. Меѓутоа, другарите му помагаат да се вработи во општинските служби (кланица).

Во овој период и неговата жена Бојка наоѓа работа, така да семејството има достатно средства да се издржува. Иако работата во кланица била тешка, Никола таму работи помалку часови. Тоа ќе му овозможи повеќе време за да се посвети на пишувањето.

Во текот на 1938 година, заедно со Антон Попов и Михаил Сматракалев (Ангел Жаров), во Софија го основаат Македонскиот литературен кружок, во чиј состав како членови се вклучуваат литерати од левата ориентација, од сите три дела на распарчена Македонија. Јадрото на програмски обновениот Македонски литературен кружок го сочинуваат Никола Вапцаров, Антон Попов, Михаил  Сматракалев (Ангел Жаров), Кирил Николов, Асен Шурдов, Ѓорѓи Абаџиев, Димитар Митрев и др. Подоцна се вклучуваат Венко Марковски, Коле Неделковски и новинарот Митко Зафировски. Македонскиот литературен кружок кој програмски се обновува во октомври 1938 гидина, претставува еден од најзначајните настани кои придонесоа во развојот на македонската национална свест.

Во кружокот особено биле значајни рефератите на Никола Вапцаров и Антон Попов. Михаил Сматракалев (Ангел Жаров), член на ВМРО (Об) и познат македонски општественик и поет меѓу двете светски војни во Бугарија, осврнувајќи се на рефератот на Вапцарев кој бил подготвен за обновување на кружокот (октомври 1938), ќе забележи: „Од корен се разликуваше од дотогаш слушнатите од нас реферати на тајните собири, конференции и заседанија... Тоа не беше обичен реферат, ами една искрена исповед, една другарска покана за исполнување на светиот долг кон нашиот народ...“ Цитирајќи го Вапцаров, Ангел Жаров ќе ги забележи насоките кон кои треба да се насочи кружокот, а во кој се вели: „Треба да се собереме, да се организираме, да ги дадеме своите сили за слобoдата на нашиот измачен македонски народ. Нашата македонска историја е полна со ликови, славни подвизи, големи револуционерни, настани, легендарни борци; нашата народна песна е чудно мелодична и возбудлива. Но сето тоа уште не го нашло својот одраз во литературата..“  Подоцна, Никола Вапцаров ја напишал стихотворбата „Доклад" (т.е. реферат) во која овие основни идеи беа изразени во прекрасна уметничка форма.

Никола Вапцаров бил еден од оснивачите на списанието „Литературен критик“, кое трпело голем број на цензури и набрзо било забрането.  Пишувал главно поезија, на бугарски јазик, и станува познат како автор на две поетски збирки: „Моторни песни“ која е објавена во Софија, во 1940 година, и „Антологија“, објавена посмртно во Софија, во 1946 година. Автор е на драмата „Деветтиот бран“, на книга со песни за деца и на серија критички записи и прозно-публицистички текстови.

Никола Вапцаров активно се вклучува во антифашистичкиот отпар. Во 1940 година, поради активности во Пиринскиот крај бил уапсен и интерниран во Годеч. По враќањето во септември 1941 година, зел учество во саботажи против германските војски, набавувал документи и ги криел илегалците. Набргу, бил фатен од бугарските власти и како учесник во илегална организација за диверзии против профашистичкиот режим на царот Борис III е затворен и осуден на смрт. На 23 јули 1942 година, Никола Вапцаров е стрелан во Софија, заедно со петмина свои другари, меѓу кои и македонскиот писател Антон Попов.

Посмртно доживува вистинска литературна слава, извишувајќи се како големо име на новата бугарска литература. Веднаш по Втората светска војна славата му се простира и во Македонија. Како дводомен автор (бугарски и македонски), чии стихови  и други творби за Македонија претставуваат висок уметнички дострел. Никола Вапцаров станува легенда на младата македонска книжевност.

Меѓутоа, по заострувањето на односите меѓу двете земји, по Резолуцијата на Инфорбирото во 1948 година, во Бугарија започнува вистинска хајка против таканареченото „македонско присвојување“ на Вапцаровото книжевно дело. Ваквата пресија кулминирала во 1979 година со бојкот на Струшките вечери на поезијата, кога на бојкотот на бугарските писатели солидарно се приклучуваат неколку источноевропски земји од Варшавскиот пакт. Бугарите дури се обидуваат да ги фалсификуваат историските докази, но односот кон делото на Вапцаров се менува по 2000 година, кога тој одново станува мост меѓу две блиски литератури.
 

На прво место

News image

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните избори

  Муцунски: Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните...

Историја

News image

Гоце Делчев неприкосновен лидер на македонската револуционерна борба

Општонародниот водач на македонската ослободителна борба Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 годи...

Иселеници

News image

НАЈГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА АНСАМБЛОТ „Томов“ И ЗА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Велигденски пост

Првичната цел на предвелигденскиот пост била насочена кон огласените, кои се припремале да бидат крс...

Фељтон

News image

АКТИВНОСТИ НА ФОНДАЦИЈАТА ПО СМРТТА НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ II) (25)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.