Среда, 12 Октомври 2011    PDF Печати Е-пошта
Емануел (Мане) Чучков

emanuel-cuckovЕмануел (Емануил, Мане) Чучков (Ново Село, Штипско, 14/27. XI 1901 – Скопје, 1. IX.1967) – македонски политичар и државник, универзитетски професор, општествено-политички и културно-национален деец. Основното образование го завршува во Штип, гимназија во Штип и Скопје, а дипломирал во 1925 на Филозовскиот факултет во Белград, групата за етнографија, антропогеографија, физичка географија, историја и словенска филологија. Членувал во младинските структури на ВМРО. На Првото заседание на АСНОМ е избран за негов потпретседател.

Мане Чучков е роден на 14/ 27 ноември 1901 година во Ново Село, Штипско, во револуционерно семејство. Основното училиште го завршува во родното место, а со гимназиско образование се стекнува во Штип и Скопје. Воспитан во духот на семејните традиции, уште како ученик, во 1919 година се вклучува  во „социјалистички кружок“.  Активно учествува во агитирањето за време на  изборите во 1921 година по што за првпат бил приведен од полицијата.

Во 1923 година, Мане Чучков е еден од учесниците во основањето на огранокот на Македонската младинска тајна револуционерна организација (ММТРО) во Скопје. ММТРО како организација во која членуваат студенти и напредната македонска младина (младински структури на ВМРО), преставува континуитет на заложбите на пред и пост илинденските организации кои се залагаа за создавање на самостојна и национална македонска држава. Во 1924 година на митинг во Штип, Мане Чучков бил уапсен и затворен. Повторно е затворен во 1927 година по откривањето на аферата на ММТРО, во која биле затворени повеќе од 40 членови. Но поради немање докази  на т.н. Скопскиот студентски процес, Чучков бил ослободен.

Првото службување како стажант му било во Охрид, каде повторно бил затворен. По ослободување, стажирањето го продлжува во Свилајнац (Србија).  Во 1929 година го положува професорскиот испит во Белград, по што службува се до 1941 година како гимназиски професор во Србија и Босна: Свилајнац, Чачак, Биелина, Смедеревска Паланка и Ќуприја. Во меѓувреме, една учебна година 1935/36, работи во родниот град, а  во 1941 година во Великата медреса во Скопје.

По бугарската окупација, како внук на војводата Чучков, Мане Чучков е поставен за директор на гимназијата во Прилеп, а потоа во Скопје и Штип. Но тој како Македонец не мирува и уште 1943 година станува член на групата интелектуалци кои го сочинуваат Акциониот народноослободителен комитет (АНОК). Разочарани од ставот во врска со целосното решавање на македонското прашање, членовите на АНОК меѓу кои и Чучков, на 9 декември 1943 година доставуваат приговор на Манифестот на ГШ на НОВ и ПОЈ и бараат да се води борба за обединета Македонија, а не за границите на Кралството Југославија.

Набрзо потоа, Мане Чучков заминува во партизани. Кон крајот на април 1944 година Мане е испратен со повеќе воени, политички и други истакнати активисти на слободната територија во Кумановско, каде влегува во проширениот Иницијативен одбор за свикување на АСНОМ. На првата седница одржана на 30 април 1944 година во село Стајовце, Кумановско, Мане Чучков е избран за потпретседател на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ.

На седницата во Стојовце, Кумановско, донесено е решение Методи Антонов – Ченто како претседател на Иницијативен одбор за свикување на АСНОМ да оди при АВНОЈ и Врховниот Штаб на новата Федеративна Југославија, за да во непосреден и близок контакт со одговорните тела на Федерацијата ги изнесе и застапува ставовите на Македонија. Решението е дополнето на седницата на Иницијативниот одбор од 6 мај 1944 година, така да покрај Матодија Андонов – Ченто, во делегацијата влегоа Кирил Петрушев и Емануил (Мане) Чучков.

Во мај 1944 година, Матодија Андонов – Ченто, Кирил Петрушев и Мане Чучков заминаа за Вис на средба со Народниот комитет за ослободување на Југославија на чело со Јосип Броз Тито. На состанокот со Националниот комитет, која се одржа на 24 јуни 1944 година, на кој покрај Тито присуствуваа Ранковиќ, Ѓилас, Кардељ и други, македонската делегација го информира Комитетот за решенијата на Иницијативниот одбор и го отвори македонското прашање. Пренесувајќи го поздравите на македонскиот народ, на состанокот покрај тоа што зборува за развојот на народно-ослободителната војна во Македонија која треба да се круниса со одржување на Првото заседание на АСНОМ, Мане Чучков ги изнесува и идеалите на македонскиот народ и неговото верување дека во заедничката борба, ќе ги оствари своите национални права, односно ќе се обедини.

Во 2 август 1944 година, Мане Чучков учествува на Првото заседание на АСНОМ, го чита рефератот „Народно-демократската власт во Македонија“ и е избран за потпретседател на Президиумот на АСНОМ. Како преставник на Македонија, во месец октомври 1944 година оди во Белград како „повереник за земјоделие“ во Народниот комитет за ослободување на Југославија (НКОЈ), а по формиеањето на Владата на Југославија на 7 март 1945 година Мане Чучков станува „Министер за Македонија“.

Мане Чучков ги споделува истите ставови со М.А.Ченто по однос на суверенитетот на Македонија и македонското национално прашање. Ваквите ставови тој како Министер за Македонија ги застапува на седницата на Владата на Југославија и ги пласира во југословенскиот печат. Поради неговите погледи во однос на прашањето за субјективитетот и поголемиот суверенитет на Македонија во Федерацијата, како и за обединувањето и на другите делови на Македонија, кои од тогашниот режим се оценети како националистички, сепаратистички и анти-југословенски, тој е сменет од функција и вратен во Македонија.

По враќањето во Македонија, заедно со група интелектуалци, ЦК на КПМ го обвинува Чучков за дејствување „спротивно на партиската линија“. Иако политички е деградиран, тој ја избегнува судбината на М.А.Ченто. Назначен е за директор на Народната библиотека и избран за пратеник во Народното собрание на Македонија од 1946 до 1950 година. Во 1947 година како музиколог етнолог поставен е за директор на Заводот за домашни уметнички ракотворби „Македонски фолклор“, а од 1948 година станува соработник на новооснованиот Институт за национална историја.  Во 1949 година станува директор на Државниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“.

Мане Чучков во педесетите години на XX век повторно се враќа на својата професија и извесно време е потпретседател на Комитетот за високи школи. Потоа во 1954 година станува хонорарен доцент, а во 1957 година и редовен наставник по Економска географија на Економскиот факултет во Скопје. Во март 1958 година ја одбранува порано започнатата докторска дисертација „Овче Поле. Географско-стопанска студија“. Автор е на повеќе универзитетски и средношколски учебници и прирачници и истражувања од областа на историјата, географијата, економијата, фолклористиката, етнографијата и просветата во Македонија.

Својот животен пат Мане Чучков го завршил како професор на Економскиот факултет во Скопје. Умира на 1 септември 1967 година во Скопје..

 

На прво место

News image

Никаде во Европа, ниту во светот е забележано полициски сили да опседнуваат седиште на опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Политичкиот прогон врз Груевски се користи и за хајка и притисок против ВМРО-ДПМНЕ...

Историја

News image

Германски историчар објаснува како е фалсификувана грчката историја

Германскиот историчар вели дека историјата е сосема поразлична од онаа што сме ја учеле во училиште,...

Иселеници

News image

Нашинец во Америка ја бојосал фасадата од куќата во боите на македонското знаме

Нашинец во Америка ја бојосал фасадата од куќата во ...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (16)

Со вие  зборови   за   гревот  човечки,   на   арх...

Фељтон

News image

Александар Македонски (57)

Околу мај неговите дипломатски претставници се вратија од оазата во Сивах и извест...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.