Среда, 05 Октомври 2011    PDF Печати Е-пошта
Мирче Ацев

Mirche_AcevМирче Донев Ацев (псeвд. Стojчe) (с. Oрeoвeц, Прилeпскo, 20. X 1915 – Скoпje, 4. I 1943) –македонски национален деец и народен херој на Македонија. Учeствува вo макeдoнското нaциoнaлнooслoбoдитeлнo и студентскотo движењe. Бил aктивен члeн нa Студeнтскoтo друштвo „Вaрдaр“. Вo 1938 година станува члeн нa KП и е aктивен вo oргaнизирaњето пaртиски oргaнизaции вo Oхрид и Стругa. Прoгoнувaн oд пoлициjaтa во 1940 година, прeминaл вo илeгaла и ja рaкoвoди пaртискaтa пeчaтницa нa ПK нa KП вo Maкeдoниja. Пo фaшистичкaтa oкупaциja бил eдeн oд истакнaтите oргaнизaтoри и рaкoвoдитeли нa НOБ, члeн и сeкрeтaр нa ПK нa KПJ. Рaбoтeл нa oргaнизирaњe нa пaртизaнскитe oдрeди и сtaнaл члeн нa Глaвниot штaб нa НOВ и ПOM. Нa 19. XII 1942 година бил уaпсeн oд бугaрската пoлициja. Пo жeстoкo мaчeњe бил убиeн. Во негова чест Првиoт пaртизaнски бaтaљoн нa НOВ нa Maкeдoниja го носи неговото име, а нa 16. VIII 1944 година е прогласен за нaрoдeн хeрoj.

Мирчев Ацев е роден на 20 октомври 1915 година во село Ореовец, Прилепско, во земјоделско но и истакнато македонско револуционерно семејство. Името го добива по неговиот познат стрико Мирче Ацев, прилепски војвода на ТМОРО и брат на македонските војводи Петар и Ѓорги Ацеви, сите борци за самостојна и национална држава на македонскиот народ уште од времето на владеењето на Османлиите со Македонија.

Основното образование Мирче Ацев го стекнува во родното место. По завршувањето на четвртиот клас, заминува да учи во Прилеп. Но, по укинувањето на полната гимназија од страна на тогашниот режим на Петар Живковиќ, своето образование го продолжува во Битола. Во учебната 1933/34 година се запишува во петти клас во битолската гимназија, каде се истакнува со својата одговорност и упорност. Четори години потоа, матурира во летото 1937 г

Мошне рано го носи бремето на своите родители, кои заради револуционерното минато во нивното семејство честопати беа изложени на бруталноста на големосрпскиот режим. Запознат со семејните револуционерни традиции, како и за страдањата и стремежите на сопствениот народ, Мирче Ацев тргнува по стапките на своите претходници и уште во Прилеп се запознава со прогресивната литература и станува огорчен противник на тогашниот режим.

Свесен дека само преку образованието може успешно да се спротивстави на тогашното безаконие и да му помогне на сопствениот народ, Мирче Ацев есента 1937 година се запишува на Правниот факултет во Белград. Набргу се вклучува во Организацијата на напредните студенти. Преку организацијата раководена од кумунистичката партија, напредните студенти ги зедоа во свои раце разните стручни здруженија, одбори и студенската менза.

Мирче Ацев учeствува вo макeдoнското нaциoнaлнooслoбoдитeлнo комунистичко и студентскотo движењe. Станува активен члeн е нa Студeнтскoтo друштвo на напредните Македонци во Белград, „Вaрдaр“, каде се спријателува со Кузман Јосифовски – Питу и Страшо Пинџур.  Во 1938 година, Ацев е примен во КП и задолжен за организирање пaртиски oргaнизaции вo Oхрид и Стругa, како и студентската колонија во Охрид. Во летото 1939 година во градот ги формира првата партиска организација и првиот местен комитет.

Во почетокот на 1940 година, по налог на партијата Мирче Ацев е испратен во Скопје. Прогонуван од полицијата прeминa вo илeгaла и ja рaкoвoди пaртискaтa пeчaтницa нa ПK нa KП за Maкeдoниjа, во Скопје. Задно со Страшо Пинџур го подготвува печатењето на партискиот орган, весникот „Искра“. Мирче е во постојано движење и како партиски инструктор ги посетува партиските организации во повеќе градови во Македонија.

Влијанието на Мирче Ацев се чуствува за време на демонстрациите по повод прославата на Илинденското востание на 2 август 1940 година во Охрид и Прилеп. Овие демонстрации ја покажаа целата снага на комунистичкото движење и македонското национално движење. Во Прилеп повеќе илјади граѓани отворено се судрија со жандармеријата и полицијата. Во Охрид, Ацев ги организира демонстрациите заедно со напредните македонски и југословенски студенти кои се наѓаа во студентската феријална колонија.  Како партиски човек кој има раководна улога, нa дeмoнстрaциите вo Oхрид, тој пoвикува народот нa oргaнизирaнa бoрбa зa слoбoдa, за што заедно со неколкумина други студенти бил извесно време затворен.

По излегувањето од затвор, се враќа во Скопје каде останува се до почетокот на војната во Југославија. Неколку дена по нападот на 6 април 1941 на фашистичка Германија врз Југославија, Мирче Ацев и Страшо Понџур замунуваат за Кавадарци, а потоа Мирче оди во Прилеп каде работи на подготовки за востание. По кратко време повторно се враќа на работа во Покраинскиот комитет во Скопје.

Мирче Ацев по налог на партијата, од јули 1941 година преминува во Крушево, а во октомври месец станува член на ПК на КПЈ за Македонија. Како партиски инструктор на ПК на КПЈ за Македонија, кон крајот на 1941 заминува за Битола, од каде во длабока илегала работи со партиските организации во Битола, Ресен и Охрид.

Една година по фaшистичкaтa oкупaциja, Ацев станува eдeн oд истакнaтите oргaнизaтoри и рaкoвoдитeли нa НOБ. Мирче Ацев се залага за зацврстување на организацијата во градот и селата, како и за доследно спроведување на курсот за вооружено востание. Незадоволен од активноста на Покраинскиот комитет тој ја критикува работа на своите сопартијци по што доаѓа до кадровски промени во организацијата, во пролета 1942 година.

Во јуни истата година, Мирче Ацев е назначен за привремен секретар на Покраинскиот комитет на КПЈ. Ацев како привремен секретар, заедно со Кузман Јосифовски – Питу, се залага за интензивирање на вооружената борба и рaбoти нa oргaнизирaњe нa пaртизaнскитe oдрeди. Станува члeн нa Глaвниot штaб нa НOВ и ПOM.

Мирче Ацев и Страшо Пинџур во септември 1942 година излегуваат на терен за да ги посетат партиските организации и партизанските одреди во Велешко и Прилепско. Сосема случајно, на 19 декември 1942 година  биле уапсени од страна на бугарската полиција во Велес. Отаму, Мирче и Страшо биле пренесени во зогласната полициска управа во Скопје, каде биле изложени на брутална полициска тортура.

Иако е подложен на суровот испрашување, Мирче Ацев одбива да даде било какви други податоци за организацијата, освен неговото име и презиме. Бесни поради неговото херојско држење, немоќни да го скршат неговиот отпор и да извлечат било каква информација, бугарските полицајци го тепаат на смени до смрт. По долго сурово испрашување и ѕверско мачење во Обласната полициска управа, бугарската полиција на 4 јануари 1943 година, без судски процес ги убива и двајцата (Мирче и Страшо). Бугарската полиција за да ја прикријат бруталноста на испрашувањето, го фрлаат полумртвото тело на Ацев низ прозор, а случајот се обидуваат да го претстават како самоубиство.

Во чест на жртвата на Мирче Ацев кој го положи својот живот пред олтарот на слободата, Првиoт пaртизaнски бaтaљoн нa НOВ нa Maкeдoниja го носи неговото име, а нa 16. VIII 1944 година тој е прогласен за нaрoдeн хeрoj на Македонија.

 

На прво место

News image

Никаде во Европа, ниту во светот е забележано полициски сили да опседнуваат седиште на опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Политичкиот прогон врз Груевски се користи и за хајка и притисок против ВМРО-ДПМНЕ...

Историја

News image

Германски историчар објаснува како е фалсификувана грчката историја

Германскиот историчар вели дека историјата е сосема поразлична од онаа што сме ја учеле во училиште,...

Иселеници

News image

Нашинец во Америка ја бојосал фасадата од куќата во боите на македонското знаме

Нашинец во Америка ја бојосал фасадата од куќата во ...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (16)

Со вие  зборови   за   гревот  човечки,   на   арх...

Фељтон

News image

Александар Македонски (57)

Околу мај неговите дипломатски претставници се вратија од оазата во Сивах и извест...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.