Среда, 14 Септември 2011    PDF Печати Е-пошта
Антон Попов
Антон Попов умира за еден нов свет, којшто ќе огрее со толку светлина, со толку убавина

anton-popovАнтон Попов (с. Игуменец, Петричко, Пиринска Македонија, 23. VII 1915 - Софија, 20. X 1942) – македонски поет, раскажувач, новинар, национален деец. Завршил гимназиско образование во Неврокоп во 1933 година и неколку години учителствувал во родниот крај. Во 1936 година се запишал во Државното високо училиште за финансии и административни науки во Софија. Основоположник и член на Македонскиот литературен кружок (1938-1941). Учествува во националното и антифашистичкото движење. Љубовта кон татковината Македонија, нејзината историја и традиција, нејзината слобода и иднина се тема во севкупното негово книжевно и публицистичко дело. Низ сопствениот пример покажува како се сака и се брани татковината. Заедно со Никола Вапцаров е уапсен и осуден на смрт. Во писмото пред стрелањето запишал: „Умирам за еден нов свет, којшто ќе огрее со толку светлина, со толку убавина, така што мојата жртва за него не е ништо. Умирам горд со името на својот народ, за чие што добро работев до последен миг, за чија што добра иднина умирам. Попов е меѓу првите публицисти кои ја проследија и афирмираа македонската национална мисла.

Антон Попов е роден во револуционерно семејство на 23 јули 1915 година во селото Игуменец (Петричко), во Пиринска Македонија.  Дедо му Константин Попстојанов, бил убиен од заседа од Турците Во таква заседа погинал и вујкото на татко му Митре Стојанов.  Татко му кој ги бранел интересите на селаните, бил обесен од врховистите  на 22 октомври 1923 година.

Своето основно образование Антон Попов го добил во своето родно село. Потоа учел во Петрич, се преместил во Самоков, од каде што го исклучиле поради учество во ученички антифашистички кружок. Образованието го продолжува во Неврокоп каде што го завршува средно образование во 1933 година.

Истата година Антон станува учител во своето родно село. Наредната учебна година учителствува во село Скрт, а потоа повторно се враќа во родното село. Попов како учител се труди да создаде подобри услови за своите ученици и да ги воспита како достојни граѓани: горди и справедливи, смели и самостојни, што ја сакаат својата родна македонска земја и што ги почитуваат сите луѓе на земјата. Тој се зазема и организира интернат и кујна за сиромашните ученици, каде што се сместуваат повеќе од 100 деца. Во исто време Антон продолжува како татко му да ги брани своите соселани од разни банди.

Антон Попов се обидува да издаде македонски весник, но неговите заложби пропаѓаат поради решителниот отпор на власта. Разочаран, тој мечтае да замине  во Софија каде очекува да најде сродни лица, „луѓе со душа, умови..“. Набргу желбите му се исполнуваат. Во 1936 година Антон Попов се запишал во Државното високо училиште за финансии и административни науки во Софија, а есента 1937 година станува чиновник во Софиската општина.

Во почетокот на месец ноември 1938 година се формира Македонскиот литературен кружок, во чие основање Антон зеде активно учество. Три години Антон работеше неуморно во кружокот. Мошне често тој држеше реферати за стихови или раскази, учествуваше во организирањето литературни читања, екскурзии, вечеринки и во собранија на емиграцијата. Освен тоа тој ги придобиваше истакнатите писатели за борба против војната, учествуваше во работата на македонската партиска група, пишуваше репортажи, стихови, статии и во слободно време читаше покрај другото македонска историска литература.

Во Македонскиот литературен кружок Антон Попов се оформи наполно како македонски патриот, како верен син на својот поробен народ и во исто време како пламенен борец за среќата на сите луѓе. Анточ Попов ја сакаше Македонија и македонскиот народ со љубов чиста, нежна, неизмерна по сила и ширина. Тоа беше љубов готова за жртва. Не случајно во своето последно писмо тој напиша: „Умирам горд со името на мојот татко. Умирам горд со името на мојот народ, за чие добро работев до последниот миг, за чија добра иднина умирам"!

Во својот возбудлив патепис „Патни белешки и размислувања" тој пишува: „. .Таму е мојата родна земја... Таму е мојот ајдучки Пирин, од први детски години запишан со песни, приказни и легенди во мојата душа, што извишил снежно-сини рамења во висините, што ги заковал очите далеку во просторот, цртајќи ги со остар поглед границите на татковината моја - до Шар, до Егеј, до Родопи и Рила." Во исто време пак во своето последно писмо Антон Попов пишува: „Умирам за еден нов свет, којшто ќе огрее со таква силна светлина, со таква убавина, што мојата жртва ќе биде за него ништо!"

Антон Попов во своите стихотворби изразува нежна љубов спрема својата татковина, спрема својот народ: ја искажува својата вера во блиското ослободување и обединување на Македонија. Во своитз репортажи тој ги открива страдањата, маките на работниците, црта потресни слики од експлоатацијата на тутунските производители, на жените и на децата. Од самите наслови на неговите репортажи се гледа нивната содржина. Еве некои од нив: „Болките на нашите јужнаци", „Така работат и страдаат тутунопроизводителите", „Тој откраднува недосонувани детски соништа", „Над Пирин облаците се згуснуваат".

Во есента 1941 година, заедно со својот неразделен другар Никола Вапцаров, тој се вклучува на партиска работа во воениот центар на БКП. Антон Попов го започнува илегалниот живот исполнетиот со опасности м ризици. Тој пренесува луѓе од составот на ЦК од стан на стан, купува и им приготвува храна, пренесува оружје м парични средства касно во ноќта, вешто ги уништува трагите од будното око на полицијата. Во својата илегална дејност тој ја вовлекува својата мајка и сестра. Станува раководител на борбени групи.

Но и непријателот не спие. Во групата е вовлечен провокатор и по само неколку месеци настанува провала. На 4 март е фатен Вапцаров. Антон Попов иако има извесна можност да се скрие, сепак тој не превзема ништо. Смета дека треба да ја продолжи работата, особено по таквата провала. Но полицијата е по неговите трагп и на 24 април 1942 година го апси..

На 22 јули воениот суд ја изговори својата пресуда. На смрт беа осудени Антон Иванов, Атанас Романов, Никола Вапцаров, Антон Попов, Петар Богданов и Георги Минчев. Во судската сала настапува неверување. После се слушаат стенкања и плач на блиските. Истиот ден се венчава со свршеницата Росица Манолова. Стрелан е на 20 октомври 1942 година заедно Антон Иванов, Атанас Романов, Никола Вапцаров, Антон Попов, Петар Богданов и Георги Минчев

Но пред да ја загракта својата злокобна песна картечницата, се слуша друга, позната, убава песна, којашто излегува од градите на нескршливите бестрашни борци:

„Тој што ќе падне в бој за слобода, тој не умира . . .!"

Во редицата, со пламнато лице, со поглед во иднината, претставувајќи си го македонскиот народ слободен и обединет  и светлата иднина на целото човештво, пее  со силен глас   и   непрежаливиот   Антон   Попов.

 

На прво место

Историја

News image

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПС...

Култура и туризам

News image

ВРЕМЕ Е

Чедомир Б.Шопкиќ

Фељтон

News image

Александар Македонски (62)

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.