Среда, 10 Август 2011    PDF Печати Е-пошта
Филип II Македонски

phillip-macedonФилип II Македонски (359–336 г. пр. н.е.) – македонски крал од династиjата Аргеади, син на кралот Аминта III. На 23-годишна возраст станал крал на македонската држава.. Се стекнал со слава на генијален стратег, храбар војсководец и одличен дипломат. Во бракот со Олимпија се родил синот Александар III Македонски, а од бракот со Филина синот Филип III Аридеј. Како македонски басилевс спроведува воени реформи, создава професионална војска, пешадија (македонска фаланга) и од придружниците и другарите на кралот благородничка коњица (хетајри). Ковал златни и сребрени монети (филипики и статери). Првата битка ја извојувал против илирскиот владетел Бардилис во 358 година п.н.е., а потоа ги освојува хеленските колонии на македонскотракискиот брег. Водел и извојувал повеќе битки со Елините, Траките, Илирите и Пајонците. Во 353 г. п.н.е ја освојува Абдера и Маронеја, со што на реката Места е поставена источната граница на Македонија со Тракија. По големите воени победи, Филип навлегува во Тесалија, го поразува тиранинот Ономарх од Фокида, по што е избран за доживотен архонт (врховен војсководец) на Тесалскиот сојуз. Свесен дека Македонија ги загрозува интереситре на Атина, Демостен ги повикува Елините на војна против Филип „барбаринот“. Тоа ќе го предизвика македонскиот владател да го нападне елинските колонии на Халкидик, а по освојувањето во 349 година на Олинт, војната со елинските полиси ќе ја продолжи се до битката кај Хајронеја во 338 година п.н.е. По оваа голема победа, Филип II бил избран за главен војсководец на Коринтски сојуз, по што тој се припремал да ја поведе македонската и војската на Елините против Персиското Царство. Но во 336 г. п.н.е бил убиен во престолнината Ајга. Во историјата е забележан како најголем басилевс во Европа.

Филип II Македонски е роден 382 година п.н.е. Неговиот татко, македонскиот крал Аминта III и мајка му Евридика, имале уште два сина и една ќерка, Александар, Пердика и Евринеја. Филип имал уште три полубраќа Архелај, Архидеј и Менелај, родени во вториот брак на кралот Аминта со Гигеја. Неговиот татко, умрел кога Филип имал 12 или 13 години, а неговиот најстар брат тогаш станува крал на Македонија како Александар II.

Македонија во овој период се соочувала со сериозни предизвици во однос на нејзината безбедност и опстанок. Тебанскиот војсководец Пелопида во неколку наврати ќе му нанесе порази на македонскиот крал Александар II и на Птоломеј, а како гаранција дека постигнатите договори ќе бидат почитувани од страна на Македонија си обезбедил заложници. Меѓу нив бил и Филип, кој од 368 до 365 година минал како заложник во Теба.

Тригошниот престој во куќата на Памен и на Епаминонда, најголемите воени команданти во тоа време, ќе му овозможат на Филип да се запознае со војничките вештини. Филип имал можност да ги следи подготовките и вежбите на прославената тебанска пешадија, посебно на прославената „Света чета“. За сето време поминато во заложништво Филип се стекнал со образование по филозофија и други науки кои ги изучувал кај питагорејски филозов, но најмногу престојот во Теба влијаел врз војничкиот развој на Филип кој ја согледува потребата од кординираното дејство на пешадијата и коњицата.

Во меѓувреме, на чело на македонската држава дошол неговиот брат Пердика III кој бил подржуван од Теба, а во 365 г.п.н.е. со неполни 18 години Филип бил вратен во Македонија. По враќањето во Пела, брат му доделил кнежевство на управување. Се смета дека тоа била

Пелагонија, каде Филип раководел и подготвувал дел од македонската војска.

Во 359 година, во битка со Бардил, Пердика III загинал. Настанала вообичаената пресметка за кралскиот престол меѓу претендентите во кралското семејство. Филип вешто ги остранил противниците, егзекутирајки го Архелај и протерувајќи ги Архидеј и Менелај во Олинт. Постои сомнеж дека Филип бил најпрво регент на малиот Аминта IV, синот на Пердика III, и дека дури потоа бил избран за крал. Филип како докажан и храбар борец против Илирите ја имал подршката на македонската војска. Се смета дека соочени со опасноста од нова офанзива на Илирите, во зимата 359 година п.н.е., Собранието на Македонците под оружје, во Пела, го избрале Филип за македонски крал, како Филип II.

Веснаш по доаѓање на престолот Филип се соочил со опасност од напади од сите страни. Од северозапад Илирите, од исток Тракијците, од југ преку море од Атина и на крај од Пајонците кои се бореле за примат во Македонија. Филип бил свестен дека не ќе може да ги издржи синхронизираните напади на македонскиот престол и дека би можел да постигне воена разврска со позитивен ефект. На Филип во тоа време му бил потребен мир се додека не ги изврши потребните реформи во државата и војската. За таа цел со дипломатски методи и со големи парични суми привремено ги смирил Илирите и Пајонците.

Периодот на краткотраен мир, Филип го искористил за креирање на ново унифицирано оружје и за реформи во македонската војска. Вовел постојана платена војска и ја реорганизирал војската при што ја формирал прочуената македонска фаланга и им доделил посебно значење на македонската коњица и инжинериските единици. Пешадијата, коњицата и инжинериските единици ги вооружил со ново оружје како што се: долгото копје - сариса, кратките мечеви со двојно сечиво - ксифос, јајцевидни железни шлемови со орел или сокол на врвот, потоа заштитни надлактици, подколеници, заштитна опрема за коњи и торзиони катапулти за исфрлање на камења, запаливи смеси и стрели.

Покрај опремувањето, Филип ја увежбал војската за употреба на новото вооружување како и за извршување на новите тактичко-кординирани содејствија меѓу пешадијата и коњицата. Бил разработен и посебен систем за сигнализација со знамиња со кој се издавале наредби за време на борбите. За време на вежбите а и подоцна во текот на битките движењето на македоснката фаланга, составена од бригади и чети, во строго определени линии, со кренати сариси нагоре и напред, преставувала страшна глетка која ја смрзнувала крвта на непријателот. Македонскиот изум сарисата, која била дизајнирано прво како осумметарско копје а подоцна скратено на 6,4 метри, во рацете на војниците на македонската фаланга (составена од 16 реда), постанало страшно оружје и симбол на македонската супериорност и непобедивост.

Ослободен од притисокот од север и северозапад, изгледа дека Филип за првпат ја употребил реорганизираната македонска војска против Атињаните кои се истовариле кон крајот на 359 или почетокот на 358 г.п.н.е. кај Метоне. Со тактички потези и кординирана акција на македонската пешадија и коњица тој успева да ги разбие Атињаните кои биле предводени од Аргеј. Заробените хоплити Филип ги ослободува без да бара откуп и со тоа дополнително ги релаксирал односите со Атина.

Победата над Атињаните го подигнал борбениот дух на македонската војска, а Филип по

смрта на кралот на пајонците Агис, во 358 година, навлегува во Пајонија и успеал да ја потчини и стави во вазална положба спрема Македонците. Истата година Филип ја водел една од најважните битки во македонската историја.

Победата против Илирите предводени од Бардил, не само што ги вратила порано окупираните територии и му донела мир на северозападните граници на Македонија, туку ги покажала вистинските вредности на македонската војска.

За да ги зацврсти воспоставените односи со соседите, Филип во наредните 18 месеци по битката со Бардил, склучил три брака. Се оженил со Фила, сестра на властодржецот Дарда од Елимеја, потоа со илирската принцеза Аудата и на крај со молосиската принцеза Олимпија, ќерка на починатиот крал Неоптолем и братучетка на тогашниот молосиски крал Ариб. Елиминирајќи ги опасностите од север и северозапад на Дилип му останале отворените закани од исток и југ, односно односите со Атина. Во 358 година на барање на Лариса да се острани притисокот од фере, Филип кратко време интервенира во Тесалија штитејќи ги виталните интереси на Македонија.

Филип бил живо заинтересиран за повторна контрола на градот Амфипол, кој бил колонија на Атина и имал инзвонредна стратегиска важност котролирајќи ги сите патни правци меѓу Македонија и Тракија. По заземањето Амфипол од страна на Филип, во раната зима во 357 година Атина склучила сојуз со тројца тракиски кралеви, по што и објавува војна на Македонија. Во овие дестина години, поточно од 357 до 346 година војната се одвивала во најголем дел на трако-македонскиот брег.

Во справувањето со заканите од Атина Филип барал сојузници. Во текот 356/5 година, по склучувањето на македонско-халкидскиот сојуз, Филип ја освојува Потидеја и според договорот им ја предал на Халкидјаните. Во моментот на победата Филип добива три добри вести: Неговиот генереал Перменион ја победил коалиционата војска на дарданецот Граб, тракиецот Кетрипор и пајонецот Ликпеј. На олимписките игри победил неговиот коњ и сопругата Олимпија му родила син. Тоа бил Александар III Македонски.

Во меѓувреме Филип бил повикан од населението на градот Кренида (подоцна преименувано во Филипи) да им помогне да се одбранат од нападите на тракискиот крал Керсоблепт. Филип ќе им помогне и истовремено ќе ја присоедини оваа златоносна област. На планината Пангеј, се наоѓале рудниците со злато кои ќе му овозможат на Филип да кова сопствени златни и сребрени монети (филипики и статери), што од друга страна пак ќе му овозможат полесно водење на скапите војни.

По освојувањето на Пидна во 356 г. и на Метона во 353 г.п.н.е., македонската држава излегла на македонско-пиерискиот брег, а со освојувањето на Абдера и Маронеја на реката Места е поставена источната граница на Македонија со Тракија. Во битката за Метона, Филип бил ранет и го изгубил едното око.

По големите воени победи, во 353/2 г. п.н.е. Филип навлегува во Тесалија, го поразил тиранинот Ономарх од Фокида, по што бил избран за доживотен архонт (врховен војсководец) на Тесалскиот сојуз. За да ја ослабни Атина, Филип ја потикнувал борбата меѓу аристократите и демократските сили во Грција, а парично ја подржувал промакедонската партија, која ги подржувала интересите на Македонија. Сепак наместо да навлезе со македонската војска према Атина, тој ја започнал источната кампања. По навлегувањето кон тракискиот Херсон, Филип се разболел и ја прекинал тракиската кампања.

За тоа време Демостен ги повикува Елините на војна против Филип „барбаринот“, а Олинт склучува сојуз со Атина. Ваквиот пресврт на Олинт, го принудува Филип да отпочне инвазија на Халкидик во 349 г. п.н.е. Демостен ги предава Олинтијците, а македонскиот владетел по освојувањето на Стагира и Олинт во 348 година ги сравнува со земја. Додека Филип ја освојува скоро цела Тракија, Атињаните понудиле мир. По склучување на договор за мир со Атина во 346 г.п.н.е во Тесалија, македонската војска навлегле на северозапад до Јадранското Море, а во 342 г. п.н.е. Филип спровел успешна кампања против Скитите на север.

Во 340 година п.н.е. Филип го освоил Перинт, а во 339 година и Визант со што Македонија ги проширила своите граници до Црното Море. Со освојувањето на Визант се создале предуслови за освојување на Персија. Тоа ги загрозило трговските интереси на Грците, што довело до ново заострување на односите со елинските полиси.

Филип ја продолжува војната со елинските градови-полиси и ја завршува со големата битка кај Хајронеја во 338 година п.н.е.

По оваа голема победа врз здружените тебански и атински сили, Филип II им изградил споменик на храбрите Тебанци. Во 337 г.п.н.е. во Коринт бил потпишан Општиот мир, а Филип бил избран за главен војсководец на Коринтски сојуз. Со овој договор, грчките полиси иако имале автономија биле зависни од македонската држава. Филип како главен војсководец се припремал да ја поведе македонската и војската на Елините против Персиското Царство, но во 336 г. п.н.е бил убиен во престолнината Ајга. Во историјата Филип е забележан како најголем крал во Европа.

 

На прво место

News image

Во Тирана се промовира книгата “Македонците во Албанија” (1912-1991)

Македонско друштво “Илинден“-Тирана во соработка со издавачката куќа „МЕНОРА“ од Скопје Република Ма...

Историја

News image

Објавени историски факти во македонски среден век

Пелагонискиот митрополит Нектариј, „секогаш и во секоја пригода изјавувал дека е Македонец и дека е ...

Иселеници

News image

Промоции на дела со иселенички содржини

На 19-ти октомври 2014 година, точно на пладне,  во с...

Култура и туризам

News image

Вековноста на црквите е столбот на нашиот народ

Во нашата земја има голем број цркви и манастири, кои го сведочат времето и чии градби и денес се св...

Фељтон

News image

Едно поинакво видување на поимот паганство

Поимот паганство ретко кој има смелост и доблест јавно да го објаснува и во целост д...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.