Среда, 04 Мај 2011    PDF Печати Е-пошта
Сирма Војвода

pesniСирма Војвода (Крстева Стрезова) (с. Тресонче, Дебарско, 1776 - на пат од Прилеп за Варош, Прилепско, 1864) – биле една од ретките жени војводи на ајдутска дружина. Според народните песни, за војвода била избрана откако ги надминала сите 70 свои соборци во ајдутските вештини. Со својата ајдутска дружина дејствувала како заштитник на македонскиот народ од турските насилници и албанските качаци главно на планините Стогово и Крчин. По стапувањето во брак со Велко Спиров од Крушево, бајрактар на четата, се повлекла од ајдутскиот живот во 1818 година и со него живеела во Прилеп. Во 1856/7 година, како 80-годишна старица, се сретнала со Димитар Миладинов. Во 1864 година била убиена од прилепските Турци. Опеана е во неколку народни песни.

Сирма е родена во село Тресонче, во 1776 година. Таткото Петре, кој бил самоук зограф и зидар, како и многумина од Тресонче, често отсуствувал од дома. Работејќи како печалбар одлично ги зборувал, турскиот, грчкиот и српскиот јазик. Додека Петре отсуствувал од дома, бидејќи неговиот татко со годините кои ги имал не бил способен да работи, за сите машки обврски околу куќата се грижела неговата жена Анѓа. Таа била способна жена која прекрасно ткаела и везела. Како единствено дете во семејството, Сирма била принудена да и помага на мајка и Анѓа, а притоа да им посветува подеднакво внимание како на женските така и на машките задолженија. Работата ќе ја исчеличат Сирма, а таа ќе ги извршува машките обврски подеднакво како било кој друг маж.

По завршените дневни обврски, нејзиниот дедо и мајката Анѓа, знаеле долго во ноќта, под пригушеното светло на лојаницата со сета да раскажуваат за минатото, за нивните претци и нивната храброст во справувањето со качачките албански банди и турските насилници. Сето тоа кај младата Сирма ќе предизвикаат огромна почит кон сите оние кои во минатото знаеле храбро да ги стават своите животи во заштита на народот и нивните имоти..

_-1_copy_copy

Животот на Сирма ќе се промени во моментот кога наместо во расказите на дедо, качачките банди навистина ќе се појават во нивниот крај. Навреме информиран за нивното присуство, Петре го засолнил семејството. Најпрво скриени во месноста Голем Дол, а подоцна во пештерата Алилица, семејството на Сирма ја избегнала непријатната средба со арамиите. Но набрзо ќе соочат со последиците. По враќањето во селото тие ќе наидат на опљачкани домови, запалени племни и расплакани селани кои тагувале по нивните грабнати деца. Меѓу одведените девојки била и Ружа, најдобрата другарка на Сирма. Настанот ќе предизвика вистинска траума и револт во душата на младата Сирма.

Гледајќи каква неправда му е нанесена на народот, Сирма ќе одлучи да им се приклучи на мажите кои се договарале на следниот Ѓурѓовден на планината Стогово да формираат ајдучка дружина која требало да се справи со арамиите. Наредната година на Ѓурѓовден, на договореното место на Стогово, од сите страни на мијачкиот крај дошле околи седумдесет Македонци. Меѓу нив била и Сирма, преоблечена како момок. Таа без да знае никој, ги облекла татковите алишта и заминала на договореното место. Кога пристапила кон дружината Сирма имала само 18 години.

Според народните песни, за војвода Сирма била избрана откако ги надминала сите 70 свои соборци во ајдутските вештини. Таа не само што се носела рамо до рамо со мажите туку и ги надминала во натпреварите: фрлање камен, скокање во далечина и стрелање. Особено била вешта во стрелање. Долго време се раскажувало за натпреварот кога Сирма стрелала низ неколку прстени наредени еден до друг и обесени со конец на една гранка. Облечена во бели бечви, чоен минтан и бела долама, по ништо не се разликувала дека е женско, туку делувала како вистински главатар на мијачките ајдуци.

По заклетвата дека нема да ги жалат животите во одбрана на родниот крај од качачките банди, Сирма го развеала бајракот, навезан на црвена коприна и му го предала на Велко Спиров, Мијак од Крушево. Дваесет и три години четата на Сирма успешно го бранела мијачкиот крај од разбојници, а населението им давало засолништа, храна, лекови и облека. Поддржана од населението четата на Сирма акциите ги изведувала брзо и прецизно, со невидена храброст. Народот раскажувал за борбите и успешните акции на мијачките ајдуци, но посебно го истакнувале војводата за кого велеа дека за храброста му нема рамен.

За цело време на своето ајдуковање, Сирма успешно го криела својот пол. Постојат две верзии како е откриена нејзиното моминство. Едната вели дека еден ден и се скинале неколку копчиња од кошулата и така било откриена нејзиното женственост, а во другата ајдуците дознале дека е женско дури откако дружината се растурила, а Сирма се омажила за Велко Спиров, бајрактарот на четата. Така се родила легендата за Сирма војводата

По стапувањето во брак со Велко, се повлекла од ајдутскиот живот во 1818 година Со Велко заминале во Крушево, каде живееле долго време, а подоцна ќе се преселат во Прилеп.  Откако се раширила веста дека најголемиот водач на ајдуците во тоа време била всушност мома, народот во Мијачко ќе ја испее песната "Сирма Војвода" во која се вели: „Коде се чуло видело, Моме војвода да одит, Со седомдесет ајдути, По таа Бистра планина, Со три барјаци црвени..“

Во 1856/7 година, како 80-годишна старица, во Прилеп се сретнала со Димитар Миладинов.Таа  му ја раскажала својота животна приказна. За жал, од нејзината биографија, останала само една куса белешка во која Д. Миладинов ќе збележи дека: „Сирма се роди во дебарското село Тресонче.  Бидвешчем под машко облекло, обходи как војвода планините Бабин Трап, Стогово, Барбара, Крчин. Момците кои таа ги водеше ја узнаха како девојка кога í се скинаха петлиците од градите".

Имала 85 години кога смртта ја затекнала Сирма на пат од Прилеп за Варош. Во 1864 година,  била убиена од Турците. Погребана била со најголеми почести, а прилепчани излегле во голем број за последен пат да и оддадат почит на големата Сирма Војвода.
 

На прво место

Историја

News image

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПС...

Култура и туризам

News image

ВРЕМЕ Е

Чедомир Б.Шопкиќ

Фељтон

News image

Александар Македонски (62)

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.