Среда, 06 Април 2011    PDF Печати Е-пошта
Никола Кљусев

nikola-klusev

Никола КЉУСЕВ (Штип, 2. X 1927 Скопје, 17. I. 2008) – еминентен економист, универзитетски професор, научен истражувач, академик, општественик, државник и литерат. Бил учесник во НОБ во периодот од 1942 до 1945 година, а одлежал и на Голи Оток, за што бил исклучен две години од Универзитетот во Белград. Дипломирал на економскиот факултет во Белград. На почетокот се вработува во Институтот за научно истражување во индустријата на НР Македонија, Скопје како стручен, а потоа виш стручен соработник, каде работел на инвестиционо-развојната проблематика. Таа ќе стане негова животна опсесија, на која ќе ги добие сите научни степени, заклучно со докторат на Белградскиот универзитет и сите научни звања се до редовен професор на Економски факултет во Скопје. Бил член на повеќе економски совети, одбори, секции и редакции на списанија во Југославија, Во 1988 година станува член и на Македонската академија на науките и уметностите станува (МАНУ). Академик Никола Кљусев бил прв премиер на независна Република Македонија, кој ќе одигра една од клучните улоги како при втемелување на државните институции, воведувањето на македонската валута и формирањето на Армијата на Репблика Македонија, така и во спасување на многу млади животи, повлекувајќи и спречувајќи ги македонските војници во рамките на ЈНА да учествуваат во борбите кои се водеа на поранешните југословенски простори на почетокот на деведесетите години на минатиот век.

Никола Кљусев е роден на 2 октомври 1927 година во Штип. Основно училиште и гимназија завршил во родното место. Релативно млад тој ќе се приклучи на партизанските единици на Македонија и ќе земе учествува во Антифаштичката борба  во периодот од 1942 до 1945 година.

По ослободувањето го продолжува своето образование. Во 1947 година заминува на студии на Економски факултет во Белград. Поради затворањето на Голи Оток, за време на  поминатиот период, ќе биде исклучен од Универзитетот. По прекин од две години ќе продолжи со студирањето, а ќе дипломира на Економски факултет во Белград на 10 јули 1953 година.

По дипломирањето во 1953 година се вработува во Институтот за научно истражување во индустријата на НР Македонија во Скопје, каде работи прво како стручен, а потоа од 1960 година и како виш стручен соработник. Во 1961 година се префрлил на Економскиот институт во Скопје како научен соработник, а по одбраната на докторатот од областа на економските науки на Економскиот факултет во Белград во 1964 година, станува Виш научен соработник.

На Економскиот факултет во Скопје е избран за вонреден професор во 1968 година, а во 1972 година и за редовен профессор. За првпат на Економскиот факултет воведува два нови предмети: “Теорија и политика на стопанскиот развој” и “Инвестиции - теорија, политика, економика -оценување и избор”. Проф. Никола Кљусев и за двата предмети објавил учебници кои биле користени на сите Универзитети во поранешна Југославија. Долги години бил раководител на постдипломски студии од областа на економски развој и бил ментор на десетици магистерски и докторски дисертации.  Во периодот од 1985 година до 1987 година.  бил декан на Економскиот факултет во Скопје, а веќе во наредната 1988 година е избран за член на МАНУ. Во 2002 година бил избран за раководител на Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ.

Покрај наставата и постдипломските студии на повеќе универзитети, тој раководел или работел на бројни домашни и меѓународни проекти. Неговиот опус брои повеќе од 300 релевантни референци: книги, статии, студии, анализи, елаборати и проекти, кои зафаќаат опсег од микроекономски анализи и оценки до макростратегиски, теориски елаборации и емпириски студии.  Неговите трудови се незаобиколни референции за развојната економија и инвестициите во нашата земја и пошироко.

Во текот на професионалниот живот тој постојано се надградува.  Бил на специјализации и студиски престои во САД (Фордова фондација на универзитетите „Колумбија“ во Њујорк и „Беркли“ во Сан Франциско), во Велика Британија (на Универзитетот „Сасекс“ во Брајтон и на Лондонската економска школа), во Академијата на науките на Советскиот Сојуз во Москва и во Академијата на науките во Полска во Варшава, во Ме|ународната банка за обнова и развој во Вашингтон и др. Учествувал на ме|ународни конгреси на економистите во Монтреал, во Мадрид и во Будимпешта. Во рамките на ме|ународниот проект „Инструменти на научнотехнолошката политика (СТПИ) престојувал во повеќе земји (Барбадос, Бразил, Венецуела, Мексико, Египет, Индија, Кореја, Јапонија, Англија).

Како врвен економист проф. Никола Кљусев станува член на Економскиот совет на СФРЈ и на Економскиот совет на СРМ; член на Централниот одбор и на Научната секција на Сојузот на економистите на Југославија, како и претседател на конзорциумот на економските институти. Исто така, тој бил член и на редакцијата на списанието „Економист“ како и главен и одговорен уредник на списанието „Стопански преглед“. Никола Кљусев работел на повеќе научно-истражувачки проекти. Работејќи на инвестицио-развојната проблематика, која ќе стане негова животна опсесија, ќе ги добие сите научни степени, заклучно со докторат на Белградскиот универзитет и сите научни звања се до редовен професор на Економски факултет во Скопје и член на Македонската академија на науките и уметностите.

Во периодот од 1991 до 1992 година, во тие историски моменти кога Македонија зачекори по патот на самостојноста, Никола Кљусев станува претседател на првата демократска Влада на Република Македонија. Иако тоа беше период исполнет со ризици и опасности, под негово раководство, Владата на Република Македонија исполнета со еуфоричен  ентузијазам и творечко инспиративен наплив ги втемели сите државни институции, ја воведе македонската валута и ја формира Армијата на Репблика Македонија. Таа ќе одигра клучна улога во спасување на многу млади животи, повлекувајќи и спречувајќи ги македонските војници во рамките на тогашната ЈНА да учествуваат во борбите кои се водеа на поранешните југословенски простори на почетокот на деведесетите години на минатиот век.

Во 1994 година бил избран за претседател на Националната конвенција на Македонија и на Советот на ВМРО ДПМНЕ во 1997 година. Во 2000 година  бил назначен за министер за одбрана, а во 2006 година  бил именуван од Владата на Република Македонија за претседател на Управниот одбор на Агенцијата за директни странски инвестиции, каде го затекнува и смрта.

Покрај неговите дела од областа на економските науки, Никола Кљусев е активен и во областа на литературата. Објавил повеќе дела на поезија, есеи и проза кои се проткаени со сензитивност на лични и индивидуални искуства и драми, настани кои го одбележуваат крајот на минатиот век, Низ неговите дела, од кои некои се преведени и на други јазици, се провлекуваат аномалиите на балканските простори, траумите и дилемите на секојдневието. Од 2001 година Никола Кљусев членува и во Друштвото на писателите.

За својот научен допринос акасемик Никола Кљусев е одликува со Орден Златен венец и е носитела на наградата „13 Ноември“, а за шивотно дело ја добива наградата „11 Октомври“, како и бројни пофалници и признанија во земјата и странство.

Претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, постхумно го одликува академик Никола Кљусев, премиерот на првата демократска влада на независна Република Македонија од 1991 до 1992 година, со орденот „8 Септември“.
 

На прво место

News image

Никаде во Европа, ниту во светот е забележано полициски сили да опседнуваат седиште на опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Политичкиот прогон врз Груевски се користи и за хајка и притисок против ВМРО-ДПМНЕ...

Историја

News image

Германски историчар објаснува како е фалсификувана грчката историја

Германскиот историчар вели дека историјата е сосема поразлична од онаа што сме ја учеле во училиште,...

Иселеници

News image

Нашинец во Америка ја бојосал фасадата од куќата во боите на македонското знаме

Нашинец во Америка ја бојосал фасадата од куќата во ...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (16)

Со вие  зборови   за   гревот  човечки,   на   арх...

Фељтон

News image

Александар Македонски (57)

Околу мај неговите дипломатски претставници се вратија од оазата во Сивах и извест...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.