Среда, 27 Октомври 2010    PDF Печати Е-пошта
Архиепископ Охридски и Македонски Г.Г. Гаврил

gospodin-gospodin-gavrilГАВРИЛ (световно име Ѓорѓи Милошев) (Скопје, 7. IV 1912 – Скопје, 4. III 1996) – архиепископ, трет по ред поглавар на Македонската православна црква (1986 – 1993).

Свештеник и просфетител, бил прв претседател на Друштвото на преведувачите на РМ. Тој скоро сиот свој живот го помина, вложувајќи ги своите знаења и сили во просветителското дело на Република Македонија како државен чиновник, но никогаш не беше далеку од Црквата, туку беше близок соработник на архиереите и на црковните служби. Во оваа рамка се насочени животот и делото на дедото Гаврил, третиот Архиепископ Охридски и Македонски, кој бил еден од најголемите високи црковни великодостојници.

Во 1986 г. отец Ѓорѓи Милошев се замонашил и по хиротонисувањето за архиереј бил прв декан на Богословскиот факултет во Скопје. Во 1986 г. бил избран за архиепископ на МПЦ.

Започнатите проекти од архиепископот Доситеј-изградба на Светиклиментовиот храм во Скопје, формирањето на Богословскиот факултет и издавањето на Библијата на македонски литературен јазик, ќе бидат круна на неговата црковна-општествена дејност и завештение на неговото дело за македонскиот народ. Тој е првиот македонски архијереј кој ја обновил древната традиција, фрлање крст во реката Вардар.

Архиепископот Гаврил, се повлекол од тронот во 1993 г.  поради старост и кревко здравје. Починал во 1996 г. и е погребан во манастирот „Свети Наум“ во Радишани крај Скопје.

Дедо Гаврил се родил во еден тежок и пресвртен период за македонскиот народ. Роден е во Скопје во 1912 година, како Ѓорѓи Милошев. Младоста ја минал во молитви и божји богослуженија во скопските цркви „Св. Петка“, „Св. Богородица“ и „Св. Мина“. Бил работлив и кроток човек кој животот го посветил на Бога. Согледуваќи ги неговите квалитети, како одличен студент скопската општина му доделила едногодишна стипендија по веронаука, а наставниците му биле Руси. Смрта на неговиот татко била причина да не може да ја оствари својата желба и се посветил на изучување на јазици. Во 1936 година дипломирал на Филозовскиот факултет во Скопје, отсек Германистика и славистика.

Во Скопје бил ракоположен за свештеник, а бил поставен за парох во Велес во 1942 година. Му била доделена сиромашна епарпхија и набрзо младиот свештеник ќе сфати дека само преку образованието ќе може да се подготви плодна почва за духовно и интелектуално да се воздигне македонскиот народ.

Веднаш по ослободувањето, во 1945 година, отецот Ѓорѓи ќе биде еден од првите професори во велешката гимназија. По кратко време учителствување, од свештенството на Велес и велешката околија бил избран за претседател на Духовниот одбор, и во таа улога учествувал како делегат на Првиот црковно народен собир во Скопје во 1945 година, на кој е донесена Одлука за обнова на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква.

Со оглед на општестевно-политичките прилики во земјата во повоениот период и потребата од високообразовани кадри, принуден е на неодредено време да престане активно да се бави со свештеничката дејност и целосно да и се посвети на просветата.

Дедо Гаврил со голема љубов кон Христа и  кон својот народ, достојно и успешно ќе го понесе и овој терет. Од 1949 г. бил на служба во Државното книгоиздателство на Македонија – Скопје (подоцна „Просветно дело“). Оттогаш па се до смрта, скоро цели триесет години тој му се посветува на учебникарството и на просветителството. Поточно тој му се посветува на учебникарството, на литературата и на усовршување и стандардизирање на македонскиот литературен јазик.

Оваа научна дејност започнува да се гради од ништо, практично од нула, и дедо Гаврил на своите плешки носи една од најодговорните задачи на културно-просветен план, а тоа е создавањето на првите учебници за новото време. Неговата самопрегорна работа бележи огромни достигнувања на овој план.  Во овој период тој составил и издал прирачници, учебници, речници и училишна литература, па дури и периодика. Посебно за истакнување е неговиот научен пристап кон делата на Кочо Рацин и Војдан Чернодрински. Тој е еден од првите истражувачи од македонскиот научен свет кој се појавил со написи и анализи за опусот на поетот Кочо Рацин.

Во овој период полека почнува да се создава и развива и црковно-просветната дејност, во која отецот Ѓорѓи ќе земе активно учество. Како плод на неговата неуморната работа, за првпат во овој период за потребите на богослужбата, ќе се преведат и издадат на македонски јазик Евангелијата и Апостолот. Издавач на ова дело бил Иницијативниот одбор за организирање на МПЦ. Исто така во далечната 1949 година, дедото Гаврил започнал со подготвувањето за издавање на Новиот завет, а истиот излегол од печат во 1967 година.

Процесот на преводот на Библијата, која била животна желба на Г.Г. Гаврил,  започнал да се одвива веднаш по ослободувањето со печатењето на Апостолот. Во овој период тој ќе ги направи и првите чекори во големиот капитален проект кој значи целосен превод на Библијата на современ македонски јазик. Ова капитално дело, целосно преведено Свето писмо (Библијата), на современ македонски литературен јазик, ќе биде завршено во 1990 година, кога и ќе излезе од печат.

По триесетгодишна плодотворна дејност, откако ќе остави траен печат во историскиот развој на македонското учебникарство и просветителство, тивко без никаква помпезност, отец Ѓорѓи ќе се повлече во пензија. Но по смрта на сопругата, кон крајот на 1977 година. отецот Ѓорѓи бил повикан од Неговото Блаженство Г.Г. Доситеј, возобновителот на Охридската архиепископија, односно на МПЦ, да прими епископски чин. Како просветител кој ја знаел потребата и важноста за Црквата од формирање на кадар со високо црковно образование, кој ќе се образува во земјата, а не како дотогаш надвор од Македонија, отецот Ѓорѓи Милошев, го условил стапувањето во архијерејскиот ред со отворање Богословски факултет.

Негова иницијатива, дека неможе МПЦ да граби кон автокефалност доколку нема своја високообразовна институција во која, идните кадри на МПЦ ќе добиваат квалитетна академска наобразба е подржана од Неговото Блажество Г.Г. Доситеј и Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква. Така да кон крајот на декември 1977 година, по десетгодишно афтокефално дејствување на Македонската православна црква (1967 – 1977) или по дваесетгодишно возобновено живеење на Охридската Аехиепископија во лицето на МПЦ (1958 – 1977) бил формиран Богословскиот факултет, со седиште во манастирот "Св. Јован Крстител" во Капиштец, во Скопје.

Од тогаш до денес од Богословскиот факултет, како наследник на првиот Универзитет на Балканот, основан од Св. Климент во Охрид,  излегле повеќе дипломирани теолози.

Прв и долгогодишен декан бил  и Г.Г. Гаврил.

На 18. 11. 1977 година Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква на синодска седница одлучи да се оформи посебна Повардарска епархија, а архиереј на епархијата беше назначен Неговото Високопреосвештенство г. Гаврил.

На 29 јануари 1978 година Гаврил бил интронизиран во Повардарски Митрополит. Тој бил седмиот по ред („таинствениот“) архиереј хиротонисан епископ по обновувањето на Охридската Епископија. Бројот седум е симбол на таинственоста на Црквата, број кој овозможува понатамошно опстојување на МПЦ. Претходно хиротонисани епископи од возобнувањето на Охридската архиепископија биле Доситеј, Наум, Климент, Методи, Кирил и Горазд.

Седнувајќи на тронот на повардарските епископи Митрополитот Гаврил веднаш ќе се соочи со сите потешкотии во Повардарската епархија, како што се недостигот на свештеници, поправка на руинирани свети места и изградба на нови македонски православни светилишта. Во текот на оваа декада, како владика во древната Повардарската митрополија, дедо Гаврил ја стабилизираше епархијата на духовен и материјален план.

По трагичната смрт на архиепископот г.г. Ангелариј, во катедралниот храм “Света Софија” во Охрид , претставниците на Изборниот црковно-народен собир со тајно гласање го избрале Гаврил за трет поглавар на МПЦ.

На 4 октомври 1986 година во катедралниот храм “Света Софија” во Охрид е устоличен г.г. Гаврил како нов поглавар на Македонската православна црква.

Во својство на Архиепископ, дедо Гаврил самопрегорно работи оставајќи зад себе возвишени дела и благочестиви традиции. Архиепископот Гаврил е првиот црковен великодостојник кој преку јавните медиуми на македонските православни верници им ги честиташе Божиќните празници и  тој е првиот македонски архиепископ кој ја обновил древната традиција на празникот Водици, во реката Вардар, да се фрла Богојавленскиот крст.

По повод големиот национален празник Илинден, исто така за првпат почна традицијата редовно да се испраќа Соборна Синодска посланица до верниците, а за првпат новото време дедо Гаврил го нарече “време на третиот Илинден”.

Архиепископот Гаврил активно учествуваше во доизградбата на Соборниот храм.  На 12 август 1990 г., во сослужение на сите членови на Светиот Синод на МПЦ, бројното свештенство и пред многубројниот македонски народ, свечено беше осветен Светиклиментовиот Соборен храм на МПЦ во Скопје, како вечно светилиште на македонскиот народ, симбол на неговото национално и духовно единство. Во однос на прашањто поврзано со признавањето на афтокефалноста на МПЦ, кое и биле наметнато од страна на другите православни сестрински цркви Архиепископот Гаврил се залагал за решавање на проблемот, но по пат на братољубив дијалог.

На 18 октомври 1990 година Г.Г. Гаврил ќе го промовира капиталното дело македонскиот превод од Библијата, издадено од печатницата на „Љубљанско дело“ во Љубљана- Словенија. На промоцијата на македонската Библија г.г. Гаврил ќе истакне дека овој историски чин нема само религиско значење, туку во исто време има и општествено значење, па затоа е огромна неговата големина. Врз овој труд од непроценливо значење за Македонците дедо Гаврил ќе работи околу педесетина години, повеќе пати прегледувајќи го сопствениот превод, трудејќи се во него да нема странски зборови, туку да биде присутен само македонскиот стил и јазик. Преводот на Библијата е круната на творечкиот опус на овој исклучително надарен човек, кого Бог го благословил да го оствари замисленото пред да се упокои. Пред да замине на вечното Небесно царство со ова капитално дело тој ќе ја подготви Македонската православна црква спремно да го дочека новиот милениум и да одговори на предизвиците и искушенијата на новото време.

Набрзо потоа дедото Гаврил, заради старост и кревкото здравје, поднел оставка, а од 1993 година до неговата смрт се повлекол во осамување. Починал во 1996 година и е погребан во манастирот „Св. Наум“ во Радишани крај Скопје.

 

На прво место

News image

Никаде во Европа, ниту во светот е забележано полициски сили да опседнуваат седиште на опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Политичкиот прогон врз Груевски се користи и за хајка и притисок против ВМРО-ДПМНЕ...

Историја

News image

Германски историчар објаснува како е фалсификувана грчката историја

Германскиот историчар вели дека историјата е сосема поразлична од онаа што сме ја учеле во училиште,...

Иселеници

News image

Нашинец во Америка ја бојосал фасадата од куќата во боите на македонското знаме

Нашинец во Америка ја бојосал фасадата од куќата во ...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (16)

Со вие  зборови   за   гревот  човечки,   на   арх...

Фељтон

News image

Александар Македонски (57)

Околу мај неговите дипломатски претставници се вратија од оазата во Сивах и извест...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.