Среда, 07 Јануари 2026    Печати
Александар Малинков

Malinkov

Александар Малинков (19. I 1871 – 6. I 1904), познат како Сандо Штипјанчето, бил македонски револуционер и деец на Македонската револуционерна организација. Се прочул со својата храброст. Во последната битка, пред да почини убил 16 турски војници и двајца офицери

Александар Малинков е родена 19 јануари 1871 година во Ново Село, Штип, Во 1894 година се приклучил во редовите на Македонската револуционерна организација. На 22 ноември 1899 година, водел голема битка во родното село.

Во битка со турската војска која, на почетокот на јануари 1904 година, Малинов бил ранет и отишол во родното село за да се лекува кај д-р Иван Голев. Но бил откриен од властите и опколен во куќа. Малинов се спротивставил цел ден и убил 16 турски војници и двајца офицери (1 муљазим и 1 јусбашија), по што Турците ја запалиле куќата.

„ ...Сандо се доближил до Ново Село, предградие на Штип, но бил забележан и издаден на Турците. Куќата била опколена од заптии и аскер. Ранетиот Сандо ја започнал борбата – еден против сто. Од убиените десетина, се гледа дека тој стрелал мирно и сигурно и покрај раната. Станала потреба да се донесе пожарна кола за да се напрска куќата со газја.  Тогаш Сандо – по три часовна престрелка – ја напуштил потпалената куќа, се префрлил во друга и успеал да се скрие...“ (Х. С. „Ослободителните борби на Македонија“ Софија, 1933 г. стр. 109)

Иако тешко ранет, Малинов успеал да го пробие обрачот и да се скрие, но набрзо починал од здобиените рани. По битката, избувнала Штипската афера.

Александар Малинков починал на 6 јануари 1904 година, а бил погребан ноќе, тајно во дворот на црквата „Свети Архангел“.

1d-Tiho copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Подготвил: Т.К.