Среда, 02 Јули 2025    Печати
Птоломеј XV Цезарион

344

Птоломеј XV Цезарион ( 23. VI 47 п.н.е. – 23. VIII 30 п.н.е.) бил последниот птоломејски фараон на Египет од македонска династија, која владеела со Египет по смртта на Александар Македонски, од 323 г. пр.н.е. до 30 г. пр.н.е. Тој бил син на Клеопатра, кој владеел од 2 септември 44 п.н.е. до неговата смрт.

Птоломеј XV Цезарион е роден на 23 јуни 47 пред нашата ера. Негова мајка била била Клеопатра VII (51/2–30), последната од династијата Птолемеиди.чиј живот и владеење биле поврзани со Римската Република.

Цезарион ги поминал првите две години од својот живот во Рим, каде што тој и неговата мајка биле гости на Цезар (46–44 п.н.е.). По атентатот врз Цезар (15 март 44 п.н.е.), Клеопатра и Цезарион се вратиле во Египет. На 2 септември, Цезарион бил прогласен за совладател на Клеопатра. Имал само три години.

Клеопатра тврдела дека таткото на Цезарион бил Гај Јулиј Цезар. Но, Цезар никогаш официјално не го признал Цезарион како свој син. Гај Опиј, поддржувач на Цезар,  составил памфлет обидувајќи се да докаже дека Цезар не можел да биде татко на Цезарион. Сепак, Цезар му дозволил на синот на Клеопатра да го носи неговото име.

Клеопатра се надевала дека Цезарион ќе го наследи Цезар како водач на римската држава, а таа како водач на Египет. Во борбата кој да го наследи Цезар, изјавата на конзулот Марк Антониј дека Цезарион навистина бил син на Цезар довела до влошување на односите и конфликт меѓу Клеопатра и Антониј од една страна и посвоениот син на Цезар, Октавијан Август.

Последната битка во која биле поразени војските на Клеопатра и Антониј била кајАкциј (31 г. п. н. е.). Потоа, Октавијан ја освоил Александрија на 1 август 30 година од п.н.е., по што кралицата се самоубила. Постојат некои шпекулации дека Цезарион преживеал, Плутарх пишува дека Цезарион бил испратен во Индија, но се вратил поради лажни ветувања за египетската круна, по што по наредба на Октавијан веројатно бил убиен (23. VIII 30 п.н.е).

По смртта Египет потпаднал под римска власт, претворен во римска провинција.

Tiho copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Подготвил: Т.К.