Среда, 27 Октомври 2021    Печати
Георги Караџов - Рилски

kara Георги Караџов - Рилски

Георги Караџов - Рилски (23. IV 1901 – 7. VII 1942) е македонски револуционер и интернационален деец. Бил член на Бугарската комунистичка партија (БКП) и ВМРО (Об). По Септемвриското востание во 1923 година бил во илегалство. Од 1925 година живеел во Австрија. Бил активен во редовите на ВМРО (Об) и член бил на Редакцијата на „Македонско дело“. По расформирањето на ВМРО(Об) живеел во СССР. Во Втората светска војна како доброволец во редовите на Црвената армија загинал во борба со германските сили.

Георги Иванов Караџов е роден на 23 април 1901 г. во Долно Драглишта, Разлошко, Пиринска Македонија. Рано останал без татко, кој бил убиен од Турците, кога тој имал само една година. Основно образование завршил во Банско, а потоа учел гимназија во Пазарџик. Таму се задоил со социјалистичките идеи и станал член на марксистичкиот круг „Максим Горки“.

Поради своите убедувања Караџов бил уапсен од полицијата и избркан од гимназијата, па ја завршил гимназијата приватно. и потоа предавал во родното село. Во 1920 година бил еден од основачите на партиската организација во Долно Драглишта. Кога бил разрешен од должноста, се сретнал со Иван Козарев. Станал соработник на Окружниот комитет на Бугарската комунистичка партија (БКП). За време на Септемвриското востание во 1923 г. во Бугарија бил водач на борбената група на Долногдраглишта, која учествувала во борбите за Мехомија (Разлог).

Во 1924 година Георги Караџов се запишал да студира економија на Слободниот универзитет во Софија. Меѓутоа учествувал во студентски демонстрации и бил уапсен во Полициската управа, по што бил префрлен во Мехомија. Тој бил осуден на смрт, но на почетокот на 1925 година побегнал и преку Југославија заминал во Виена. Под името Стојан Петров го чувале Георги Димитров и Васил Коларов.

Во јули 1926 година отишол во Москва за да студира на Комунистичкиот институт за новинарство. По препорака на Задграничното биро на БКП во Москва, Караџов бил примен за член на Всесъюзна комунистическа партия - болшевики (ВКП - б) или Кумунистичката партија на Советскиот Сојуз.

Од 1929 година Георги Караџов е член на редакцијата на весникот „Македонско дело“ и за тоа време одржува директни односи со раководството на Обласниот комитет на ВМРО (обединета) во Бугарија.

Во 1931 година, тој беше редовен вработен во Трговското претставништво на СССР во Берлин и делегат на Меѓународниот антифашистички конгрес на синдикатот на работниците во образованието. Во 1932 година се вратил во Бугарија, а во пролетта 1933 година, под негово раководство, како секретар на ЦК, се одржа национална конференција на организацијата на ВМРО (Обединета) за Бугарија.

Во почетокот на август 1933 година Караџов бил испратен во Париз како соработник на Задграничниот ЦК на ВМРО (обединета). Учествувал во изработката на Резолуцијата на Коминтерната за македонското прашање кон крајот на 1933 година во Москва, заедно со Димитар Влахов и Георги Германов.

По распуштањето на ВМРО (об) во 1934 година, Георги Караџов трајно се населил во СССР. Во јули-август 1935 година учествува на Седмиот конгрес на Коминтерната во Москва. Од 23 јули 1936 година Караџов започнал да работи во Музејот на револуцијата во Москва во Одделот во одделот за Коминтерната.

На 22 јуни 1941 година се приклучил на Црвената армија како волонтер. Бил помошник началник на штабот на 1295-от стрелачки полк и политички комесар на полкот. Тој бил ранет кај Вишниј Волочок, но по закрепнувањето повторно заминал на фронтот. Загинал во битка со германските војници во близина на Киев, на брегот на реката Днепар на 7 јули 1942 година.