Среда, 11 Декември 2019    PDF Печати Е-пошта
Сандо Китанов

Sando

Александар (Сандо) Китанов (1881 –23. XII 1906) е македонски учител, револуционер и војвода.

Бил активен член на Македонската револуционерна организација (МРО), учесник во Аферата Мис Стон и четник во четите на Гоце Делчев и Крсто Асенов. По Илинденското востание бил војвода во Кукушко и во Малешевско. Загинал заедно со Даме Груев во борба против османлиската војска на врвот Петлец кај с. Русиново.

Александар Китанов е роден во 1881 година во горноџумајското село Лешко, Пиринска Македонија. Учел во егзархиското училиште во Горна Џумаја, а потоа во 1898 година завршил педагошко училиште во Скопје. По завршувањето на педагошкото училише извесно време работел во родното место, а од 1900 година работел во егзархиското училиште во Горна Џумаја.

Неговиот брат Петар Китанов бил активен деец на Македонската револуционерна организација и Александар познат како Сандо Китанов уште како ученик станал член на градскиот комитет ма Организацијата во Горна Џумаја. 

Во 1901 година, Санде учествувал во аферата Мис Стон. Тој станал четник во четите на Гоце Делчев и Крсто Асенов. По Илинденското востание бил војвода во Кукушко и во Малешевско. Го придрушувал Даме Груев за време на неговата обиколка низ Македонија.

Во средината на делември 1906 година Санде Китанов заедно со Даме Груев, Горги Карчев. Георги Поп Стојанов, Владимир Чопов тргнале во правец на Малешевијата. Уште на самиот почеток тие биле поткажани и била организирана потера по нив. На 22 делември 1906 година четата ноќевала во беровското село Русиново, кое било опколено од многуброен аскер.

За да не настрада невино население, македонските револуционери другиот ден рано утрото на 23 декември 1906 година побрзале да се извлечат од селото при што дошло до престрелка. Прв бил убиен Георги Поп Стојанов, а потоа бил погоден и војводата Сандо Китанов, кој пред да почине извикал „Браќа умирам, да живее Македонија“. Првично Карчев и Даме Груев се извлекуваат но на стотина метри од врвот Петлец паѓаат во нова заседа и загинваат.

Нивната смрт е опеана во малешевската народна песна „Низ Петлец идат трима војводи“

Низ Петлец идат трима војводи
идат и питат за Русиново.
Првиот беше тој Дамјан Груев,
вториот беше Атанас Карчев,
третиот беше Сандо Китанов,
идат и теглат за Русиново.

Куга спандаха во Русиново,
там ѝ дочека Коле Чукаров.
Ка ѝ дочека, они питаха
за чорбаџи Димо Алаџозов,
Алаџозов, прочут чорбаџија.

Куга четата ја разместиха,
војводите у Димо хојдоха.
Бог да убие наште ишпиони,
што предадоха славната чета,
славната чета, чујен војвода,
чуен војвода - Дамјан Груев!

Турци дојдоха, село заградиха,
Турци дојдоха, село опсадиха.
Догледала ѝ првата стража,
првата стража од бела скала,
па си соопшчава на војводата:

- Ајде војводо, ајде Дамјане,
Русиново здраво опсадено,
здраво опсадено од Турците,
Дамјан се спрема, хладно говори:
- Ајде другари, ајде четници,
дојде време борба ќе водиме,
борба ќе водиме в Русиново.

Дедо Димо вратата отвори,
ка врата отвори, пушка пукна,
пушка пукна - Димо мртов падна!
Димо падна, бабата му рипна,
бабата рипна и мртва падна,
Дамјан се реши, пушката зема:

- Ај со мене, ништо не чекајте!
Борба се почна, село се дими,
село се дими, децата пискат
децата пискат, мајките плачат,
четници излагат, кај ка може,
четници излават, се спасават.

Ка прирапаја прво ја паднал,
прво ја паднал Сандо Китанов,
Сандо Китанов прва жртва бил,
Атанас Карчев напред си врви
и след него иде Дамјан Груев,
Дамјан ранија, на Карчев дума:

- Оди Атанасе, спасавај се!
Спасавај се, кој како знае!
Карчев му вели, вели говори:
- Крачка не тргам јазе од тебе!
Карчев говори на Мирчо Чопов:
- Ти го знаеш, Мирчо, зборниот пункт,
не ме чекај, Дамјан не оставам.

Куга четниците излегоха,
Дамјан и Атанас останаха,
двата останаха дор погинаха,
Турци ѝ гонат, свето се памети!
Зачекала и онаја војска
турската војска од Безгашчево.

И они не се могли да идат,
они са душа они оставили
на Трнков преслав, при таја чешма.

 

На прво место

News image

СДСМ ја врати државата во времето после втората светска војна

Јанушев: СДСМ ја врати државата во времето после втората светска војна односно во периодот после 1...

Историја

News image

ЕКСКЛУЗИВНИ ДОКУМЕНТИ СВЕДОЧАТ ДЕКА СИТЕ СЛОВЕНСКИ ЈАЗИЦИ ПОТЕКНУВААТ ОД МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

Документ кој датира од 1967-та, 1968-та и 1969-та година беше ексклузивно обелоденет во „Отворено ...

Иселеници

Култура и туризам

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (4)

ЕПИСТЕМОЛОГИЈА НА ОНОМАСТИКАТА НА ПАНОНИЈА (ДЕЛ II)

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.