Среда, 31 Јули 2019    Печати
Александар Чакаров

CakarovАлександар Чакаров

Александар Чакаров (1869 – Битола, 1910) е македонски просветен деец и револуционер, учесник во македонското ослободително движење и член и раководител на Македонската револуционерна организација. Чакаров бил еден од првите посветени во Македонската револуционерна организација во Западна Македонија. Се издигнал како Охридски регионален раководител и за време на Илинденското востание е член на горското раководство на Охридскиот револуционерен реон. Бил уредник на весникот Автономија и бил  познат под псевдонимит Автонимија

Александар (Санде) Чакаров е роден во 1869 година во градот Струга, во преродбеничко и револуционерно семејство. Тој е син на Георги и Агнија Чакарова и брат на дејците на Македонската револуционерна организација Станислав, Анастасија и Славка Чакарова, која го создава женското друштво „Светлина“ и го шие знамето на правата чета од околијата.

Во 1889 година Санде Чакаров ја завршил Солунската машка гимназија, а потоа работел како учител во Струга, Охрид и Гуменџе. Во Струга бил главен учител во егзархиското училиште и заедно работел со П. Дудулов.

Во 1894 година, учителот Александар (Санде) Чакаров станал еден од првите посветени во Македонската револуционерна организација во Западна Македонија. Во текот на август истата година, тој учествува на Ресенскиот конгрес на ТМОРО. Брзо се издига во хиерархијата и станал охридски реонски раководител.

Во 1901 година, итно бил повикан во Солун да преземе дел од функциите на Централниот комитет на МРО, чии членови беа уапсени во врска со аферата во Солун. Во 1903 година, тој беше назначен за член на Струшкиот околиски комитет заедно со Милан Несторов, Теофил Мушмов и Милан Матов.

На Смилевскиот Конгресот Матов и Чакаров испратија писмен предлог поради близината на албанските земји во востанието да се вклучи само дел од струшкиот регион, која е источно од Црни Дрим без самиот град, што беше одобрено и овој реон беше подреден на Охридското горско началство, во кое бил вклучен и Чакаров како подреден на Христо Узунов.

Чакаров бил уредник на весникот Автономија, од кој во месец август 1903 година ќе се појават три броја. По востанието, Александар (Санде) Чакаров, познат под псевдонимот Автономија, преку албанските земји и Црна Гора се преврлува во Бугарија, каде потоа работел како учител во Новоселци, Софиско.

По Младотурската револуција во 1908 година, Чакаров бил ослободен и повторно зел активно учество во политичкиот и културниот живот. Тој бил почитуван од македонската интелигенција. од население, како и самите турски власти. Исто така бил почитуван од македонските дејци во Македонската револуционерна организација и неговиот збор се слушал. Но за жал, лоша здравствена состојба предизвикала негова прерана смрт.

Александар Чакаров починал во 1910 година во Битола.