Среда, 08 Мај 2019    PDF Печати Е-пошта
Димитар Матов

MatovДимитар Матов

Димитар Матов (15. V 1864 – 15. IX 1896) е истакнат македонски фолклорист и етнограф, деец на Врховниот македонски комитет. По завршувањето на високото образование во Русија се враќа во Македонија, каде што во учебната 1888/89 г. ја почнува својата кариера на наставник во Солунската гимназија. Во овој период почнува и неговиот зголемен интерес кон јазикот и фолклорот, па системно и неуморно ја проучува македонската културна традиција.

Димитар Христов Матов е роден на 15 мај 1864 година во Велес. Со основно образование се стекнува во родното место, а потоа, од 1878 година образованието го продолжува во Русија, во денешните украински градови Николаев и Харков. По завршувањето на гимназијата во Николаев, студира на Историско-филолошкиот факултет во Харков каде слуша лекции по лингвистика кај Александар Потебња, а историја кај Марин Дринов.

По завршувањето на високото образование, Димитар се вратил во Македонија и во учебната 1888/89 година, почнал да работи како учител во Солунската гимназија. Во Солун останал да работи две години. Во овој период почнува и неговиот позголемен интерес кон јазикот и фолклорот, па системно и неуморно ја проучува македонската културна традиција. Станал редактор на списанието „Книжици за прочит“, кое го издава книжарницата на Коне Самарџие

По две години поминати во Солун, Димитар заминал на специјализација по славјанска филологија кај Јагич и Лескин. Во 1891 година учел кај Ватрослав Јагич во Виена, а во 1892 година кај Август Лескин во Лајпциг.

По завршувањето на специјализацијата,  Димитар Матов се преселил во Софија, Бугарија, каде работи прво како учител во гимназија. Потоа бил назначен за соработник во научното списание на проф. Иван Димитров Шишманов “Сборник за народни умотворения, наука и книжнина“, на кое во шест години му втиснува белези на високонаучно гласило. Во истиот период активно соработува и во списанието “Български преглед“, во кое објавува серија забележани трудови од областа на историјата, јазикот и фолклористиката.

Матов во своите фолклорни дела ја следи теоријата на миграција и прави споредби помеѓу бугарскиот фолклор и фолклорот на балканските, славјанските и другите народи. Во 1893 година, Матов кој станува пробугарски ориентиран, ја објавил брошурата "Српско-бугарски етнографски аргумент пред науката" („Сръбско-българската етнографска препирня пред науката“), во која ги прекорува српските аспирации кон Македонија.

Извесен период, Димитар Матов е вмешан и во општествено-политичките настани. Тој е истакнат деец на македонската емиграција во Бугарија, пишувајќи многубројни трудови за македонското прашање. Во 1895 година на Вториот македонски конгрес Матов е избран за член на Врховниот македонски комитет, на чие чело се наоѓал Трајко Китанчев. Тој работи како секретар на Врховниот македонски комитет,.

Димитар Матов се занимавал со собирање на фолклористички материјал од Велес и Велешко и печател студии од областа на јазикот и фолклорот. И самиот почнал да пишува, при што оставил скромни траги во поезијата, сметајќи ја како „грев на младоста“. Негови литературни дела се песните „Македонија“ и „Сурвакана на 1881 година“. Во нив ја истакнува својата приврзаност за автономна Македонија.

Димитар Матов починал на 15 септември 1896 година. Умира мошне млад по неуспешна операција во Дрезден, Германија. Смртта го затечува како доцент на Софискиот универзитет.

 

На прво место

News image

Заев се наоѓа на врвот од октоподот

Заев се наоѓа на врвот од октоподот

Историја

News image

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Иселеници

News image

Академикот Ферид Мурад – американски нобеловец (10)

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ – САД

Култура и туризам

News image

Триумфални порти (арки) во Битола

Триумфални порти (арки) во БитолТриумфални порти (арки) во Битола

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (22)

ПЛЕМИЊАТА  ЈОНЦИ И МИНОИ ОД МАЛА АЗИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.