Среда, 12 Септември 2018    Печати
Магдалена Антова

Magdalena AntovaМагдалена Антова (20. VI 1920 - 14. X 1941) е македонска партизанка, учесник во Народноослободителната борба (НОБ). По фашистичката окупација на Кралството Југославија во 1941 година, таа заедно со својот брат успеала да ослободи неколку заробени југословенски војници, а прибрала и поголемо количество оружје за МК на КПЈ. Била борец на Карадачкиот партизански одред и била првата загината македонска партизанка во НОАВМ. 

Магдалена Јорданова Антова е родена на 20 јуни 1920 година во Куманово. Како млада девојка таа морала да работи како обична работничка шивачка. Чуствувајќи ја врз себе суровоста на експлатацијата на тогашниот систем, таа се придружила на работничкото движење. Во 1939 година, Магдалена беше една од првите младинки кои пристапија на Сојузот на комунистичката младина на Југославија (СКОЈ).  

Магдалена своето политичко образование почнала да го надополнува со следење на разни списанија и брошури, што тогаш полулегално се ширеле меѓу младината од рака на рака. Прогресивната литература која и била на располагање и која со љубов ја читала, и овозможила да стане една од најдобрите агитатори на напредните идеи меѓу жените, а посебно меѓу работничката женска младина.  

Нејзината работа била заблежана од раководството на СКОЈ. Во текот на 1940 година,  нејзе и било доверено да раководи со една скоевска група. Магдалена од тој момент целосно го посветила својот живот на работата во младинската организација.

Магдалена учествувала на сите масовни излети што биле организирани од Месниот комитет на Кумунистичката партија за Куманово. Поучена од примерот на повозрасните сопартијци, таа ги собирала околу себе младинките – работнички и меѓу нив ги пропагирала напредните идеи. Со својата скромност и речитост таа станала омилена меѓу нив.  

По окупацијата на кралството Југославија во 1941 година, Магдалена со несмалена сила продолжува да работи за Скоевската организација. Таа успеала да ослободи неколку заробени војници од војската на Кралството Југославија, а со братот Методи прибрала поголемо количество оружје за потребите на МК на КПЈ.

Кога кумановската партизанска организација започна со продирање на село, по Мајската партиска конференција – 1941. година, Магдалена стана член на една од агитационо-пропагандните групи. Во состав на оваа група Магдалена скоро секоја недела вршела политичко влијание меѓу селската женска младина. Таа ги читала и обработувала разните летоци, прогласи и друг илегален материјал, ги објаснувала дневните настани и статиите од органот на МК „Дедо Иван“ 

По донесувањето на одлуката за отпочнување на вооружено востание од страна на Покраинскиот комитет на Комунистичката партија на Југославија за Македонија, Магдалена го предала оружјето и муницијата кои со брат и ги имала скриено во нивната бавча. 

На повик на партијата, ноќта на 12 октомври 1941, Магдалена се нашла меѓу 15 борци кои се собрале на зборното место „Менкова колиба“, четири километри јужно од Куманово, каде бил формиран Карадачкиот партизански одред.   

Магдалена Антова била борец на Карадачкиот НОПО од 12 до 14 октомври 1941 година. По извршено предавство од селскиот кмет Одредот набрзо бил опколен од бугарската војска и полиција во една селска воденица во реонот на село Белановце и загинала заедно со повеќе свои соборци. 

Во битката загинале седуммина борци на Одредот, додека останатите осум се заробени. Во борбата загинале Боро Менков, Перо Георгиевски - Чичо, Киро Бурназовски, Аритон Димковски - Тонко, Бајрам Шабани, а Наце Ивановски - Буѓони е стрелан на лице место. Останатите биле затворени. Во борбата загинала и Магдалена Антова која станала прва жена борец од Македонија која загинала во НОВ.