Среда, 27 Јануари 2010    PDF Печати Е-пошта
Александар Лековски

Со диригентска палка, македонскиот ритам се претстави низ тоновите на сите континенти

Неговите "Македонски Танци" за симфониски оркестар се диригирани повеќе пати со голем успех на гостувањата во Русија и Германија. Танци оценети како вредни да се споредат со Словенските Танци на Дворжак. Светот го памети Александар Лековски по Македонскиот ритам и виртуозната диригентската палка....
Александар Лековски
Александар Лековски - Лекај, човек кој со диригентската палка ја претстави Македонија и Македонскиот ритам низ светот, е познат во Македонската јавност како Директор на Операта и Балетот при Македонскиот Народен Театар - Скопје, Директор на Македонската Филхармонија, Прв диригент во Операта и Балетот во Белград, главен диригент на Хорот на Македонската Радио и Телевизија, професор на универзитетите во Скопје, Приштина и Тетово (каде е и сенатор), Председател на Сојузите на Композиторите - Диригентите - Музичките Уметници -Музичките Синдикати - Музичката Младина на Македонија...

Тој го стекнал своето музичко образование во Скопје, а во Загреб и Белград со магистратура. Неговата специјализазација продолжува со студиски престој во Рим и во Милано.

Награди освоени за време на неговиот професионален ангажман:

• Со Универзитетскиот Хор -Скопје ја има добиено првата награда во првата класа за мешани хорови и
• Две втори награди на натпреварот ИНТЕРТИЕ 1982 Миддлесбороугх Цлевеланд Енгланд.
• Има добиено награда 11 Октомври (1975) на Република Македонија за диригирање на Вердиевиот 'Реквием',
• Награда на СМУМ за Бетовеновата 'Петта Симфо-нија' и за
• неговата симфониска поема "Илинден-" (1993) Награда на СОКОМ
• за неговата Кантата "Ела - Игри на Љубовта" за мешан хор, симфониски оркестар и џез квартет (1993).
• Награда на СОКОМ за Животно Дело 2003.

Александар Лековски - Лекај посети многу држави во светот, и вреди да се спомене дека при неговите посети на Русија, родната земја на Чаиковски, му беа доверени (како на еден од ретките гости - диригенти од светот) интерпретациите на симфониите бр. 4 и бр. 6”патхетиц” ", балетот "Лебедово Езеро," и "Првата Симфонија" од Д. Шостакович.

Композиторот Лековски му дава посебна оригиналност на третирањето на ритамот - како инспирација од балканскиот музички фолклор кој е меѓу најбогатите во светот. Во последно време тој создава интересна синтеза со џез музиката која е негова инспирација уште од студентските денови. Така. експериментално реализира за Македонската Радио-Телевизија интерпретации и на светските хитови ("Ѕестердаѕ" и "Мицхелле" од Тхе Беатлес) во рамките на балканските ритмички структури 9/8 (2223).

Вреди да се спомене дека во неговата последна оркестрација на фрагментите од операта "Порги и Бес" од Гершвин, за солисти, хор и симфониски оркестар, во завршниот дел тој го користи својот 9/ 8/ 2223 метар, наизменично со Гершвиновиот 4/4 метар во истата музика. Неговите "Македонски Танци" ( Бр. 1.2.3.) за симфониски оркестар биле диригирани повеќе пати со голем успех на гостувањата во Русија и Германија. Овие Танци се оценети како вредни да се споредат со Словенските Танци на Дворжак.

Едно од неговитв најимпресивни дела е Кантатата " Елан-Игри на Љубовта" –, која по изведбата на Деновите на Македонската Музика 1993 - Академикот Властимир Николовски ја нарече -Нова Кармина Бурана. Оваја Кантата беше дел од истоимениот балет на отворањето на јубилејното 35-то Охридско Лето 1995 година. Делото се изве-дува како балет на либретото од авторот на музиката. Во кантатата "Елан" е карактеристична инволвираноста на џез квартетот со соло импровизации како и учеството на публиката во изведбата.

На покана од Друштвото на хорски диригенти од Шведска (Гете-борг) 1985, Александар Лековски – Лекај зеде учество као диригент-композитор и предавач на Сминарот за Македонска музика, кога беше пријатно изненаден од учесниците на семинарот со нивното постојано инсистирање за повторно изведување на една негова композиција за хор со ритам-секција во 9/8 (2223) метар од која покасно (2000-та год.) настана атрактивната симфониска музика - Обединети - со сопствен текст, посветен на Обединетите Нации.
На 24 јануари 1997 год. Лековски-Лекај оддржа предавање на Државниот Универзитет во Мајами (САД) во рамките на Форумот за композиции на тема "Од Балканот кон светот преку музиката" со музички и кореографски илустрации. Истото преда-вање беше одржано во Кореа на универзитетот ДОНГ-А - Пусан на 26 мај 1998, на универзитетот ХАНЅАНГ во Сеул на 27 мај 1998 и на 28 мај 1998 на отворањето на 21от Форум (Лига на азиски композитори) во Сеул.

За време на своето гостување во Русија во 1989 како диригент (диригираше : Д.Шостакович - И Симфонија, и неговите Македонски Танци) тој одржа предавање за својата музика на покана на Друштвото на Композитори во областа Вороњеж.
Со неговата композиција за хор "Боемот", многу хорови од Скопје имаат добиено награди од европските фестивали: Арнхем-Холандија 1987 (прва награда), Дебрецин-Унгарија 1984 (прва награда), Нерпелт-Белгија 1998 (прва награда)...

Еден од неговите понови трудови -"Јужни бранови" (траење 12'), по долготрајните подготовки (првите скици беа направени во Мајами и Њујорк во јануари 1997) за прв пат беше презентиран на 22 мај 1998 во Пусан - Кореа, со Симфонискиот Оркестар на Универзитетот ДОНГ-А. "Јужни бранови" го симболизираат немирниот Балкан, со не-колку фолк-теми (албанска, американска, грчка корејска, македонска и српска) кои се презентирани одделно и во кулминација заедно, со соло инструментални импровизации. Диригевт на оваја прва изведба во светот, беше проф, Ванчо Чавдарски, кој за Сојузот на Композитори на Македонија изјави дека во својата догогодишна пракса не памети толку голем усоех кај публиката, на еден современ композитор... .

Преку својата музика Лековски предлага синтеза инспирирана од балканската мело-ритмичка основа (од азиско потекло) со афро-американско влијание преку џезот и со хармонските и тонални кара-ктеристики од европската музичка традиција. Преку балетот и танцот тој исто така сугерира нови кореографски движења кои можат да откријат еден нов вид на танц. Така, според песимистичниот Морис Бе-жар "светот заборавил да танцува . . . ова е цивилизација на сакати, инвалиди. . . ", А.Лековски -Лекај верува во максимата "Ритам на Животот - Енергија на Вселената".

Од 2000-та година, почнувајќи да се служи со компјутерска техника за музички програми, Лековски-Лекај ја интензивира композиторската делност со новите дела : Обединети - ( за солисти, хор и симфониски оркестар) посветено на О Н; Опсесија - (солисти или хор и симф. Оркестар ); базирано на средневековна тема од Ј. Кукузел; Албански Симфониски Танци ; Прелид и Фуга - Свјат (солисти - хор - симф. Орк.) со универзални религиски цитати од текстовите : латински, старославјански, византијски, арапски, будистички...;

Симфониски Танци бр. 8. 9. и 10.

2006

Композиторот и диригент Александар Лековски е добитник на наградата за животно дело "Трајко Прокопиев", која ја доделува Сојузот на композиторите на Македонија. Наградата ќе му биде врачена на вечерашниот симфониски концерт, кој ќе го одржи Македонската филхармонија во Домот на армијата, во 20 часот. Концертот се одржува во рамките на манифестацијата "Денови на македонската музика".

Делото за симфониски оркестар "Егзодус 2001", од Томе Манчев ја доби наградата "Панче Пешев", која СОКОМ ја доделува за најдобро премиерно изведено дело од наш автор во претходната година. Даринка Матиќ-Маровиќ ја доби наградата "Ѓеорѓи Божиков", за најдобра изведба на дело од македонски автор во претходната година.

Со симфонискиот концерт ќе раководи холандскиот диригент Конрад ван Алфен, кој е почесен гостин на годинашните "Денови на македонската музика". Солистички ќе настапат: Блерим Груби, на виола, Димитрије Бужаровски, на пијано, сопраните Надежда Петровска и Александра Лазаровска, тенорот Ѓорѓи Цуцковски и басот Лазар Стефановиќ. Ќе бидат исполнети дела од Панде Шахов, Сони Петровски, Ристо Аврамовски и од Димитрије Бужаровски.

"Егзодус 2001" го изведе Македонската филхармонија на манифестацијата "Денови на македонската музика", под диригентство на Даринка Матиќ-Маровиќ од Србија и Црна Гора. Таа е наградена и за изведбата на концертот со Македонската филхармонија и со Академскиот хор "Колегиум музикум" од Србија и Црна Гора, на манифестацијата во 2007.
 

На прво место

Историја

News image

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПС...

Култура и туризам

News image

ВРЕМЕ Е

Чедомир Б.Шопкиќ

Фељтон

News image

Александар Македонски (62)

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.