Среда, 08 Декември 2021    PDF Печати Е-пошта
Охрид во минатото

old-ohrid-240Мaтеријалот за песните појќе го ц’рпефме од Садила. Јас слушајќи го Садила ко дете се вљубив во него и, просто, тој свирит јас го голтам, ’ и голтам песмите. Татко ми, рекоф имаше триесет и седум песми во та Охридско-преспанска лира. И после јас со еден магнетофон одеф по стари охриѓани, оту нас ни беше проблем не само мелодијата, него и зборојте на песмите.

old-ohrid

Мaтеријалот за песните појќе го ц’рпефме од Садила. Јас слушајќи го Садила ко дете се вљубив во него и, просто, тој свирит јас го голтам, ’ и голтам песмите. Татко ми, рекоф имаше триесет и седум песми во та Охридско-преспанска лира. И после јас со еден магнетофон одеф по стари охриѓани, оту нас ни беше проблем не само мелодијата, него и зборојте на песмите. И одеф, пример, комшија ми беше Викторија Поп Стефанија, та беше извор на песми и ќе ги слушав, дали Викторија или рибарите или некој други стари жени шо живееја во Охрид, или мажи шо беа, шо пееја убаво и знаеја и ја ќе одеф кај ними, ќе ги снимеф на магнетофон и после ги обработвефме песните. Кај нас старите песми охридски се едно дејствие, се десило нешто, некоја работа и на основу то дејствие шо се десило настанала песма. Пример за Зарчета. „Ќе ме грабит...“ (за песната „Ќе ме грабит, нане, тој Никола“-заб), тие ошле да ја грабет, таја избегала кај Бакаловци, па дошле со чун, па го однесле Лин, то е едно албанско село па се вратиле назад. За Џоџета (за песната „Бог да бие, Русе, твојта мајка“). Џоџе си бил така, малку шеговит, како да речит чоек. Џоџе се шетал со кајчето, а Руса од Банџовци седела на мост. Тој чун че земел ама чун да управљаш требит четворица. Џоџе сам и к’рмел и веслал и така да ојт да е видит убавицата покрај езерото тука, и тој сам си пеел за нејзе, „сам си веслат Џоџе, / сам си примат, / песма пејт / све за тебе“. Сакам да речам додека јас не навлезеф во историјатот како е настаната та песма уопште не влегвеше во репертоарот и не е снимафме. А за Фросина, за Фросина сум биден дури Јанина. Пошчо Фросина беше од Јанина, постојт една ваква легенда: Фросина била мома убава, мажена за некој богаташ од Јанина. Меѓутоа, таму бил Али-паша Јанински. Син му се заљубвит во Фросина и је присиљвит, Турците беа на власт, тије командуваа, тие праеја и под присилба е присиљвет Фросина да одит со син му на Али-паша Јанински. Тој толку се заљубил во нејзе, шо го земат прстенот од мајка му, венчалниот прстен од мајка му, и е го дават како поклон на Фросина. М’ж је од Фросина, фамилијава, сакет да му кажет на бегов да го сопрет, да го заприт синов да не ојт ваму, таму, тој не вервал. Меѓуто, му го дале прстенот од жена му и тој кога го видел прстенот од жена му, наредил Фросина да е удает во Јанина, оту таму имат езеро исто как’ шо имат и овдека. Кога разбрала Фросина, е казале, кога разбрала оту сакает да е удает, Фросина избегала во Охрид и зато е настаната онаа песна „Фросино моме убаво, /скри си го белото лице...“ и такви некој работи. Фросина доваѓат во Охрид и е мажена за еден охриѓанец. Така е настанала та песна „Фросина...“ Од Зарчета рекофме песмава. Тој бил Никола ама девојкава била таксана за други и не кандисвела за него. И тога решил да е грабит. Кога разбрала ова дека ќе е грабит, избегала до Б’к’лов Мост. Б’к’ловци се горе, над летното кино сега. И Никола решил да е грабит. И повикал еден чун, во чунот биле, шо пејме во песмата се спомвет „со дебрани и мокрани“, а се знајт дека дебраните биле чувари на езерото и мокрани и слегле полу Подкади со чунот, а два три души се качиле горе да е грабет и да е носет Лин. Меѓуто, во песмата се пејт, му велит внуката на војкото: ...„подај ми го шејшането,/ ти ќе полниш, јас ќе фрљам...“ Фактички биле две шејшанина, едното се полнит, другото пукат. И со первата пушка кога пукнала, го ранила и оттука го зеле Никола од Зарчета в чун, со чун го однесле Лин. Лин, Никола седел пет-шес месеци додека заздравил и така се вратил назад. Сакам да кажам, една песна охридска, то е едно дејствие.

Песмата „Ќе се грчам, ќе се турчам, ќе го земам Осман бегот...“ (се работи за песната „Ја излези стара мајко на пенџерето“) е настаната ќе Тасевци овдека, над Сараишче, на улицата „Самоилова“. Тој Осман-бег оттука поминувал со којн бел и одел горе Имарет. Ама бил ногу убав и којнот бел и ко ќе идал оддалеку се слушало касајнето, идајнето на којнот. И ко ќе излезела на пенџера, та била исто ногу убава и ќе го гледала и ќе го гледала кај шо тој варвит од куќата горе. Ко ќе се врашчал, пак излеглвела на пенџерето да го гледат. И је велит на мајка је: „Ја излези стара мајко на пенџерето/ па да видиш кој помина /ми помина Осман бегот, мила мајче ле...“ После пејт „Ќе се грчам, ќе се турчам ќе го земам Осман бег...“ и така натаму. „Ќе ме носит на Сараишче“, а не „ќе ме носит Свети Наум“, тука е Сараишче, а Сараишче имаше кајчина и све то „ќе ме шетат со кајчето, мила мајче ле...“ И то на крајот мајка е је велит: „Немој ќерко, некој душо, / тој е Турчин верба немат,/ каурка не земат“. Ето така, та песма во малава наша е настаната.

Јас имам испеано песми за охридските војводи: Васил Чакаларов, тој не е охридски, за Методи Патчев, Христо Узунов, Аргир Маринче и многу други песми, ама јас сум бил во прилепското село к’де е загинат Методи Патче па сум бил на гробот на Христо Узунов во Цер. Сакам да речем додека не е знаеф историјата на тој војвода како е, шо е, како се бијал, со кого се бијал, з’шо како уопште не снимаф песна. Имав една песна за Васил Чакаларов к’јојдоф дури Клисура, а Клисура то е во Егејска Македонија. Пример, јас имам две песни за Лазар Поп Трајков, поправо три „Народе македонски“ и песмата за Чакаларов. Тие биле големи војводи. Сакам да речам ногу тешко се имаме пробивано во тие песни, зашчо охриѓани немаше ногу стари, некоја знајт два реда некоја знајт три реда, така сме ги снимале песните и сме напрајле една комплет песна, и така сме го стварале тој репертоар.

Сум трагал за песната „Народе македонски“. Сум е вртел цела Преспа одозгора од Лерин десно, па ко ќе одиш за Костур, тука се Загоричани, кое три пати е изгорено. Песнава „Народе македонски“ е настаната во Загоричани, кога го земат, кога го фашчет војводата Марко Лерински тој е војвода наш, и го носет Лерин; пред да го бесат му наместиле столица, а во то село Загоричани имало леарница за бомби за време на Илинденското востание три пати е изгорено то село, сакам да кажам го носет во Лерин му клавет столица и последниот збор да го кажит, тој наместо да кажи последен збор ја испеват песмава „Народе македонски“ и по мене така е настаната песната „Народе македонски“. Го барат тука, му кажвит на народот да се не плашит од Каравангелис тој грчкиот владика кој бил за Македонците страх и трепет, во вреќи од компири ги носел главите на македонските војводи. И кога му наместиле во Лерин, народ се собрало ногу, кога му наместиле столица и горе бесилка за да го бесет, му давет да кажит последен збор и тој наместо да кажит последен збор е испеват песнава „Народе македонски, со какви идеи си ти“ и такви некој работи. Така е по мене, како шо сум барал по стари љуѓе низ Загоричани, настанала песната.

(К. Поп Стефанија, 1935)

ОдкнигатаТакасезборувавоОхридприредилеЛилјанаГушевскаиЛилјанаМинова-Ѓуркова, Скопје 1999.

 

Подготви:МаркоКитевски

 

Историја

News image

Водици или Богојавление

Именден празнуваат: Богдан, (значи даден од Бога) Богдана, Бојан, Богомил (значи мил на Бога) , Јо...

Иселеници

News image

„НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДОСТИГНУВАЊЕ ЗА 2022 ГОДИНА“ НА ОМД ОД ВАШИНГТОН ЗА СЛАВЕ КАТИН

На предлог на претседателот на организацијата „Обединета...

Култура и туризам

News image

ПОЕТСКИ МОЗАИК од поетесата Гордана Димовска како мост за спојување на далечините просторни и бележење на времињата

Поетесата Гордана Димовска својата видлива линија на заинтересирано премостување на далечните прос...

Фељтон

News image

ДЕЛ ОД ПОБЕДИТЕ НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) ВО ИНДИЈА (18)

Стрелците, кои јавале на коњи, први нападнале и речиси веднаш ги онеспособиле бојн...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.