Петок, 23 Ноември 2012    Печати
ПРОМОЦИЈА НА КНИГА “БОЈДА - КОРЕНИ НА НАЦИОНАЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ“

Gora_8.5.2011_festival-001НИЕ СМЕ МУСЛИМАНИ, АМА СМЕ МАКЕДОНЦИ!


22 ноември 2012 година, Скопје, Македонија -

Во организација на Сојузот на Македонците со исламска религија денес во Музејот на македонската револуционерна борба во преполната сала се одржа промоција на книгата “Бојда - корени на националниот идентитет“ на Исмаил Бојда, по избор на Жаклина Трпевска.

Изданието на Сојузот на Македонците со исламска религија, насловен “Бојда - корени на националниот идентитет“ претставува сторија за едно движење, на една вера, на исламот меѓу Македонците, игрите со Македонците поради верата, битките за афирмација на Македонците по потекло, муслимани по вероисповед, на борбата на Исмаил Бојда за неговото место под сонцето и месечината со вистината. Впрочем, насловите во книгава се одбрана на македонскиот етно-национален идентитет, а не потрага по своето име и презиме.

Gora

Книгата содржи стории за Македонците со исламска религија и коментари на авторот Исмаил Бојда, актуелен претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија.

Книгата има за цел да го поткрепи идентитетот на Македонците по потекло, муслимани по вероисповед, како нераскинлив и неотуѓив дел на македонскиот народ, заедно со Македонците христијани.

Промотори на книгата беа Бранислав Светозаревиќ, директор на Музејот на македонската револуционерна борба, амбасадорот Ристо Никовски и Тодор Петров, претседател на Светскиот Македонски Конгрес. За книгата зборуваа и Исмаил Бојда и Жаклина Трпевска, а рецитации имаа Виолета Сековска и Сузана Тодоровска.

Песни и ора од Гора изведоа учениците од Музичко-балетскиот училишен центар “Илија Николовски - Луј“ од Скопје.

На промоцијата присуствуваше и претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, кој покажа интерес за проблемите на овој дел од македонскиот народ.