Среда, 24 Октомври 2012    Печати
Македонци во Индија

... Беше си биле...

Ангелина Маркус

indiaФалангата крстареше по светот пред двеилјади триста триесет и три години. Александар гологлав ги предводеше Македонците во сите победи. Зад него застануваа сите умни луѓе од Македонија: научници, филозофи, архитекти, уметници и сите си ја вршеа својата работа пред отворените порти на многу народи на исток каде што Александар се движеше по патот на сонцето обединувајки го светот со својата космополитска идеја.

Неколку градови i vojski се испречија и мораше да бидат уништени до темел со цела војска. Тоа беше Теба, Тир, Граник, Ис и Гавгамела. Со тоа Александар си го чуваше грбот во Македонија и славата по светот. Последна битка беше во Индија со Пор - Целото друго време Александар го посвети на градење на градови Александрии, царски патишта и светилишта оставајки секаде дел од македонска душа. Светот во својата меморија го задржал Александар до степен на митологија. Во таа светска историја Александар внесе лична оригиналност и духовност, лична среќа и разбирање за исходот на сите опасности во непознатиот свет. Не само луѓето и народите, туку и боговите му помагаа.

Уште како дете со бистриот ум го истражуваше непознатото. Така сам отиде во шумата да види како расте висок дрен и до шест метри од што се прават копја за фалангата. Таму откри калем на дрен со дрен без да се примети спој на стеблото.

И ако лав во хороскопот што не сака вода, се впушти  во бујниот Ансај да тренира премин на река без мостови и да се спријателува со речните богови.

Сé што оди, лета и плива го предизвикуваше неговото љубопитство со инстинкт за опстанок. Со голема интуиција, вродени предчувства и знаења за природата ја збогатуваше свеста со разни сознанија.  Се консултираше со сите, одлучуваше сам со непогрешивост во предвидувањата, како да ги изненади непријателите и ги развесели другарите. Знаеше како да ги помини пустињите и планините, како да победи десетпати помногубројна војска, како да го одржува духот и довербата кај Македонците, знаеше сé и можеше сé.

Воведен и посветен во Македионските мистерии од претците уште како дете беше запознаен со моќта и помошта од Боговите. Сам ги проучувал проблемите, сам размислувал, сам одлучувал, планирал за ништо да не го изненади по патот на сите победи за Македонија.

Кога се менувале условите се менувала цела тактика или се пренаменувала фалангата. Така било и во битката со Пор во Индија. Никој не можел да сфати што спрема Александар. Пор чекал со распореденин повеќе илјади војска, со многу слонови и разно оружје. На Александар како и пред битките кај Гавгамела со Дарие му се врзмала мисла дека снагата нее во мноштвото. Изгледаше како да се повлекува, откажува а тој самиот градеше удар врз митолошка основа. Од како разбра за Индискиот култ кон кравата како свето животно Александар нареди да се соберат илјадници крави од сета пристапна територија. Пор со многубројната индиска војска тргна спроти фалангата. Македонците се разделија и ги пропуштија светите крави подгонети во станпедо. И луѓето и слоновите во паника се напаѓаа едни со други бегајќи пред налетот на обожаваните свети крави не сакајки да ги скрнават со отпор. Ниеден македонец не погина. Пор не побегна срамно како Дарие уште поправедно се предаде барајки од Александар да постапи со него царски предавајќи му го  големото индиско царство и баснословното богатство.

Паметната постапка на Алрксандар во Индија се почитува како култ. Многу индијци и денеска се прикажуваат како Македонци по женска линија и Буда го прикажуваат наметнат со црвена Македонска хламида. Впечатокот што го оставил Александар и Македонците во Индија не избледува.

Внукот Александар ми покажува компјутерска игра за Македонската фаланга, Шогунi, самураи, чудни воини, надборци, рицари сите со меч в рака скокаат летаат гинат и толку. Македонците не ги видов.

- Виде ми вели детево, сите игри и филмови во цел свет се прават во духот на Македонската фаланга и неуништивата енергија на Александар. Походите битките на Македонците, друго нема, тоа е идеја адаптирана вистина во цел свет. По нив ги нарекуваат компјутерските игри.

... Беше си биле походи, војска, оружје ...

Легендарни луѓе од Македонија....