Четврток, 16 Август 2012    PDF Печати Е-пошта
Волф Ошлис- голем македонски патриот

01_Volf_Oslis_2_320-001Германскиот македонист и славист Волф Ошлис доби признание „Пријател на Република Македонија“ за неговата поддршка за промоција и афирмација на македонскиот јазик, литература и култура во светот.

Признанието му  го врачи министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска која лично му се заблагодари за неговите заложби.

Ошлис е автор на преводот на „За македонските работи“ од македонски на германски јазик, објавен од „Македоника литера“, во кој има напишано и обемен предговор-студија за Македонија. Германскиот е шести јазик на кој е преведно капиталното дело на Крсте Петков Мисирков, покрај англиски, руски, чешки, грчки и француски јазик.

Ошлис е автор или коавтор  на други книги на македонски јазик, меѓу кои и на штотуку објавената „ГерМакедонија“ посветена на заемните македонско-германски врски. Автор е и на издание од 30-ина страници во кое ја опишува Македонија од сите аспекти. Превел и голем број дела од македонската литература на германски јазик.

01_Volf_Oslis__320-001

- Професорот Ошлис е еден од најголемите пријатели на нашата држава во светот, промотор на македонскиот јазик и на македонската држава. Тој е автор и коавтор на многу дела преку кои се промовира научната вистина за Македонија, македонскиот јазик и државност во светот. Автор е и на првиот учебник по македонски јазик објавен надвор од границите на поранешна Југославија. Ангажманот и поддршката на Ошлис и на останатите научници-лингвисти, чиј интерес се темите кои се во самата срж на македонскиот идентитет, се од особено значење за Република Македонија. Тие се македонски амбасадори во светот, истакна министерката Канческа-Милевска на средбата со Ошлис во Министерството за култура.

- Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател во Македонија.

Јас сум тоа од 1975 година до денес, најчесто како гостин на Семинарот за македонски јазик, литература и култура, но и за други поводи. Како македонист во Германија, мора да бидеш новинар и сестран истражувач. Сега сум пензиониран, но уште имам сила, енергија и прилики да пишувам и да објавувам. Значи, ќе останеме во контакт јас и мојата Македонија, истакна Ошлис по примањето на признанието.

01_Volf_Oslis_3_640-001

Нове Цветановски од „Македоника литера“, издавачот што ги објави „За македонските работи“ на германски и „ГерМакедонија“, рече дека Ошлис е меѓу најактивните македонисти и афирматори на македонската кауза и вистина во светот и еден од најголемите македонски пријатели.

- Книгата на Мисирков тешко се преведува и не е објавена на многу јазици токму поради спецификата. Тоа го може само човек кој добро ги познава двата јазика и културната историја на Република Македонија, како и историскиот контекст кога е создавана таа книга....

Волф Ошлис- голем македонски патриот.

Еден е од ретките кој се бореше за вистината за името на Македонија и, меѓу другото, има одржано прес-конференција во седиштето на Европската унија во Брисел за признавањето на Република Македонија под уставното име, рече Цветановски.

Волф Ошлис (1941) е македонист, славист, политички научник, новинар и експерт за Источна Европа. Работел во Институтот за источнонаучни и меѓународни студии во Келн и на  Универзитетот во Гизен. Денес е публицист за Источна Европа. Континуирано објавува статии посветени на Македонија.

Почесен доктор на науки е на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, добитник на годинашната награда „Духовен воин“, што ја доделува меѓународната манифестација „Македонски духовни конаци“ и ќе биде почесен гостин на претстојните Струшки вечери на поезијата.

 

На прво место

Историја

News image

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПС...

Култура и туризам

News image

ВРЕМЕ Е

Чедомир Б.Шопкиќ

Фељтон

News image

Александар Македонски (62)

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.