|
||
| Мојата Општина, моите луѓе и Јас |
|
Мојата општина Карбинци стана актуелна со законот за Теритојална поделба на Македонија од 1996година.Добивме локална самоуправа, градоначалник, советници, администрација..., но многу мал дел од моите сограѓани беа свесни што точно сме добиле,што загубиле а што доправа треба да очекуваме од овој нов систем на уредување а секако и нов систем на вредности.
Можеби јас во тоа време бев многу млад , полн со идеали и желби, па целата работа ми изгледаше како една шака закоравени комунисти си играат општина, претураат од шупло во празно ги вработуваат своите блиски роднини и пријатели и незнам на кој начин секогаш успеваа да бидат на власт. Тогаш бев гневен на нив. Со иронија и потсмев се однесуваа кон она што е прогресивно а не е од редот на нивната политичка партија. Моите сопартијци за нив беа неписмени ВМРО-вци на кои не им посветуваа никакво внимание бидејки воопшто не стравуваа од нив. Со власта која им беше дадена од народот (или сами си ја зедоа,тоа сеуште е дискутабилно) се однесуваа како да е нивна наследна сопственост, како само да се тие заслужни што сме самостојна единица во денешна самостојна држава. Е тоа најмногу ме фрустрираше. Се сеќавам како низ солзи пред десетина години ги читав пресудите за моите соселани кои после ослобудувањето биле осудувани и прогонувани од комунистите. Ги суделе и убивале само затоа што сакале да се викаат Македонци и да имаат држава што ке се вика Македонија. Тие славни дедовци од Балван, Карбинци, Крупиште и други села од мојата општина не дозволиле таа светлина наречена независна Македонија да згасне и во најтемните денови на комунистичкиот режим. Веројатно единствениот и сеуште жив сведок од тоа време кој е роден во едно од селата во сегашната општина Карбинцие дедо Лазар Петрушев осуден за Македонија. Овој горд 91 годишен старец е жив сведок за плодната револуционерна дејност од овој реон, за идејата за самостојност и сувереност,а и ден денес преставува репер и симбол за истрајноста непокорот на насиот народ. Овој голем човек преживеал осум годишна невидена тортура низ комунистичките затвори а потоа уште 30 години бил следен на секој чекор од страна на УДБА.Зошто! Зошто! Само затоа што сакал да биде Македонец. Затоа што сакал да ја ора својата земја да го посее здравото Македонско семе и да жнее леб. Сакал во нашата црква да ја венча својата невеста и гордо и без страв да ги крсти своите дечиња. Сакал да пее и за арно и за лошо. Сакал без никој да го опоменува и казнува да ги запее Земјо Македонска, Налеј Налеј, Кога падна на Пирина... Простете ми малку се занесов и излегов од темата ама што да правам таков сум, идеалист. Идеологијата ми е најбитна. Веќе нема да зборувам за минатото. Во христијански дух ќе и простам на сите што раководеле со општината и со нејзините ресурси и свесно или несвесно не успеале да ја унапредат. И не само тоа туку и ќе и заблогадарам што успеаја да ја зачуваат нашата административна независност и сеуште постоиме како единица на локална самоуправа. По доаѓањето на власт на СДСМ во 2002г. дојде темен период на сите што беа приврзаници на нашата партија.Период на масовни отпуштања од работа и одмаздување. Во тоа време повеќе од јасно ми беше дека на моите сограѓани многу ќе и помогнам ако успеам да го заживеам невладиниот сектор во општината. Јас и неколку млади луѓе дојдовме на идеја да направиме здружение на граѓани. Во 2005 година го регистриравме здружението (ЗИРУ) Здружение за институционален развој и унапредување на општина Карбинци. И почнавме. На нашиот прв официјален состанок имаше 40-тина млади луѓе од целата општина и за кратко време се зачленија над 90-тина млади луѓе кои припаѓаа на повеќе етникуми и политички партии. Направивме неколку едукативни трибини на разни актуелни теми (сексуално преносливи болести во соработка со нво Хера Скопје, учество на граѓаните во локалната самоуправа со МЦМС и други). Малку време ни требаше да започнеме и со реализација на инфраструктурни проекти. Во соработка со ЗОРС “Алка“ од Скопје направивме еден проект на кој сум посебно горд. Конструиравме пешачка патека (тротоар) на влезот во С.Таринци и ограда на едно школо на нашата општина.Учествуваме на форумот на заедници со МЦМС и на наша идеја се направија три плоштади во три села и мали детски игралишта. Поминавме многу обуки и семинари кои денес многу ни користат. Во меѓувреме рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ растеше како во државата така и во нашата општина. Време беше за сериозна работа. Работата во невладиниот сектор можеби малку ја запоставивме затоа што дојде време за промени. Вистински промени во нашата општина. Сега дојде нашето време. Дојде нова генерација на луѓе што знаат што сакаат и на кој начин да го остварат тоа што го сакаат. Луѓе што знаат да градат а не да рушат. Луѓе што зборуваат на јазик разбирлив за сите жители од општината без разлика дали се христијани или муслимани. Луѓе што имаат одлична конекција со централната власт и подршка од истата за сите работи што се направени или што треба да се направат во иднина.Колку и да добиваме сопки од погореспоменатите регресивни елементи од нашата општина ние се движиме напред. Можеби малку успорени но не и спречени да го реализираме она од што општината има реална потреба. Имаме тим од млади, агресивни и образовани луѓе кои до пред 2 години не биле активни во партијата бидејќи немало вистински лидер и мотиватор за да ја координира и организира нивната работа. Сега состојбата е поинаква. Овие млади луге успејаа во нашата партија да препознаат мотор кој ќе ја придвижи општината кон модернизација, просперитет и комплетно унапредување на условите за живот и работа во истата. Јас како претседател на О.К. Карбинци во изминатите две години со мојот тим имам иницирано и реализирано повеќе проекти во разни свери од општествениот живот. Можеме да се пофалиме и со голем допринос и во развојот на соживотот помеѓу етничките заедници во нашата општина. Сите заедно градиме и ќе градиме патишта, училишта, градинки, водоводи, цркви, џамии. Извршена е реална и непристрасна поделба на државното земјоделско земјиште на населението на кое земјоделието му е единствена професија и од него егзистира. Со афирмација и просротно уредување на археолошките наоѓалишта (нашата општина е можеби најмногу позната по големиот број на вакви наоѓалишта) видно е зголемен и бројот на туристи кој престојуваат на погоре споменатите објекти и на планината Плачковица. Се ова е направено за неполни две години и ова е само почеток и припрема на нашето членство за поголеми и посериозни проекти за кои секако ќе треба поголем ангажман и понапорна работа. Ние не се плашиме од обврски и од напорна работа. Максимално го цениме тоа што народот ни ја дал својата доверба и решени сме истата да ја оправдаме. Кочничари секаде постијат но не се плашиме од нив, а нема и да се правдаме со нив доколку на успееме да го направиме она што сме го ветиле пред граѓаните. Секој наш успех го делиме со народот, се што правиме правиме за нашата општина. Луѓе сме па некогаш и грешиме. Грешките се шамари кој не трезнат и не тераат да се движиме по правиот пат. Тој пат е трнлив и тежок но на тоа сме спремни и тоа не мотивира да одиме чекор по чекор кон нови посветли денови за нашата општина. |