Среда, 20 Јуни 2012    PDF Печати Е-пошта
Средновековните кули во Кочани

Srednovekovna_kula_kocaniСредновековните кули во Кочани најверојатно биле изградени во втората половина на 17 век, кога градот бил под османлиска управа. Влијание во изградбата имала ориенталната архитектура.

Според денешните наоди, во Кочани и неговата блиска околина биле изградени три средновековни кули, од кои две се наоѓаат во градот, распоредени од двата брега на Кочанска река, додека третата е лоцирана во селото Долни Подлог. Тоа биле беговски кули во кои можело да се живее. Всушност, кулите имале станбено-одбранбена функција, а едната се користела како саат кула. Саат кулата денес се наоѓа во непосредна близина на училиштето “Раде Кратовче“ и порано служела за звучно означување на часовите.

Изградени од масивни ѕидови од камен, тие останале како единствени белези од минатото во Кочани, иако со години наназад биле под удар на забот на времето. Во 1957 година, Републичкиот завод за заштита на споменици ги стави под заштита на Закон двете кули во градот.

Средновековната кула која се наоѓа на десниот брег на реката во централното градско подрачје, сместена меѓу станбени згради и е доминанта во просторот со својата височина од 18,5 метри. Со решението за ревитализација, во 1978 година Кочани изврши реновирање, по што кулата повторно може да се користи.
 

На прво место

News image

Никаде во Европа, ниту во светот е забележано полициски сили да опседнуваат седиште на опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Политичкиот прогон врз Груевски се користи и за хајка и притисок против ВМРО-ДПМНЕ...

Историја

News image

Германски историчар објаснува како е фалсификувана грчката историја

Германскиот историчар вели дека историјата е сосема поразлична од онаа што сме ја учеле во училиште,...

Иселеници

News image

Нашинец во Америка ја бојосал фасадата од куќата во боите на македонското знаме

Нашинец во Америка ја бојосал фасадата од куќата во ...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (16)

Со вие  зборови   за   гревот  човечки,   на   арх...

Фељтон

News image

Александар Македонски (57)

Околу мај неговите дипломатски претставници се вратија од оазата во Сивах и извест...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.