Среда, 09 Мај 2012    PDF Печати Е-пошта
Ноќно венчавање во црква

lazaropole-svadbaПо завршувањето на Втората светска војна идеологијата што ја пропагираше и спроведуваше тогашната народна власт спрема црквата беше јасна.

Во првите две-три години беше намалена посетата на верските објекти каде што се проповедаше религијата, а потоа настана чудесен атеизам (неверување во Бога), особено меѓу помладите генерации.

Божјиот храм „Свети Ѓорѓија“ во кој службуваше многупочитуваниот свештеник Стамат Палчески, роден лазоровец, во сите верски празници беше отворен.

Верски литургии се одржуваа редовно, но посетителите од недела во недела, од празник до празник беа се поретки. Постари жители во селото имаше редовно, но млад свет постојано секнуваше. Крштевките на децата, а особено венчавањата, речиси сосема престанаа.

Од тие први години по војната се памети и се раскажува анегдотата кажана од познатиот устабашија на мајсторската тајфа што ја предводеше Дуко Ралкоски и неговиот син Алекса.

Свршувачката, а пред неа и веридбата со неговата избраничка Ифка Васева Буќински била направена по сите лазороски обичаи. На ред била свадбата. Алекса како млад скоевец, постојано го наговарал татка си Дуко свадбата, а особено регистрацијата да се изврши по новите правила, во општината, а не во црквата. Таткото не сакал ни да чуе за тоа. Бил категоричен и му наредил на синот венчавката да се направи во црквата и по сите верски правила и обичаи. Синот морал тоа да го почитува и да му ја исполни желбата на татка си.

Ден пред свадбата биле набавени и донесени во нивниот двор два овна за обилно гоштевање на поканетите. За секој случај, синот Алекса се обидел последен пат да го намоли татка си венчавката со саканата свршеница Ивка да се случи не во црквата, туку во општината. Одговорот на Дука бил категоричен:

-Тино! (Така се викаше неговата сопруга) Оди во тремон и пушти и браовите. Свадба нема да правиме.

Синот Алекса дури тогаш морал  да се повинува на желбата на татка си и да попушти.

Во летото 1949 година, најпрвин беа направени веридбите, а за време на илинденските празници и три свадби: на Марија Ѓиноска и Мојсо Попоски,  Софка (Софија) Алкушоска и Јордан Пелчески и на Цвета Теодосиевска со Методија Долиќоски. Сите три венчавки беа извршени по новиот, веќе установен начин: регистрација  во општината.

Во сеќавање ми е зимата 1950 година. Обилни снегови. Беше Василица Во дворот на Гудароската клуќа, во која живееше нашето семејство јас со моите другари имавме запалено оган. Игравме и скокавме околу него. Ми пријде мајка ми дева, свечено облечена во нашински алишта, ме зеде за рака и повеќе со ишарет ми даде знак дека треба да одиме некаде каде што моите другари не смеат да знаат. Со молчење тргнавме кон Дрозда, го изминавме тесниот и темен сокак што ги дели куќите на Иван Ламбески и брат му Ѓуре. Пред нас беше влезот во црквата. Влеговме внатре, наидовме на малку свет, но сите свечено облечени. Во слабо осветлениот простор ги препознав само учителот Мојсо Попоски, неговата сопруга Марија како и свештеното лице Стамат Палчески, инаку мој вујко. Не чекаа нас како кумови за да почне церемонијата – венчавање.

Татко ми како член на Сојузот на комунистите, не смееше да биде присутен.

И цермонијата почна. За цело време јас држев запалени две големи свеќи. И толку се сеќавам на настанот.

Брачниот пар Марија и Мојсо, иако по свадбата веќе беа регистрирани, сакаа да го овенчаат бракот со венчавање во црква. Се разбира тајно. А им доликуваше тоа да го сторат. Мојсо потекнува од свештеничка лоза, оттаму и презимето. Живеат во среќен брак. Изродија две деца: женско Цветанка и машко Блаже, му го дадоа моето име, името на кумот.

Се се повторува – ќе запише некаде Анте Попоски. Многу години по погоре регистрираното последно венчавање во црквата „Свети Ѓорѓија“ (јас не помнам за друг случај, а можеби има) на 31 август 2010 година во денот од неделата што се вика вторник, игуменот на манастирот „Свети Јован Бигорски“, отец Партение со тројца свештенослужители го обави венчавањето во лазороската црква.

Пред мал број присутни, но затоа многу свечено, со биење на камбаните ги регистрира Роза Митреска од Битола и Димитар Јурукоски жител на Битола, но со лазороско потекло по мајка.

Од книгата „Кажувања од гредана“ од Блаже Смилески, Скопје 2011.
 

На прво место

News image

Полувековно новинарско творештво сублимирано во монографија

Деновиве од печат излезе монографијата „Погледи на времето“ на Киро Кипроски, доајен на маке...

Историја

News image

Македонија со векови била делена, но Македонците опстанале

„Со потпишувањето на Букурешкиот договор, Македонија беше прв пат поделена и оттогаш судбината и е о...

Иселеници

News image

АРХЕОЛОШКИОТ ЛОКАЛИТЕТ „ВЕЛУШКА ТУМБА“ (5)

Поврзаноста на браќата Јановски со родното село е голема. ...

Култура и туризам

News image

Да се знае кога дојде ереј Лазар од Ковачевци во Лесновскиот манастир

Да се знае кога дојде ереј Лазар од Ковачевци во Лесновскиот манастир, во храмот на архистратег Миха...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (43)

МОСИНИКИЈА, МИЗИЈА, ДАРДАНИЈА И ТРОЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.