Среда, 11 Април 2012    PDF Печати Е-пошта
Црква „Св. Димитрија“ - Скопје

 

cudoto-od-sv-dimitrija

Над влезот на северната страна на црквата стои натпис на отворен свиток меѓу ангелски крилја од кој стои:

...„ВО ЧЕСТ НА СВЕТИ ВЕЛИКОМАЧЕНИК ДИМИТРИЈ НА ОВА МЕСТО УШТЕ ВО 16 ВЕК ПО РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО БИЛ ПОДИГНАТ ХРАМ А ОВОЈ Е ИЗГРАДЕН И ОСВЕТЕН ВО 1896 ГОДИНА, СО ИЗРАБОТКА НА ИКОНОСТАС ОД ЗОГРАФОТ ДИМИТРИЈА АНДОНОВ ПАПРАДИШКИ”

Низ вековите се случувале чуда во православието. Петстотини години сме биле под ропство, нашиот народ ја сочувал верата и нацијата, во денешно време заборавивме на Бога, на верата и на моралните вредности на нашата вера, доколку сме со Бога, иако сме мал народ ќе бидеме силни и Бог ќе не чува.

…Верници од цела Македонија доаѓаат во скопската црква Свети Великомаченик Димитрија за да ја видат несекојдневната појава на самопрочистување на фреските.

Црквата Св. Димитрија е православен храм во Скопје, поранешна катедрална црква на Скопската епархија, посветен на великомаченик Димитрија. На нејзиното место имало стар храм, кој постоел уште од 16 век. Во 1727 година „Св. Димитар“ се споменува како катедрална црква.

Таа се наоѓа во близината на Камениот мост, на левата страна на реката Вардар, во Еврејското маало. Црквата е многу стара. Во 1690 год. била напуштена, а од 1886 до 1894 година црквата била обновена и проширена. Црквата била изградена во форма на кораб.

Во дворот на оваа црква сè до 1878 година постоеле и гробишта. Во периодот меѓу двете светски војни постоеле надгробни плочи и остатоци на некогашен гроб. Реони на црквата “Свети Димитрија” биле Дебар маало, Железничка колонија, Тавталиџе и градскиот реон.

Според пишани податоци се знае дека црквата постоела уште во средниот век, во некои периоди била катедрала и дека во неа била сместена Скопската Митрополија и Митрополијата на Пеќката Патријаршија.

Скопската епархија, по укинувањето на Охридската архиепископија во 1767 година, се нашла под директна јурисдикција на грчката Цариградска патријаршија. Во Скопје епархиските архиереи главно биле од грчко потекло, но, сепак, хеленизмот имал слаби позиции. Седиштето на Скопската митрополија се наоѓало во црквата Св. Димитрија. Скопската епархија по 1872 година се нашла во границите на Бугарската егзархија.

Св. Димитрија е една од ретките објекти кој го избегнал палежот на Пиколомини25 октомври1689.

Во неговата припрата се наоѓа гробот на првиот поглавар на обновената автокефална Македонска православна црква, Архиепископот Охридски и Македонскиг.г. Доситеј, а пред неговиот надворешен источен ѕид гробот на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Ангелариј.

Во внатрешноста на црквата има галерија, певница и владичин престол. Црквата е живописана на куполата, на која е претставен Седржителот Христос, како и на нејзините ѕидови.

На западниот ѕид се изобразени „Оплакувањето на Христос” и „Успението на Богородица”. На галеријата над јужната врата е оформена композиција во полу калота на која е насликана сцената “Влегувањето во Ерусалим”, а централното место во втората зона на живописот на јужниот ѕид го зазема сцената „Вознесение Христивo”....

Пратеникот на византискиот двор Теодор Матохит во 1299 година за оваа црква ќе го запише следново:

„Под градската тврдина има и предградие со најубава соборна црква што ја видов во овие краишта”

а патописецот Ами Буе, неколку векови подоцна, односно во периодот меѓу 1836 и 1838 година ќе запише:

„Православните христијани имаат нова и голема црква (се мисли на “Св. Богородица”), и други две помали и постари, од кои едната е посветена на маченикот Димитрија”.

http://www.mn.mk/aktuelno/5967-Nesekojdnevna-pojava-vo-crkvata-Sv-Dimitrija---freskite-sami-se-procistuvaat

 

На прво место

News image

Греко-GRECI на грчки јазик значи крадец и измамник

Да се разбереме една многу важна работа, АНТИЧКИ ХЕЛЕНИ ИЛИ ГРЦИ или држава НЕМА.

Историја

News image

Привремената влада ополнномоштена да ја бара автономијата (12 август 1880 г.)

РОМАНСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН: НА ОПШТО СОБРАНИЕ БИЛО ПОСТАВЕНО ПРАШАЊЕТО ЗА АВТОНОМИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА...

Иселеници

News image

Вистината за Македонија (3)

На многу народи судбина им била историјата, а на Македонци...

Култура и туризам

News image

Во Тресонче не секогаш луѓето подготвувале богато јадење

Во Тресонче не секогаш луѓето подготвувале богато јадење, но тоа што секојдневно се подготвувало пре...

Фељтон

News image

Белезите на македонизмот во гностицизмот (1. дел)

Македонските династии го одржувале својот ред и својата величественост почитувајќи г...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.