Среда, 09 Ноември 2011    PDF Печати Е-пошта
Општина Битола доби награда за Балкански лидер во развојот на културниот туризам
Балканската алијанса на хотелски асоцијации-БАХА на градоначалникот Владимир Талески денеска му ја врачи наградата на БАХА со која општина Битола е прогласена за „Балкански лидер во развојот на културниот туризам“ за 2011 година.

vlade-nagradaОдлуката за ова високо признание на БАХА, Бордот на асоцијацијата ја донел по извршената детална анализа, истражувања и исполнување на предвидените стандарди за развој на културниот туризам. Покрај Битола сериозни кандидати за оваа награда биле и Будва од Црна Гора, Мостар од Босна и Херцеговина и градот Варна од Бугарија, во конкуренција на 10 градови од исто толку држави.

- Нашата мисија е да ги обединиме сите што се занимаваат со туризам, од историјата да направиме културен туризам и од нашите туристички предности и можности да направиме бизнис. Нашето мото е „Обединет Балкан во обединета Европа“ за да не се плашат Вашингтон, Москва, Брисел бидејќи ние се сметаме за дел од глобалната економија, истакна Благој Рагин, претседател на БАХА.

БАХА е членка на Европската и Светската алијанса на хотелски асоцијации. За активностите на БАХА одлучува посебен Борд, а за доделување на посебни награди и признанија ангажира историчари, археолози и експерти од сферата на економијата и туризмот.

- Оваа награда ја добиваме заради посебен однос на општината кон културното наследство. Во иднина комплетниот промотивен материјал за општина Битола ќе го носи знакот на БАХА и тоа ќе ни овозможи развој и презентација на нашиот културен туризам во други држави. Тоа значи дека ова место каде што се вкрстувале многу цивилизации очекуваме да биде магнет за зголемен број туристи од странство за да ги погледнат нашите вредности и културно богатство, истакна градоначалникот Талески.

Денешната свеченост во Битола ја следеше Ивелина Ќучукова менаџер на бугарско-француската агенција „Балканова“ која најави специјална програма за туристичка промоција на Македонија, Албанија и Косово, во која ќе вклучи агенции од Франција, Швајцарија и Италија.

Наградата на БАХА досега ја добиле Охрид и Велико Трново, а Битола е третиот град со вакво одличје.

 

На прво место

Историја

News image

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПС...

Култура и туризам

News image

ВРЕМЕ Е

Чедомир Б.Шопкиќ

Фељтон

News image

Александар Македонски (62)

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.