Среда, 07 Септември 2011    PDF Печати Е-пошта
Манастир „Св.Ѓорѓија“ - Неготино

Манастирот „Св. Ѓорѓија” е изграден од населението на градот Неготино во 1860 год. во месноста наречена Црквиште. Се простира на десната страна на реката Вардар, во близина на автопатот и железничката пруга што ги поврзува Скопје и Солун. Делови од манастирот се проширени и обновени, но оригиналноста на овој историски и религиозен споменик е сеуште сочувана.

sv-gjorgjija-negotino

Манастирот “Св Ѓорѓија” својот празник го слави за време на верскиот празник Мала Богородица (21 септември), а прославата ја започнува на 20 септември со познатата “Манастирска вечер”. Таа е посетена од многу верници и гости. Исто така манастирот празнува и на 6 мај, на празникот Ѓурѓовден. Во последните неколку години со поддршка на локалната самоуправа на општина Неготино и локални донатори изградена е нова камбанерија, потпорен ѕид и направени се неголку други зафати со цел за обновување и разубавување на манастирскиот комплекс.

Конаците на манастирот Св.Ѓорѓија се изградени во 19 век. Истите се целосно реновирани со запазување на старата архитектура. Конаците располагаат со солиден капацитет за сместување на посетители.

sv-gjorgjija-negotino-2

Источната страна претставува лице на објектот. Таа е свртена кон црквата и се наоѓа на издигнато плато од каде што се открива прекрасен поглед на црквата и реката Вардар со околната природа. Конаците можат да бидат искористени како за сместување на туристи во реновираните простории, така и за преноќиште на верници. Исто така во конаците има можност за одржување на различни собири на научни работници, уметници, одржување на колонии, итн.

Црква „Св. Атанасиј”

crkva-sv-atanasij-negotinoЦрквата „Св. Атанасиј” се наоѓа во близина на централното градско подрачје, а е изградена во првата половина на 19 век, во 1837 година.

За време на Втората светска војна, од страна на  бугарскиот окупатор живописот е  премачкан со вар и врз него е направен нов живопис со многу слаб квалитет. Целта на ваквиот потег на окупаторот е асимилација на месното население од Неготино.

Црквата „Св. Атанасиј”  е класична црква за 19 век. Патрон празник е 31 јануари по новиот или 18 јануари по Јулијанскиот календар.

 

На прво место

News image

Никаде во Европа, ниту во светот е забележано полициски сили да опседнуваат седиште на опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Политичкиот прогон врз Груевски се користи и за хајка и притисок против ВМРО-ДПМНЕ...

Историја

News image

Германски историчар објаснува како е фалсификувана грчката историја

Германскиот историчар вели дека историјата е сосема поразлична од онаа што сме ја учеле во училиште,...

Иселеници

News image

Нашинец во Америка ја бојосал фасадата од куќата во боите на македонското знаме

Нашинец во Америка ја бојосал фасадата од куќата во ...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (16)

Со вие  зборови   за   гревот  човечки,   на   арх...

Фељтон

News image

Александар Македонски (57)

Околу мај неговите дипломатски претставници се вратија од оазата во Сивах и извест...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.