Среда, 09 Септември 2009    PDF Печати Е-пошта
Кнежинскиот манастир "Свети Ѓорѓи" Кнежино

knezinoМанастирскиот комплекс "Св. Горѓи" познат како Кнежински манастир, се наоѓа западно од градот Кичево, во непосредна близина на селото Кнежино на падините на планината Бистра, на надморска височина од над 900 метри. Пределот е богат со вегетација, со букова и дабова шума. Некои од дрвата се со повеќе вековна старост. Во манастирскиот двор се наоѓа чешма низ која протекува изворска вода, која народот ја смета за лековита.

Денес манастирскиот комплекс е археолошки локалитет. Кнежинскиот манaстир "Свет Ѓорѓи" и манастирот "Света Богорица Пречиста" во минато и денеска претставуваат значајни споменици во Македонската духовна и историска ризница.

Во колективната меморија на населението од овој крај, во едно предание кое ја отсликува духовната и религиозната состојба, двата манастира ја преземале улогата на водители еден од друг. Кога Кнежинскиот манстир бил разрушен, иконата од манстирот прелетувала во манастирот „Св. Богородица Пречиста" и се враќала назад во Кнежинскиот манастир и на крај преданието вели останала во манастирот "Света Богородица Пречиста".

Наоѓајќи се на крстопат, во западниот дел на Р.Македонија низ историјата ќе ја споделува судбината на населението од овој крај, па така ке ги доживува и своите врвни блесоци и своите падови.

Светоста на манастирот има длабоки корени. Посветен е на Светителот Великомаченик "Свети Ѓорѓи", кој живеел кон крајот на третиот век од новата ера, а по потекло е од Кападокија, Мала Азија. Бил војник со висок чин во војската на римскиот цар Диоклецијан. По вероисповед бил христијанин. Во Дијаклицијоновите прогони на христијаните страда и тој, не сакајќи да се откаже од својата вера. Во христијанскиот свет е познат како Светител кој ги исцелува болестите, ги заштитува луѓето и стоката, воскреснува покојници, чудотворец.

Манастирската црква во основа е ранохристијанска црква со базиликална форма, изградена во 5-6 век од нашата ера со должина од 27-29 м. Ранохристијанската црква ќе биде разурната во непознато време. Делови од нејзината камена пластика ќе бидат вградувани во обновената црква кон крјот на 11-12 век и во другите објекти на манстирскот комплекс. Во ова време кичевската област , a со тоа и Кнежинскиот манастир припаѓале кон Византиското царство, а црквата во Охридската Архиепископија за чија автокефалност дознаваме од историјата на Македонската православна црква.

Манастирскиот комплекс опстојува, односно живее во средновековието се до неговото палење, запустување и рушење, во првата половина на 18 век. Во археолошките истражувања започнати во 1985 година на манастирската црква и некропола (гробишта), а продолжени ВО 1998 година и траат со прекини до денешни дни. Откриените наоди при овие истаржувања: Мозаичниот под во наосот, камената пластика, керамичките плочи, градежни и плочи со натписи, фрескоживописот како и гробната архитектуира и прилозите на покојниците го потврдуваат постоењето на манастирот во хронолошка и културна смисла.

Фрескоживописот на одкриените фрагменти му припаѓа на ранохристијанското сликарство во 5-6 век, од новата ера, на комненовскиот и палеолошкиот период од крајот на 11 и почетокот на 14 век.
Фрескоживописот од палеолошкиот период веројатно е дело на познатите сликари Михаило Астрапа и Ефтихиј и потекнуваат од почетокот на 14 век кога овие области подпаднале под српска власт. Истите сликари се дворски мајстори на српскиот крал Милутин, кои ги сликале неговите задужбини, па од тука можно е да овие двајца сликари работеле на оваа црква како подарок на кралот.

Од гробните конструкции и прилозите на погребаните покојници во нив, може да се види дека некрополата била во долга употреба и да се насети погребувањето на ктитори и богати поединци (белегзии, копчиња, прстен со гема и друго), како и гробни конструкции во кои се погребувани монаси.

Во народната традиција, во преданијата, Кнежинскиот манастир "Свети Ѓорѓи" е поврзан со Китино Кале – средновековниот град Китава околу кој со тек на времето ќе се развие современот град Кичево. Кита во народните преданија била сестра на Крали Марко, живееле во Калето и бранејќи го Кнежинскиот манастир од Муса Кесеџија таа гине.

Манастирскиот комплекс е запален во првата половина на 18 век. Монашкото братство се растура а самиот манастир е препуштен на забот на времето запуштајќи се до срушување. За неговата слава и големина сведочи сеќавањето на христијанското население во овој дел на. Р.Македонија. Манастирскиот комплекс е вратен во живот во 1973 година, кога жителите од селото Кнежино ја градат малата црквичка на зададниот дел на старата црква, а во исто време го градат манастирскиот конак. Најновата црква четврта по ред во манастирскиот комплекс, почна да се гради во 1999 година a во 2007 година на 11 октомври беше осветена. Конакот беше исто така обновен и проширен, црквата и конакот се градени со донации од народот.

Од месец октомври 2007 година Кнежинскот манастир продолжува да живее и да ја остварува својата мисија во христијанскиот свет.
археолог Гордана Димитриоска
 

На прво место

News image

Македонија до 2020 ќе влезе во Православна Европа

Македонија до 2020 ќе влезе во Православна Европа

Историја

News image

Во есента на 1943 година се формира Иницијативен одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ

Воените и политичките успеси во 1943 година го забрзаа развитокот на органите на народната власт, та...

Иселеници

News image

НОВ ПАТ КОН АФИРМАЦИЈА НА МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА

“МОЈАТА ОМИЛЕНА ПРИКАЗНА” И ОД “БУКВА ДО БУКВА АЗБУКА” Н...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (20)

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (20) МОЛИТВЕНИ ТЕКСТОВИ – МОЛИТВА КОН СВЕТА...

Фељтон

News image

Александар Македонски (61)

Александар Македонски (61) КОВАНИТЕ ПАРИ НА АЛЕКСАНДАР ВО АНТИЧКАТА МАКЕДОНСКА ИМПЕ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.