Среда, 20 Јули 2011    PDF Печати Е-пошта
Жетварски обичаи од село Лешко, Горноџумајско

gorna-dzumaja

Жетвата започнува една седмица пред или по Петровден. Обично сакаат да зажнејат на новина (нова месечина) и тоа во понеделник, зашто понеделникот е долг ден, торнико и саботата се кратки (куси) дни. Пред „изгрев с’лнце“ највештиот (највештата) оди на нивата, застанува свртен кон исток, ги зема својот срп и српот од другиот во десната рака, ги фрла преку десното рамо откако ќе го праша другиот „срп ле искаш или крст“. Тој се наведнува ги зема срповите од земјата одговарајќи: „Срп искам, крст неќу.“ Тоа се повторува до три пати. Тоа го вели за да не го боли крстот (половината) за време на жетвата. На третиот пат си го зема српот се прекрстува до три пати и вели: „Ајде Боже, поможе! Си добри часове, тове најдобар, сите на куси магариња, ние на брзи атове.“ Потоа со српот одрежува десет класови, кои ги фрла во насока на неожнеаното жито велејќи: „Како тие класје што летаат, така жетвата да врви брже“, потоа додава: „Леко  лето, Боже помагај и до година сос здраве“, почнува редовно со жетвата откако ќе повторат и другите жетвари: „и до година сос здраве да сме живи.“ Новоприсутниот на жетвата е должен да им честита со зборовите: Аирлија, жетфа“, жетварите му одговараат: „Амин, да си жиф.“

На тој што зажнева, ако го види трудна жена, му отекува десната (односно левата) рака, тогаш велат: дека го фатила болеста „церма“ која може да се излекува од близна жена, ако ја настапи до три пати пред да изгрее сонцето и уште додека не пуштила вода.

При свршувањето на жетвата на последната нива секој си полни една „раколка“ (колку што му збира раката кога жнее) и вели: „П’на рака, п’н амбар“. Последниот откако ќе си ја наполни раколката остава непожнеани десетина класа, кои заедно ги врзува со црвен конец, велејќи: „И до година с’с здраве, ето и на деда Бога брада“. Какво значење има Божјата брада и зашто се остава населението не знае. Едни велат дека ја оставаат да ги чува Бог сеидбите од разни несреќи, но дали е така?

Христо П. Стоилов 1899 година.

 

На прво место

News image

Никола Груевски-Ги повикувам од ОЈО да ги објават јавно доказите против мене

Политичкиот прогон против мене и против многумина од ВМРО-ДПМНЕ продолжува.

Историја

News image

Аристотел избркан од Атина зошто бил пријател на нивниот непријател Александар Македонски

Аристотел избркан од Атина зошто бил пријател на нивниот непријател Александар Македонски

Иселеници

News image

Анализа на ОМД: Од „Конечна Спогодба“ до „Failed State“ во 10 чекори

Десет причини зошто Република Македонија отстапува од си...

Култура и туризам

News image

ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (11)

ЕДЕН ДЕН СО КРАЛИЦА НА ПЕСНАТА  ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА - II ДЕЛ

Фељтон

News image

Александар Македонски (72)

МЕШАЊЕ НА РАЗЛИЧНИТЕ КУЛТУРИ, РЕЛИГИИ И НАЦИИ НА НАРОДИТЕ ОД ЗАПАД И ОД ИСТОК

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.