Среда, 18 Мај 2011    PDF Печати Е-пошта
Манастир „Свети Спиридон“ Злетово

sv-spiridon-zletovo

Женскиот манастир „Свети Спиридон“ кој што е посветен на Светиот Спиридон Чудотворец се наоѓа седум километри од Злетово на патот за новата брана Кнежино покрај Злетовска река во близина на селото Зелениград. Манастирот за првпат се спомнува во 13-от век во лесновски типик. За него се знае многу малку бидејќи нема зачувано пишани записи. Во периодот по втората светска војна целосно бил запустен а денес е обновен и во него има монахињи. Манастирот „Свети Спиридон Чудотворец“ е метох на Лесновскиот манастир и од неговата изградба во 13-от век бил машки манастир но со неговото рушење од страна на турците по неговото возобновување на неговите срушени камен-темелници опстојува како женски манастир. Возобновувањето на женскиот манастир е започнато во 2006 година а во 2007 година е завршено. Во 2008 година е изграден владичкиот конак а првата монахиња е замонашена на 27-ми Август 2007 година. Денес во манастирот има две монахињи и две искушенички. Храмот во манастирот е живописан од страна на Драган Ристески од Охрид и Лазар Лечиќ од Војводина во 2006 година. За Свети Спиридон Чудотворец се знае дека живеел во четвртиот век на островот Кипар од каде што бил и роден. Неговите родители биле прости земјоделци кои одгледувале и добиток а тој самиот во младоста чувал овци. Бил оженет во младоста и имал деца но откако останал вдовец целиот имот го користел за да им помага на бедните и се предал на служба на Бога. Поради неговото особено благочестие бил избран за епископ во кипарскиот град Тримифунт но и за време на неговата служба не го изменил својот прост начин на живеење и околу својата стока и обработката на земјата се грижел лично самиот. За себе многу малку употребувал од стекнатото а поголемиот дел им го раздавал на бедните луѓе. Господ го прославил овој чудесен човек со даровите на чудотворството и прозорливост. Со Божја сила покажал големи чуда: низведел дожд во време на суша, го запрел текот на реката, воскреснал неколку мртовци, го исцелил царот Констанс од тешка болест, ги видел и ги слушнал ангелите Божји, проѕирал во тајните на човечките срца и многумина обратил во вистинската вера. Учествувал на Првиот Вселенски Собор во Никеја и со своето просто но јасно исповедање на верата како и со многубројните можни чуда што ги извршил вратил голем број на еретици во Православието. За неговата појава говори едно предание дека бил облечен толку просто што кога еднаш поканет кај царот сакал да влезе во царскиот дворец а војникот мислејќи дека е некој просјак му удрил шлаканица. Откако Го прославил Бога со многубројни чуда и добро и послужил на Божјата Црква се упокоил во Господ во 348 година. Неговите чудотворни мошти се пренесени од 7-от век во Цариград а во времето на турското освојување биле пренесени на грчкиот остров Крф. Моштите на Свети Спиридон Чудотворец од тогаш до денес се наоѓаат на островот Крф и Го прославуваат Бога со многубројни чуда.

 

На прво место

News image

Никаде во Европа, ниту во светот е забележано полициски сили да опседнуваат седиште на опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Политичкиот прогон врз Груевски се користи и за хајка и притисок против ВМРО-ДПМНЕ...

Историја

News image

Германски историчар објаснува како е фалсификувана грчката историја

Германскиот историчар вели дека историјата е сосема поразлична од онаа што сме ја учеле во училиште,...

Иселеници

News image

Нашинец во Америка ја бојосал фасадата од куќата во боите на македонското знаме

Нашинец во Америка ја бојосал фасадата од куќата во ...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (16)

Со вие  зборови   за   гревот  човечки,   на   арх...

Фељтон

News image

Александар Македонски (57)

Околу мај неговите дипломатски претставници се вратија од оазата во Сивах и извест...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.