Среда, 13 Април 2011    Печати
Знаменити можи во Галичник

mijaci-znameФамилија Томовци

Фамилијата Томовци је една од најпрочуени фамилии во Галичник. Томов татко бил Пејко или Пејчин Ѓиноски. Пејчиница останала млада ушче вдовица и се преможила в комшилок за некој богаташ Пардо. Со себе повела два сина Тома и Марка и не сакајќи да носит презиме по очувот, се завикале едните по Тома, Томовци, а другите по Марка Марковци.

а) Томо Томоски

Томо је роден 1792 или 93 г. а убијен је  покрај Дрим меѓу 1860 и 1862 година. Томовица била од село Могорче, уште кога било сето Рисјанско, а мајка му пак била од село Осој и обете биле од угледни фамилији.

Томо је жртва во борба со Дебрани, зулумќари, шо сакале во теја време, да му наметнет на народот некакви даноци на в’лна, маст, млеко, на жива стока и др. а шо не било во закон и по закон. Томо, не сакаеќи да трпит таква самоволија и такво пљачкање, сам и без никаква подршка од селово, се креват во Стамбол и ја оборил оваја давачка и на дебраните ни пипер в очи не им дал.

Разлутен оштетен и понижен, Туркеш-Леш, кој бил како закупец и таксилдар на овије приходи, потплатил некој малесорец и таке је Томо убијен.

Најзнаменито во животта негова је враќањето на исламизираните од Галичник во рисјанска вера. Које со мило, које со сила, а најповеќе со големо пријателство што го имал со пашите и беговите деборски, се свршило овеја чудо и се вратиле десетина фамилии во својата прадедовска вера. Инаку, сега во Галичник и половина народ ќе беје „Курки“ (погрдно име за нашите исламизирани). Првенец во исламизираните бил некој Бекташ, богат и угледен човек, и да и го придобие него Ѓурчин Кокале и Томо му дале за синовите по една ќерка своја. Покрај овеја им дале и кумство над двајесетина куќи за да им замилијет верава. Из сево овеја се гледат али старите биле не саде големи националисти и челични рисјани, токо биле и глобоки политичари и дипломати. Томо бил доста имашен со стока и пари, а после случај му дошол и да се сторит и мулксајбија (сопственик) на две пасишта на Бистра, а по име на Чукни-топаница и на Пичкарица. (Страмежливите луѓе и сите жени ова пасиште го викает „Женскана“.)

До овије планини Томо је дојден оваке. Кога се ојачала царска власт и кога фатиле да ги притегнувајет бившите одметници, дошол ред да одит на заточение и некоји паши и бегови деборски. Меѓу овије бил и пријателот Томов. При заминувањето пашава сосе фамилија застанал да преноќит во Галичник и пријателот свој Томо ќеаја и при растанувањето од милост и жалост му ’и дават обете планиње селски. Колку му имајет платено тије си знојет. (Ете и за овије планиње потомците Томови водеје дваесет години парница со државава наша и ’и добије пред две години, пошчо потрошије околу нив сума пари за такси и авукати. Речи да ’и платије повторно. Со овеја државава не се покажа ни праведна ни паметна. Али ново време, нови љуѓе, нов морал и нова памет. „Коња јавет млади Арсен, мома му светит“... Томо бил премногу кијрафетлија (личен) и од оружје носел чифт кубури и јатаган. Сејмен не држел ниту други галичани оставил да држит сејмен...

б) Тодор Томоски

Тодор је прв син Томов и роден 1818 година, а умира на 1883 година. Тодорица ја викале Кумрија и била мнука Ѓурчинова Кокале од сина му Дамјана.

Тодор го наследил Дамјана со браќа му Дамјана, Шпира и Арсета. Али сета Томова слава ја зеде Тодор, а нешчо и Арсе. Во една песна што ја имајет испејано за Тодорра се велит да бил „Жимсе Крале“ (мал крал), а за Арсета „Миралаје“ (поковник, командант). Арсе многу годиње беше кожобашија (кмет) во Галичник, а некоје време и анза (член) во межлисот (околиски административен совет во Жерноица).

Тодор ја додржа до крај не само славата Томова токо и богатството негово... Животта Тодорова је исполнета со борба и главата негова непрестано била во опасност.

Али ѕвездата негова беше јака, и тој ’и избегал сите опасности и не даде грб никому. Сите пријателства таткови му во дебор ’и задржа, ’и појача и против него никој не можеше нишчо во тије времиња кога се живеело на пушка.

Тодор беше човек од средна висоочина, али балабанест (плеќест) и како да је излијен. Очи големи и косата и мустаќите меѓу руси и црномурни. Носот му беше многу извијен... Погледот му беше остар и заповеднички. Кротост, насмејување, шака и песна беје далеку од него. В куќи беше неограничен господар, дури и тиранин. Насмејување со жена и деца никако. Тој жена не поведе по себе ни в црков, ни на свадба, ни на гости. Сите му се тресеје в куќи, а и в село го честеје и му се плашеје. Кога поминуваше из село покрај собрани можи, сите му стануваје и му правеје место. Дарежливост и помагање немаше, али заштита давеше кој го замолуваше. Во меѓусебни размирици се ќа беше како ќа пресудешпе Тодор. Свесен беше од честа и власта што ја имаше и многу поти ја злоупотребуваше и си допушчаше неправди и самоволији. Две девојки свршени за другего ’и граби со пушка за синови му. Во Галичник више му се бојее отколи шо го милуваје, и него и неговите. Во теја време симпатијите галички, ’и имале Ажиевци, на чело со Ажи Василка, кој бил човек многу помил и поразбран. Многу поти Тодор не могол без Ажи Василка и заедно со него одел на уќумат....Главно обележје Томово је лично јунаштво. Тодор бил вистина човек од оружје и оружјето не го имат носено саде за салтанатлак. Тој непрестано јавал бинек и никоде не мрднувал без чифт пишчоли деборски, без јатаган и без шејшането негово, што било кусо и широко како топче. Тодор бил и нестреќен да го изгубит татка си, а многу после и сиана си Рафаила. Али и еднијот и другијот ’ и имат јуначки и достојно осветено. Првијот убијец татков му Туркеш-Леша го имат убијено сам со своја рока и со Авметбегова пушка и помош во стред Дебор, пред врата, испраќаеќи гости во рамазанските вечери. Убивајќи го му викнуват: „Ја су син Томов, што враќа крвта таткова ми“, и побегнуват.

По теја убиство фамилијата Туркешоски и пријатели нејзини се дигнале околу шестотини души и дошле во Галичник да и палит куќите Томоски. Едновремено и пријателиве Тодорови Авметбеговци соберивајет тајфа (дружина) околу триста души, одит на бранење и фтасувајет пред напаѓачиве. Тодор гледаеќи али ќа се сторит големо крвопролитије и али может да постарадат цел народ и измолуват Авмет-бега да се тргнет .А Тодор ја соберуват фамилијата и одит в шума, близу до селото да гледат сеир како му горет куќите: Томоска и Маркоска. Се што било повредно душманите дигнале, а другото изгорело.

Не можејќи Тодор да останет во Галичник, се преселил во Крушово, каде шо останал околу две години, а браќава Тодорови се преселиле у Илија Филипоски у сестрава им можена за Илија, и тује се женил и Арсе.

После многу годиње Тодора го најде друга нестреќа. Му го убије сина му Рафаила, му го изгореје бачилото и му отераје 2000 овци,

Тодор не ’и скрсти роцете, токо право в Дебор. Го дигна пашата и сосе паша и со три-четири стотини аскер право во Малесија во село Комес коде булукбашијата на арамијите Махмуд-Даца... Го убивајет него на место и си ја враќаат крвта синова си, а од стоката колку што нашле своја ја соберувајат, а шо останало кусо соберивајет кози, крави, волиња, пушки и кубури и и дотерувајет в село. Ни до тога ни од тога овакво чудо не беше се сторило и тога Малисорциве му ја имајет Тодору испејано песната во која се сласвит како половина крал. Тодор Томе, Жимсе крале, Млати зли Мамут-Даца, итн.

Ушче еден редок пример на негово лично јунаштво.

Два Малесорци го имаје Тодороа на пусија во Бистрица, одејќи на бачило да го убијет. Али Тодор одејеќи секогаш опулен и имајеќи се на ум, ’и видел чекачиве скриени и со пушките кренати и им викнал со голем глас: „Кој сте бре?“, и скокнал од коња и го завртел шејшането на нив. Тије се уплашиле и викајет: „Држ роката, Тодор ќеаја“, а Тодор пак им подвинуват: „Долу пушките“ и тије ’и оборајет и Тодор им ’и земат и си ’и обесуват на бисакот и ’и потеруват Малесорциве пред него назад во Галичник и право на конак на семјените им ’и предават од кодош и дошле и да му кажет на тој шо и пратил да ме убијет. Им подал по една бела межидија бакшиш да го споменувајет. И овеја Тодор го имат направено, Бог да го прости и да му је вечна памет.

Ушче една приказна за Тодорра од која может да се видит каква слобода и колкава духовитост имал Тодор.

Еднуш Тодор шетајеќи из градот со седум-осом дебрани, бегови, а меѓу ним и муфтијата загледувајет едно куче црно коде го нападнале други кучиња, а тога беговите го задирајет Тодора и му велит: „Види, види го удавије попон“, а Тодор на теја ќа им речет: „Шо да чинит сиромав, поп кога му се собрале десет на него, пак и муфтијата со нив“ Овеја го велит за теја дека  меѓу кучињата имало и едно шарено кучиште поголемо. Тога сите ’и обесиле муцките.

Зар сиве овије нешча не обележувајет човека од ретка вредност. И вистина Тодор бил јунак и енергичен мож со кого может Галичник да се пофалит. Бил јаничар, бил кабадахија, ама бил токмо мож.

Тодор имал околу три илјади овци и цело ергеле коњи. Тодор и сам купил една планина (пасиште) – Требишка Рупа и оставил по себе седом синови и седом ќерки, поувеличено име и богатство Томово.

в) Јосе Томоски

Јпсиф (Јосе) Томоски во сешчоје го наследил татка си Тодора и знаметонегово не ’и острамоти.  Од си негови врсници беше посербез, поослободен, куражија, пред никого не са даваше и не се понижуваше. И на Малисори не се покоруваше. Тој на сејмен бачилско кафе и шеќер не даде во цел живот. Али времиња сосе и во сешчо се изменети. Противници ден из ден повеќе. Настана нов дух и нов живот. материјално ослабе, али се до заден час никому не падна не колена. Името Томоско нигде не го поцрне.

Покрај се шо ркеов за Томовци, да кажа ушче една особина нивна. Во Томовци и Марковци владееше голема семејна солидарност. Сите за еден и еден за сите. Меѓу себе има се, али спроти другего сите едно. Каква и да е срамота нивна и од нивни човек, тије ќа је бранеје и покриваје.

И овеја требет да им се пишит во слава зашчо во Галичник семејна солидарност је многу на глас...

Од книгата „Галичник и Мијаците“ од Риста Огњановиќ – Лоноски, Скопје 2004. (Подготви Марко Китевски)