Среда, 02 Февруари 2011    PDF Печати Е-пошта
Црква „Свети Спас“ во Скопје

sveti-spas

Комплексот „Свети Спас“ има повеќе содржини покрај самата црква која е посветена на Вознесението Христово на 40 дена по големиот христијански празник Велигден познат како Спасовден. Црквата „Св. Спас“ е изградена кон крајот на 17-от или почетокот на 18-от век врз остатоци од постар храм изгорен во пожар во 1689 година обновена е во 1828 година. Интересно да се напомена дека во просторот на црквата сочуван е фрагмент на фрескоживопис кој припаѓал токму на таа постарата црква врз чии темели е изграден денешниот храм. Од фрескоживописот се заклучило дека тој припаѓа на крајот на 16-от век, а бил откриен по катастрофалниот земјотрес во 1963 година во Скопје. По фрагментот кој што е пронајден околу 4 метри квадратни голем се претпоставува дека црквата била мала по димензии. Денешната црква „Свети Спас“ е најстарата црква во потесниот скопски регион која е сместена во мирен двор поплочен со стари надгробни плочи и до половина е вкопана во земја. Храмот е длабоко вкопан во земја поради тоа што била градена во периодот кога Македонија била под турско ропство и властите не дозволувале светилиштата да доминираат во просторот. Црквата е скромна однадвор но со раскошна внатрешност. Нејзиниот иконостас е уметничко ремек дело изработен во периодот од 1819 до 1824 во длабока резба во ореово дрво на кој се претставени библиски сцени, геометриски орнаменти и елементи од флората и фауната на Македонија. Во некои од композициите ликовите се дадени во национални носии. Иконостасот е дело на копаничарската тајфа на Петре Филиповски Гарката, неговиот брат Марко и Маракие Фрчковски од Галичник. Иконите на иконостасот се од 19-от век а иконостасот е широк 10 метри а висок 7 метри во централниот дел со елементот Акротерион. Во целост на иконостасот доминира барок стилот има елементи и на рококо. Иако црквата делува дека е мала, таа всушност не е бидејќи е три корабна каде централниот кораб е полуцилиндрично засводен каде има и фрескоживопис изработен во почетокот на 20-от век од Димитрија Андонов Папрадишки. Иконите се сликани во времето кога иконостасот е работен од страна на Дичо Зограф и неговата тајфа изработени до средината на 19-от век. Црквата располага со влез, двор, црква, иконостас, монашка просторија, камбанарија, гробот на Гоце Делчев, Музејот на Гоце Делчев со конаците и помошни простории. Истоимената црква во Скопје постоела уште од средниот век но нејзината локација е непозната. Во центарот на дворот на црквата се наоѓа гробот на македонскиот револуционер, Гоце Делчев. Гробот има форма на ковчег изработен од камен мермер кој што е положен на три помали камени столбчиња кои што ги симболизираат деловите на Македонија во нејзините етнички граници. За моштите на Гоце Делчев се знае дека од 1917 година од селото Баница се преместени во Софија каде се чувале се до втората светска војна кога се преместени во Македонија. Моштите пристигнале во Скопје на 10-ти Октомври 1946 година и на празникот 11-ти Октомври биле свечено положени во камениот ковчег. Музејот посветен на Гоце Делчев е свечено отворен во 1998 година и во него има постојана поставка посветена на животот и револуционерното дело на Делчев. Музејот е поделен на четири тематски целини а значајно да се напомене е оригиналното ковчеџе изработено во резба со кое моштите биле пренесени од Софија во Скопје. Во дворот привлекува поглед дрвената камбанарија која е со необична форма и била изградена по 1913 година. Камбанаријата има три ѕвона од кои на едното ѕвоно има натпис: 1927 по што се претпоставува дека во тој период е изградена и самата камбанарија. Овој храм секојдневно е посетуван како од македонските верници така и од туристи од најразлични делови на светот и ја претставува културата и традицијата на Македонија во право светло.

 

На прво место

News image

Историски белешки за Мијаците

Авторот во овој дел ни дава една добра слика за процесот на албанизација и исламизација во Западна М...

Историја

News image

Македонските Мистерии (Прв дел)

За да се создаде целосна слика на опстојување на древните Македонци низ илјадници години во минатото...

Иселеници

News image

Драмата „Борење со мечка“ ќе се употребува за усовршување на здравствени работници

Минатиот четврток, 14 август, во просториите на Сиднејскат...

Култура и туризам

News image

Великомаченичката Ирена: Првиот христијански маченик од Македонија

Прогоните против христијаните од страна на римската власт, кои започнале во времето на императорот Н...

Фељтон

News image

Фамилии и тајфи од Македонија (3 дел)

Христијанството во своите канони ги презела ритуалите од македонските свечености. По...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.