|
||||
| Промовирана книгата „Македонија во античко време“ |
Историското дело „Македонија во античко време“ од академик Антоније Шкокљев-Дончо, Славе Николовски-Катин и Ристо Стефов денеска беше промовирана во Домот на АРМ.
Николовски-Катин рече дека академик Антоније Шкокљев-Дончо живее во Белград и е поранешен генерал и автор на голем број делa за античка Македонија. Авторот Ристо Стефов е од Торонто, Канада, а по потекло е од Леринско. Автор е на 10-тина дела за Македонија. Тој истакна дека за издавањето на книгата се служеле со повеќе јазици, со англиски и грчки. Издавач на „Македонија во античко време“ е издавачката куќа „Македонска искра“-Скопје. - Нашата цел е оваа книга да оди во рацете на голем број историчари, политичари, претседатели и сите оние кои се интересираат да дознаат повеќе за Македонија. За тие луѓе книгата е бесплатна, рече Николовски-Катин и додаде оти во книгата не се задржале на грчкото прашање. Ристо Стефов изјави дека за книгата „Македонија во античко време“ имал функција на уредник и оти ја превел за поширока читателска публика. Организатори на промоцијата на книгата се Републичкото здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија и книгоиздателството „Македонска искра“-Скопје. |



Авторот Славе Николовски-Катин изјави дека книгата е излезена и на англиски јазик „Macedonia in Antient Times“ и го опфаќа периодот пред Христос до доаѓањето на Римјаните во Македонија. Книгата е поделена на неколку делови, во првиот дел е опфатен историскиот развој на Македонија во античко време, има текст за македонската империја, за војсководецот Александар Македонски, за Филип Втори, се до распадот на македонската империја.























