|
|
Членовите на Културно-уметничкото друштво „Ѓердан“ утре земинуваат за Полска, каде што од 4 до 13 септември ќе учествуваат на Интернационалниот фолклорен фестивал во Зелена Гора.
На фестивалот на кој е најавено учество на 20 фолклорни друштва и ансамбли од целиот свет, охридските играорци ќе имаат повеќе настапи, што според раководителот Методија Баракоски, е резултат на тоа што македонскиот фолклор со колоритот и сложеноста на игрите е посебно атрактивен и затоа добива поголемо значење и минутажа кај организаторите.
Патувањето на 35-те фолклористи кои партиципираат во покривање на трошоците, финансиски го поддржа охриската локална самоуправа.
Најстарото културно уметничко друштво во Охрид, „Ѓердан“, во своето четиридецениско опстојување има настапувано на повеќе од 65 фолклорни фестивали во Европа, успешно презентирајќи ја македонската песна и игра. |