|
||||
| Вилмош Жигмонд добитник на наградата за животно дело „Златна камера 300“ |
Американскиот директор на фотографија со унгарско потекло Вилмош Жигмонд е добитник на наградата за животно дело „Златната камера 300“ на годинашниот 31. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.Одлуката за наградата денеска ја соопштија претставници на Фестивалот и на мобилниот оператор ВИП на прес-конференција во Битола. Жигмонд е впечатлива личност и жива легенда, човек кој досега потпишал околу осумдесет филмови снимени со најеминентните американски и светски режисери.Роден е во 1930 година во Унгарија како син на популарен фудбалер. Студирал филм во Будимпешта, каде што магистрирал кинематографија. Во 1962 година добива американско државјанство. Учествувал во снимањето на повеќе нискобуџетни независни и едукативни филмови сè додека активно не влегол во филмската индустрија. Освен соработките со големите режисерски имиња Роберт Алтман (МекКејб и мисис Милер), Вуди Ален (Мелинда и Мелинда), Брајан де Палма (Црна орхидеја), Мајкл Чимино (Ловец на елени), Стивен Спилберг (Шугарленд експрес), работел и на филмовите режирани од актерите Шон Пен и Џек Николсон. Четири пати бил номиниран за наградата Оскар, а Златната статуетка ја освоил во 1977 година за филмот „Блиски средби од трет вид“ на Стивен Спилберг. Осумдесетгодишниот директор на фотографија ќе биде гостин на 31-то издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола. |



Жигмонд е впечатлива личност и жива легенда, човек кој досега потпишал околу осумдесет филмови снимени со најеминентните американски и светски режисери.























