Среда, 01 Септември 2010    PDF Печати Е-пошта
Манастирот Свети Климент
Единствен манастир со име Свети Климент т.е. единствен манастир што му е посветен на Свети Климент Охридски е на Беличка Планина, Струшко. Манастирот Свети Климент е на 2,5 часа источно од селото Горна Белица, а јужно од Вајтос (Градиште), сместен во прекрасна, блага, питома долина.
gorna-belica-crkva
Според народната меморија, овој манастир го подигнал Свети Климент Охридски. Тој бил и е култ на жителите од блиските населби: Горна Белица, Вевчани, Октиси, Вишни, на Струга и на пошироката околина. И денес верниците од ова подрачје го посетуваат во секоја можна прилика, а особено на неговиот патронен празник (9 август и 8 декември).

Во својот долг век манастирот Свети Климент бил ограбуван и разурнуван од разни освојувачи и од качачко-арамиски банди. Веројатно бил разурнат кога се вршел турскиот попис, па не се споменува во Опширниот пописен дефтер на Охридскиот санџак од 1853 година. Ќе биде возобновен по доселувањето на влашкиот етнос во Горна Белица. Постарите Беличани го помнат последното негово пустошење во времето на окупацијата (1941-1944) од некои муслимани на Октиси. Тогаш од црквата и од другите манастирски објекти бил земен покривот од лим и одведено се што можело да се понесе: врати, прозорци и др. И денес манастирски лим има во Октиси велат беличани.

Црковниот одбор на Горна Белица во последно време презема мерки колку што може да ги санира остатоците од некогашната монументална манастирска црква и камбанаријата. Направен е покрив, извршени се доградби и интериерно вкусно уредена е црквата. Голем зафат е пробивање на патот до манастирот, но тој треба да се асфалтира.

(...)

Од манастирската црква на манастирот Свети Климент што била до 1945 година, нецелосно е сочуван Чесниот крст (Иконостасниот крст, Распетието), една рипида, горен дел од икона на Исус Христос (му се гледа само челото и очите) и седум други икони (се чуваат во црквата Света Петка, меѓу кои и престолната икона Исус Христос). Тие се во лоша состојба. Ако под итно на нив не се изврши конзервирање, наскоро ќе изгубиме драгоцен дел од нашето културно наследство.

Манастирот Свети Климент порано бил богат. Духовниот дел (црквата, конаците, кујната и др.) бил одвоен од стопанскиот дел (амбарите, шталите, кошарите, нивјето) со каменен ѕид. Се влегувало низ голема порта во духовниот дел. Од стопанскиот дел манастирот ја обезбедувал храната за манастирските луѓе и за стоката. На сите посетители им била впечатлива глетката со многубројни овошни дрвја. Иако нивните плодови мали и киселкави, на струшкиот пазар биле барани како лек. Јоне Кленко вели. „Родителите ќе ни купеа и ќе ни речеа: „Касни за здравје“, зашто се сметаше дека тие биле засадени од Свети Климент. И сега единствено кај манастирот Свети Климент има овошни дрвја што цутат во планината.

Конаците и другите објекти се разурнати. Од нив се останати само темелите. Камењата од распаднатите објекти се растурени/ растркалани скоро до кај изворот, кој се наоѓа на 80-метра под манастирот. Од него се служел манастирот. Неговата вода и сега посетителите ја сметаат за лековита. Кај изворот е идеално место за одмор на душата.

Порано изворот бил многу убаво уреден. Тој се наоѓал под покриен објект, еден вид капела, од која и денес се познаваат нејзините темели.

До 1960/61 година се одвивал духовниот живот во манастирот Свети Климент. Во него живееле и делувале монаси, а го опслужувал свештеникот од Горна Белица.

Современиците се сеќаваат на двајцата последни монаси: Гаврил и Саво, и обајцата од фамилијата Ѓоргоновци.
Гаврил (световно име: Коста) Ѓоргоновски бил роден 1848 година. Имал голема желба да оди на Божји Гроб (Ерусалим). За таа цел собрал малку средства, па затоа тргнал пешки кон целта. Одејќи и враќајќи се пешки поминало доста време. Горнобеличани сметале дека Гаврил некаде испуштил душа, но кога се вратил било пријатно изненадувањето. Тој раскажувал за сите свети места што ги посетил (Ерусалим, Божји Гроб, ридот Голгота на кој бил распнат Исус Христос, реката Јордан и др.), но луѓето не му верувале, бидејќи никој од нив не бил во светата земја. Со остварената желба го завршил земниот живот во манастирот Свети Климент околу 1936 година.

Бидејќи монахот Гаврил бил на Божји Гроб, најпознат е како Гаврил Аџија или само Аџијата. Неговиот вечен дом е на јужната страна од манастирската црква. Него го возобнови неговиот внук од брат Перикли Ѓоргон – Перо пред некоја година. Всушност Перикли му дал пари на неговиот братучед Паско Ѓоргон, кој обезбедил материјал и ангажирал мајстори. Првпат трисагија на единствениот сочуван гроб кај манастирот Свети Климент отслужи неговото сепреподобие Вартоломеј, старешина на манастирот Си Свети од селото Лешани, со негово обезбедување од г. Јоне Кленко на 1 мај 2006 г.
 

На прво место

News image

Никаде во Европа, ниту во светот е забележано полициски сили да опседнуваат седиште на опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Политичкиот прогон врз Груевски се користи и за хајка и притисок против ВМРО-ДПМНЕ...

Историја

News image

Германски историчар објаснува како е фалсификувана грчката историја

Германскиот историчар вели дека историјата е сосема поразлична од онаа што сме ја учеле во училиште,...

Иселеници

News image

Нашинец во Америка ја бојосал фасадата од куќата во боите на македонското знаме

Нашинец во Америка ја бојосал фасадата од куќата во ...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (16)

Со вие  зборови   за   гревот  човечки,   на   арх...

Фељтон

News image

Александар Македонски (57)

Околу мај неговите дипломатски претставници се вратија од оазата во Сивах и извест...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.