|
||||
| Меѓународен фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговоски 2010 година“ |
![]() Во чест на големите христијански православни празници „Успение на Пресвета Мајка Богородица - Голема Богородица“ и „Свети Јоаким Осоговски - Чудотворец“ од утре до 28 август во Крива Паланка ќе се одржи 6. традиционален Меѓународен фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговоски 2010 година“. На овој Меѓународен фолклорен кампус на трите фестивалски вечери ќе настапат културно-уметнички фолклорни друштва од Беликесир, Турција, КУД „Лаза Нанчиќ“ од Вршац, Србија, Танцов ансамбл „Пауталија“ од Ќустендил и „Дупница 2000“ од Дупница, Бугарија, како и ГФА „Овчеполец“ од Свети Николе, КУД „Копачка“ од Делчево, КУД „Китка“ од Ораовица, „Фолклорни бисери“ од Скопје и домаќините „Распеани паланчани“, КУД „Карпош“ и КУД „8 Октомври“. Концертите од трите фестивалски вечери ќе се одржат на Градскиот плоштад „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка. Генерален спонзор на 6. традиционален Меѓународен фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски 2010 година“ е „Кадоро ОТТО ДООЕЛ експорт-импорт“ од Крива Паланка со поддршка на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, Министерството за култура, општина Крива Паланка и градоначалникот Арсенчо Алексовски. |




























