|
||
| ИСТОРИСКАТА ПОСВЕТЕНОСТ НА ПРЕСВЕТА ДЕВА МАРИЈА ВО ПРЕСПА (6) |
|
ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА ЗА МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО СЛИВНИЦА ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА-АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН Баба Планина, заедно со Националниот парк „Пелистер” се наоѓа на јужниот дел од Република Македонија и, како член на Родопскиот ситем, ја претставува најјужната планина која има алпински карактеристики. За национален парк, уште на просторите на поранешна Југославија, „Пелитер” е прогласен на 30 ноември 1948 година. Со тоа се зголемува неговото значење во севкупната историја на македонската држава. Основниот феномен на „Пелистер” е петоигличестиот бор молика, реликт од терциерот и балкански ендемит, кој е откриен од страна на австрискиот ботаничар Гризебах во 1839 година. Пелистеровиот масив е испресечен со бројни живописни планински реки, но, посебно атрактивни се двете глечерски езера, Големо и Мало, наречени „пелистерски очи”. Вегетацијата на „Пелистер” има специфично ботаничко значење и претставува природен реткост. Тука растат 88 видови дрвенети растенија, класифицирани во 23 фамилии. Планинската вегетација на „Пелистер” се расчленува на повеќе растителни асоцијации. Од областа на дивата фауна на „Пелистер” живеат 62 вида животни, меѓу кои се издвојуваат: еленот, срната, дивокозата, дивата свиња, мечката, рисот, зајакот, волкот. Инаку, Баба Планина е најпозната по Пелистерските Очи кои се леднички езера и кои се лоцирани на висините на Пелистер. Тие се две на број и се нарекуваат уште и Големо и Мало Езеро. Од страната на Битола, до езерата може да се стигне од две страни по две одлично обележани планинарски патеки. Исто така има и неколку планински патеки кои водат од повеќе места на Баба Планина кон Преспа и Преспанското Езеро. Така, едена патека води кон Аевати и Крани и последната која ја поврзува Битола со Долна Преспа. Тоа е патот кој води од двете пелистерски езера преку Баба Планина кон селото Брајчино, а од таму кон Љубојно и Долна Преспа. Инаку, често се вели дека Претор и Сливница кои се наоѓа на падинините на Баба Планина, под врвот Пелистер, а на самото Преспанско Езеро се раскрсница меѓу Горна и Долна Преспа. Тие заедно со Отешево се едни од значајните домашни туристички места во кои вратите секогаш се отворени за сите туристи, посетители и намерници. Претор и Сливница се познати туристички места во Македонија со своите летувалишта, песочните плажи, угостителските објекти и бројните викенд куќи. Неколку стотици викед куќи се нанижани од местото каде постоеше некогашната Пумпата за вадење вода за наводнување на Преспанското Поле се’ до атарот на селото Сливница, во подножјето на намастирот „Света Мала Богородица“ во Сливница.
Големото Езеро на Баба Планина Исто така, денес летовалиштата Претор и Сливница може да се пофалат со бројните ресторани кои се нанижани како преспански гердан покрај Преспанското Езеро и во кои убавите и богати софри се надоплнуваат со надалеку познатиот преспански крап и нивичката белвица (позната како циронка). Затоа, многумина велат дека овие летовалишта со своите песочни плажи и убават храна се рај за одмор на душата. Воздухот и тишината, се чини прочистуваат од корен и ги поттикниваат посетителите повторно да дојдат во Преспа. Инаку, Претор е археолошки локалитет во Преспа кој претставува населба од доцноантичко време. Локалитетот се наоѓа источно од селото, на просторот што се протега до атарот на селото Курбиново. Откриените остатоци од римски вили и некрополи во Претор, чие име се совпаѓа со седиште на управител на Римска провинција, зборуваат дека се работи исклучиво за античка населба, со која Преспа треба да се гордее. Тука е пронајден редок примерок на плочка, еден од само трите пронајдени примероци во целиот свет, посветен на култот на античката малоазиска божица МА, мајката на природата и боговите, од некогашната римска провинција Кападокија. Исто така е најдена и една апликација од држалка на сад со претстава на човечка маска. Во два објекта има остатоци од системи за затоплување - хипокаусти изведени од кружни керамички плочки, а откриен е и под со мозаик. Сите овие наоди се чуваат во Музејската збирка во Ресен и во Музејот во Охрид. На ова локација постојат траги и на средновековна населба за што најдобар пример е црквата „Свети Сава“ од 14 век. Од неа посебно е заштитена иконата на Свети Јован Крстител, која е презентирана на повеќе светски изложби. Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН |